Фан Клуб: Интер

  • Креатор на темата Креатор на темата Адриано
  • Време на започнување Време на започнување
Статус
Затворена за нови мислења.
И да беше платеник, а не е(сите знаеме за видеото каде што ги има Роналдо и знаменца од Интер во детска соба) ќе останеше. Дури има Интер шанса за трофеј, ќе остане во Милано. Кога Интер ќе престане со доминацијата во Италија, а тоа најверојатно ќе се случи следната година ако Интер значително не се засили во овој преоден рок, Ибрахимович очекувам да замине во некој друг тим кој би можел да конкурира за трофеј во ЛШ. Истата ситуација се има повторувано безброј пати во фудбалската историја, а најсвежа и прва на памет ми доаѓа ситуацијата со Анри. Колку и да беа добри Арсенал во Англија, колку и да доминираа сепак им фалеше нешто, нешто плус за да успеат и во Европа. Кога играа во финалето со Барселона беа на чекор до сонот на секој играч, но не успеаја. Арсенал не беше доволно амбициозен а французинот беше толку гладен за успех на нова сцена, па затоа Анри веќе истата сезона си замина. Истата ситуација очекувам да се случи и со протагонистов наш...
Не е до парите, кажа и Морати, а еве ти кажувам и јас. Баш од тие што најмалку очекував да подлегнат на медиумскиот притисок, баш тие подлегнавте. Ајде бидете радосни што не можат да не симнат од првото место, не туку глумете патетики.

Точно е тоа што го каживаш дека реално е да побара заминување доколку не освоиме ЛШ. Но начинот на кој го кажува тоа е многу погрешен.

Шпекулацијата за незадоволство на Ибра кружи уште пред дуелот со Јунајтед. Излезе неговиот агент и отворена кажа дека Златан е заинтересиран за преселба во Шпанија бидејќи таму ќе можел да даде 40 погодоци.

Сите беа насочени кон дуелот со Јунајтед и надмурувањата помеѓу Мурињо и Ферги па никој не обрна посерозно внимание на изјавите кој Раиола ги даде два дена по ред прво за медиуми од Италија а после од Шпанија.

Веднаш по елиминацијат до Јунајтед повторно шпекулациите добиа медиумска пажња и беа сервирани како ударни а Ибра како и секој нормален можеше да ги смири и да каже останувам а не ’ќе ја разгледам ситуацијата летосла’.

Сите играчи што сакаат да заминат од некој клуб а имаат пошување и почит кон истиот молчат се до последен момент.

јас отидов на спиење позз до сите вие продолжете со добрата дискусија
 
ибрахимович за разлика од ето е напаѓач кој сака да се врати поназад во играта и да ја земе во свој раце што некогаш му успева(кога постигнува гол од голема дистанца или кога прави асистенција за гол) значи Ибрахимович во Интер го потполнува местото на креативен и офанзивен плеј мејкер кое очигледно недостасува на Интер и притоа добро си ја врши работата во нападот, може да се каже дека тој ви потполнува во тимот две улоги(креатор на играта, а притоа и најдобар голгетер) доколку отиде во Барселона а ви го земете Ето не сте ја завршиле целата работа, повторно ќе ви биде потребен некој како Диего(пример)
:smir:
 
пари и да сака не може да добие ..... кажав погоре и зошто , конкурентен тим ќе добие и во интер зошто со овој тим тешко дека ќе имаме шанса за било каков трофеј следната сезона.
И НЕ ИДЕ ВО БАРСЕЛОНА
 
Абре има вести т.с. интервјуа на веб страната на Интер и дел од нив јас ви преведувам овде.. ама вие изгледа или не читате или слаба ви е меморијата.. Па сите кажаа повеќе пати.. случајот на Ибра не се работи за Пари.. не сака пари тој.. тој сака конкурентен тим.. тим кој ќе му овозможи да ја освои лигата на шампионите.. и после Ѕун овде пишуваш Ибра промашил олку шанси, а пред неколку недели ти беше тој кој рече немаме тим за лига на шампиони! Да не си близнак во хороскоп?
Каква врска има моето мислење за тимот со промашувањата на Ибра . Јас и тогаш напоменав, не треба никој да се обвини за тој пораз, и сеуште стојам на истото но ако веќе сите овде го величите Ибра, човекот кој го одбира вистинскиот момент за нарушување на атмосверата во тимот ( секоја чест за истото ), тогаш ај да кажеме нешто и за она во што истиот потфрли сезонава . Јас во ниеден момент не го обвинив Ибра дека тој е причината за неуспехот оваа година во ЛШ . Ако беа поминати Јунајтед, ке застанеа кај некои трети, едностанво немаат конкурентна средина за тоа натпреварување .

