Io Sono Interista
The original, one and only IoSono.
- Член од
- 21 декември 2007
- Мислења
- 29.148
- Поени од реакции
- 62.514
ако фановите на барса толку го фалат ето зошто тогаш сакат ибро да оди кај нив а ето кај нас?
зделката не е готова додека не видам на интер.ит дотогаш сонувајте со фотошоп за ибра!
Од повеќе причини:
Прво, Ибра е подобар играч, самата цена го покажува тоа.
Второ, по налетот на Реал Мадрид, фановите на Барса се очајни да купат мега-ѕвезда, за покрај другото и да ја подигнат атмосферата кај нив. Онаа во Мадрид е еуфорична.
Трето релациите помеѓу Ето и управата, односно тренерот на Барселона се заладени, што исто така влијае на атмосферата во тимот.
Тоа се работите кои одат во прилог на Барса.
Работите кои одат во прилог на Интер се:
Добиваме 40 милиони евра
Добиваме квалитетен играч во нашиот (неинвентивен и на моменти туп) среден ред,
Добиваме напаѓач од светска класа кој освоил се и сешто, а има тотално различни карактеристики од оние на Златан. За ова последново доволна е изјавата на капитенот Занети:
„Ето и Милито? Можам само да кажам дека тоа е луда куќа. Такво напаѓачко дуо ми изгледа страшно убиствено и од таа перспектива одма гарантирам дека Ибрахимовиќ нема да ни недостигна.“
Ова не е најкоректниот превод, ама во тој стил беше.
Во меѓувреме Гвардиола изјави дека не смета повеќе на Ето, Златан изјави (не на твитер :pos2
дека сака да игра со Меси и дека ќе игра и за помала плата, а агентот на Ето ќе преговара со Интер вечерва или најдоцна утре. Се на се, секој ден сме поблиску до реализација. Некои ќе речат за жал, некои за среќа. Но работите стојат така во моментов...

