Фан Клуб: Интер

  • Креатор на темата Креатор на темата Адриано
  • Време на започнување Време на започнување
Статус
Затворена за нови мислења.
Составот кој играше со Милан ќе игра, не очекувам никаква измена.
 
Зошто не го фалите Ето :(

:( Никаде не е спомнат
ок ок не биди тажен! Ето изигра добро иако цела утакмица беше фаулиран од страна на противниците! сеуште не е комплетно навикнат на италијанскиот начин на игра( читај груб) но докажа дека е светски играч со потегот на натпреварот. единствено што му недостасува е да ги користи повеќе лактите во дуелите и да збира заби позади него:smir:!
 
Ајде ајде, победа за нас :).

Пак сме се мачеле како што гледам, но сепак победивме, тоа е најважно. Браво за Ето, маестрален гол, исто како и Милито, хаха како на шала му го даде голот, одлично чуство за гол има Диего. Снајдер немаше среќа да постигне гол, но ќе даде во скоро време, можеби во вторник xD. Балотели flop :/

Forza Inter !!!
 
Ајде ајде, победа за нас :).

Пак сме се мачеле како што гледам, но сепак победивме, тоа е најважно. Браво за Ето, маестрален гол, исто како и Милито, хаха како на шала му го даде голот, одлично чуство за гол има Диего. Снајдер немаше среќа да постигне гол, но ќе даде во скоро време, можеби во вторник xD. Балотели flop :/

Forza Inter !!!

Не играме во вторник туку во среда:smir:
 
Ставив опција за споделување на facebook, долу кај коментарите. Бидете добри и споделувајте ги новите информации за да привлечеме повеќе луѓе на сајтот.

Thanks :smir:
 
Не играме во вторник туку во среда:smir:

Фалааа :back:

П.С. Дечки вака сега, кој е загреан за заедно да се собереме и да ја гледаме Интер-Барса во среда? Времето се знае, локација ќе одбереме нешто Син ќе препорача и така.

Значи може да се пријавувате, па ако се собере солиден број, ќе навиваме заедно
:)
 
Фалааа :back:

П.С. Дечки вака сега, кој е загреан за заедно да се собереме и да ја гледаме Интер-Барса во среда? Времето се знае, локација ќе одбереме нешто Син ќе препорача и така.

Значи може да се пријавувате, па ако се собере солиден број, ќе навиваме заедно
:)

За во Скопје ти е муабетот или некој друг град?
 
За Скопје нормално...
Ние во велес имаме екипа! за дербито се собравме 14 денеска 6(поради обврски имавме отсутни) ама за со Барса очекуваме минимум 20 па бујрум кој сакате!
 
Ајде ајде, победа за нас :).

Пак сме се мачеле како што гледам, но сепак победивме, тоа е најважно. Браво за Ето, маестрален гол, исто како и Милито, хаха како на шала му го даде голот, одлично чуство за гол има Диего. Снајдер немаше среќа да постигне гол, но ќе даде во скоро време, можеби во вторник xD. Балотели flop :/

Forza Inter !!!
Aj бараше '' рецензија '', ради аватаров мој ке ја добиеш :) .

За луѓе што не го гледале мечот, ко тебе, муабетот е Интер се мачеле со оглед на тоа кога го дадоа првиот гол, за оние со ист став а истите го гледале овој меч, тогаш нека дадат одговор на следниве прашања :
-Колку директни удари упати Парма кон голот на Цезар ?
-Аналаогно на истово, колку пати Цезар интервенираше, односно, направи т.н. '' парада '' ?
-Кога Парма ја имаше својата прва шанса, односно, полушанса ? . . . и тн и тн .
-И истиве прашања, поставете ги во обратна насока, за Интер .

Интер овој пат имаше проблем со реализацијата, односно '' проблем '' зашто сепак мечот се игра 90 минути + 3,4 а Интер постигнаа 2 гола . Денес дефакто само една екипа играше во текот на целиот натпревар, Снајдер во првиод дел имаше топ шанса за него, ко пенал за овој играч, одлично интервенираше голманот на Парма, потоа следеше и супер шансата на Милито кој промаши цел гол на метро од голот, па онаа шанса на Ето кога од мртов агол многу лошо реагираше .

