Можиш да кажиш што сакаш барем според мене. Тоа со фан клуб Барселона што го кажа и истото што го повторуваат останатите како тебе ми е на исто ниво како оние од Јуве кога велат ако не беше Калчополи немаше титула да видите. Но што да правам морам да ве трпам.
Инаку, што ќе биде од овој фан клуб ако сите имаме исто мислење? Нели смеам јас да мислам поинаку? Нели постојат други мислења од тие вашите? Или мислите ако сте повеќе со такви мислења вашето е точно? Грешка брат, голема грешка..
Скраја да е ако сите имаат исто мислење на форумов, моето зачленување овде и постирање на почетокот, наиде на многу контра ставови на дел од членовите тука, со Меаца '' парче '' се правевме и повеќе им бев ко анти-фан на Интер зашто имаше огромна доза на, според нив песимизам во моите постови, а според мене реалност и објективност .
Проблемот бар мој кај тебе ми е што звучиш како да едвај чекаш Интер да почне да губи наредна сезона, да заостанува во борбата за Скудетото, да нема успех во ЛШ и слично . Ај, и имењаков твој тука, Ibrakadabra, даде мислење дека без Ибра тешко дека ке освојат Скудето, т.е. сигурен е дека нема али бар се надева дека во истото ке биде демантиран .
Мене стварно ми е чудно како можеш да веруваш во тотален неуспех кога дефакто Интер во моментов имаат најдобра одбрана во Италија со еден од најдобрите голмани моментално во Свет, со најдобриот десен бек во Свет, со Лусио кој е стандарден во Бразил и кој владее со нивната одбрана години наназад, плус Киву, Самуел, Кордоба,Занети и Сантон . Тргаме од средина, каде игра Камби ( вчера го владееше Рони, плус асистираше за првиот гол ) и за кој имам кажано дека е у топ 5 деструктивци во тим и еден од најдобрите по Ибра минатата сезона, тука се Мота ( заедно со Милито најдобрите во Џенова минатата сезона ), Мунтари ( знаеш и самиот како изигра дечкото лани, поготово во дерби средбите со Јуве ), Хлеб
*( играч кој факт е дека со своите игри го привлече вниманието на Барса, и играч кој факт е дека не се вклопи во тој систем на Пеп но хеј, тоа не е причина да кажеме дека е лош играч зашто ипак таму беа Иниеста. Чави, Меси и Анри, преголема конкуренција за само ЕДНА сезона ), тука е Керлон ко алтернатива, Дејо ко алтернатива, Мансини, Кварезма ( сеуште не го отпишуваме ) плус парите добиени од Ибра за добар плејмејкер .
За нападот, Ето, кој факт е дека со Ибра се најдобрите напаѓачи во денешницата, факт е дека лани беше број 1 на своја позиција и факт е дека не се губи во ЛШ . Милито исто, докажан каде и да игра, и тоа за условно кажано слаби екипи, заедно со Ето ке бидат страшен тандем, зашто и двајцата имаат голема брзина, и двајцата се универзални и вонсериски играчи, и самиот знаеш дека такви двајца во нападот реметат противничка одбрана ко од шала, а знаеш какви се истите во Италија . Плус Балотели, еден од најперспективните напаѓачи и во Италија, и во Светот според многу стручњаци . . . Балотели - Ето - Милито е моментално напад број 1 во Италија, тука никој не може да ме демантира .
И на крај, Мурињо како тренер, типот кој смени цел тактички систем и ги изостави двете најавувани големи засилувања сред сезона, истиот тој тип на крај пак беше број 1 со својот тим во Италија, во сите статистики, не само по поени и предност пред конкурентите, предност од цели 10 бода .
Единствен ''проблем'' според мене е пак, средината, но и таа е значително подобрена, Хлеб е играч за кој реков, пред 2 сезони импресионираше во Арсенал и го привлече вниманието на една Барса, едната година неиграње таму во конкуренција на едни од најдобрите играчи за среден ред не е причина бар за мене да кажеме дека тоа е лош играч . Сеуште има простор за докажување, како што на пример Камбијасо истиот тој простор го немаше во Реал, а го доби во Интер . Се надевам дека и Керлон ке добие шанса и ке биде овогодинешното откритие на Мур за Интер, и онака се навикнавме веќе 2 сезони да излага по еден добар млад играч во Интер, пред 2 сезони Балотели, лани Сантон .
И друга работа заборавате а Мурињо на крајот од сезоната силно ја потенцираше за успех на сите фронтови, клупата за резервни играчи, место на кое Интер е убедливо најдобар во Италија со убедливо најдобри алтернативи за првотимците .
Јас простор за песимизам, или еве, објективни ставови за неуспеси на Интер не гледам . Запамти, Милан и Јуве создаваат шампионски тим и тргаат од разлика во квалитет од цели 10 бода, Интер истиот тим веќе го има, со тоа што од наредна сезона ( без Ибра со Ето ) пак се скалило погоре од она што беа пред почетокот на ланската .
Сеа за Ибра, реков и ке повторам, Ибра и вака и така ке заминеше, ако не оваа сезона друже, ондак наредна со сигурност, самиот Раиола вчера кажа дека Ибра му рекол за Барса уште пред цела една година
With the Swede’s agent Mino Raiola reportedly declaring that Ibra had been thinking about Barcelona for over a year
факт е дека и на емисија на Еуроспорт се изјасни за одење во Барса, и самиот знаеш дека ваков играч кога си заминува, прави озонска дупка во тимот, и самиот знаеш дека единствена опција и алтернатива по неговото заминување во моментов е Ето и само Ето, ако одовлекуваа уште година дена, Ето ке отидеше кај Сити или некои трети што се расфрлаат со пари, а Ибра ке заминеше во Барса за 70 милиони евра а Интер со истите пари ке купеше некои трети '' анонимуси '' кој ке беа под нивото на Ето, Ибра, Руни . . . и тн . Затоа упорно дробам, во овој случај, Морати не ја ус*а работата, како што тоа го направи на пример со Роналдо .
* - доколку се реализира неговото доаѓање
п.с. Некој праша кој ке биде следниот меч на Интер, мислам дека е со Монако во Монте Карло, ке се борат за Пирели трофејот, само точна дата незнам .
п.п.с. И минатата сезона реков, и оваа ке се повторам, со кој памет бе велите продавање на Дејо, кога е еден од малкуте кој секогаш го дава максимумот на терен, кога е играч кој лани беше пред продажба, играч кој прво беше игран ко dmc па префрлен на позиција amc и играч без кој Интер минатата сезона беше очаен ( пример, мечот со Аталанта гости ) . Не зезајте, добар е на повеќе позиции во средината и предобар ко алтернатива во моментов, затоа Мурињо сеуште смета на него и ке смета во иднина, не е случајно неговото присуство тука, башка, вчера кој асистираше за вториот гол ?