Второто полувреме почна со исто темпо за Интер со тоа што екипата ја промени формацијата од 4-3-1-2 во 4-3-3 со Балотели во нападот на местото на Мота . Искрено, многу подобро вака функционираше екипата, т.е. делуваше каде-каде помоќно и само прашање на време беше кога ке паднеше првиот гол . Со тројца универзалци и креативци во напад плус Снајди Интер делуваше феноменално, едноставно овој тим на Парма не е кадарен да се спротистави на таков Интер, доказ за тоа беше начинот на кој тимот доаѓаше до шанси иако пред нив уште фалеше и тимскиот автобус на Парма, па апла да е очигледна нивната намера денес . Лошите и пред се аматерски потези на Балотели и Милито па и Снајди беа причина што резултатот беше сеуште 0-0 но не за долго, не по ремек делото на Ето, пас од Балотели, прв допир со лева изместува играч, втор потег ГОЛ, мајсторија .

Е сега очекував нешто слично ко со Бари, односно дека ке нападнат и Интер ке има проблеми во одбранта, иако знаев дека Мур овој пат не ја направи истата грешка кога веќе ги имаше искористено сите измени, до првиот гол имаше направено две, го извади денес лошиот и нервозен Мота кој имаше жолт, влезе Супер Марио, и го имаше извадено Виеира кој исто така имаше жолт ( играше добро според мене ) и влезе Мунтари .
Но овој пат добиваме демант од Интер, навикнати сме најверојатно да се повлечат по водство и да препуштат целосно посед на топка за противниците но сега добиваме нешто друго, резултатот се бранеше со напад, Снајди повторно се најде во супер шанса и овој пат реагираше условно кажано подобро од првата во вториот дел, имаше супер идеа али лоша реализација .
Многу паметна одлука на Мур, по влегувањето на Божинов го уфрли, Ало Ало Рене на местото на Снајди, дечкото ептен, али оноа ептен во стилот на игра, спор, '' мрзлив '' со убитачен пас и прегледност на игра ме потсеќа на Пирло и Дакурт од времето во Лидс, детето учествуваше во акцијата за вториот гол, каде Балотели по една успешна контра го пронајде Милито кој изреагира доста смирено, интелигентно, и без проблеми го постигна вториот гол во овој натпверар, и не издемантира сите кои очекуваа ова да биде еден лош ден за овој играч .

Друга работа, ОДБРАНАТА, Лусио, у ПМ бре никад не била вака цврста, 90 минути Цезар да биде без интервенција, противникот да не создава шанси е навистина голема реткост кога Интер се во прашање .

Би одвоил и неколку поединци, Маикон, машина јеботе, не дека имаше феноменална утакмица, али два пати свитка иста нога, два пати имаше болна гримаса направено на лицето и сите помисливме дечково иде на месец дена аут, он 90 минути ни пружа борбеност и игра со срце за овој тим . Снајди, уфф колку вреди овој човек, знае со шут да пробие одбрана, не греши во пасови и е клучна алка во овој тим на Интер, денес влезе и во 3 супер шанси кои за негова несреќа не успеа да ги реализира . Ето денес беше под своето ниво се до постигнатиот гол, со оглед на значењето на истиот, еден од најдобрите денес дефинитивно, исто и Милито, за разлика од Ето влезе во доста шанси али многу лошо изигра во завршницата на истите, се до голот и за него ке важеше оноа " лош ден '' али по истиот, дефактно еден од подобрите денес . За man of the match би го стаил Лусио, најдобра негова партија од кога е дојден во Интер .

п.с. Балотели бил лош ? При голот на Ето кој асистираше ? При голот на Милито кој асистираше ? Кој влезе во две 100% шанси ? Нека не ве лаже катастрофалната реализација, тинејџеров горенаведеното го направи за '' само '' 45 минути игра . Секоја чест !
 
Статус
Затворена за нови мислења.

Kajgana Shop

Back
На врв Bottom