И дај, преку ташак од Ибра, ко да читам некои дечиња кои навиваат за играч а не за тим . И убаво реков, ке барате нечија трета вина за неговите промашувања и ке го вртите муабетот во друга насока ( се гледа дека Мур е тренер на тимот за кој навивате ), иако сите сте свесни дека во натпревар од ЛШ една до две прилики се многу, поготово во дуел со Светски и Европски првак, исто и со Ливерпул минатата година, кога излезе сам пред Реина, па промаши . :smir:
Си има проблем со самодовербата во ЛШ и тоа е, на крајот на краиштата имаше бе супер средина во Јуве, супер партер во нападот, не го поставувам прашањето што не освои ЛШ со нив, го поставувам прашањето што не постигна гол во нокаут фазата со нив .


Многу глупа логика, Интер губи многу ако замине Златан, не бе, убаво си кажа Морати, демек некој му гарантира дека ке има вистински избор за освојување на ЛШ, абе така мислеше и Анри, па сеуште ако не се лажам нема освоено титула со Барселона . :smir:

А Интер, не бе, нема шанса нешто да изгуби, не со ваков тренер кој има одврзани раце при изборот на нови засилувања и кој веќе има скроено план за наредната сезона . Ако некој се заебе во оваа ситуација, тоа ќе е Ибра, не Интер, се надевам дека нема да стигне потврда за истово, зашто сепак сакам да остане и наредната сезона тука, али ако продолжи со ваквото арогантно и деструктивно понашање за тимот, Curva Nord ќе е таа која ке сака да си замине, не само јас иако ни тој филм нема да го гледаме, доволно е паметен Мурињо, знае кон што водат ваквите ситуации па сигурен сум дека ке превземе нешто за одржување на супер атмосферата во тимот .

А кога сме кај тимската атмосфера, ваквите работи можат само деструктивно да и влијаат, али вашата заслепеност кон Ибра си го прави своето па и тоа не успеавте да го доловите . . . . Forza Ibra, Ibra per Sempre, Pazza Ibra Amala, Ce sollo l' Ibra per noi . . . . каде е Интер во муабетов бе ?! Ова знаете на што ме потсеќа, на Манчио, само што он беше директен, рече нема да биде тренер наредната сезона, а овој другиов ни кажува дека не е сигурен за својата иднина . . . . абе имаш златно лето за таков муабет, прво крени го скудетото, после терај си по свое, ако мислиш дека си незаменлив, имаш егоманијакални проблеми, иако некои се заебале па те третираат за Бог на Интер а си светлосни години далеку од истото. :nenene:

p.s. Не беше Ибра тој кој пред мечот со Лече ( 600тиот меч на Занети во дресот на Интер ) лани изјави дека сака да го достигне овој рекорд на Занети со Интер . . . . . али шо да правам јас што вие уживате во неговата очигледа лицемерност, како бе немаше некој паметен новинар и за време на неговиот последен прес да му го поставеше ова прашање т.е. да го потсетеше на таа негова изјава, да го укопа во земја, да го засрами.
 
Јак штик ако си замини ибра!!! 100 милиони од него,и плус 100тче од Морати, и ако сака витвиделија нека фати. Со 200 милиони...:toe:вие рачунајте шо се прај,шо има јас да рачунам...


Еве вејче ако рачунам јас,Агуеро,Чави и Рибери и Бруно Алвеш....
 
И нападов според тебе Агуеро ќе го прави се она што го прави Златко? Агуеро со своите 150 цм и 20 тина години? :uvo:
Мислам дека историјата се повторува, а ние не ги научивме грешките..
Замина Роналдо, ќе замини и Златко.. ние ќе останеме да се тешиме дека така требало да биди.. За да имало мир и спокојство во тимот.. Атмосфера.. и незнам уште што..
 
Мурињо сака да го намали бројот на играчи во интер и да ја подобри младинската школа за повеќе таленти да излеваат како сантон и балотели.
негова цел не била освојување на две титули во 1 сезона и да си замине туку да го направи интер најсилниот тим на светот со најдобра младинска школа што ке просперира во идните години.
исто така изјавува дека нема апсолутно никакви шанси да си замине оваа година!
http://www.goal.com/en/news/10/italy/2009/03/25/1173961/jose-mourinho-makes-inter-demands
ете го линкот!

9201.jpg
 
Интер за другата сезона!!

И последната изјава на Гоал, како и на Интер веб страната потврдуваат дека Мурињо повеќе не сака да си има работа со 29 фудбалери како во овој момент во Интер. Па си реков да разгледам што има и што планира да прави Жозе, иако се надевам ќе бидам приближно блиску до неговите планови, бидејќи точните не му ги знаеме, ги знае само Морати. Сепак она што знаеме, односно идеален тим со кој сака да работи Мурињо, тоа се 20 играчи + 3 голмани односно 23 фудбалери.

Во моментов Интер ги има следните фудбалери:

Голмани: Хулио Цезар, Франческо Толдо, Паоло Орландони
- што се однесува за голманите мислам дека нема да има никакви промени, ќе останат овие тројца и за наредната сезона.

Одбрана: Иван Кордоба, Марко Матераци, Максвел, Маикон, Валтер Самуел, Кристијан Чиву, Николас Бурдисо, Нелсон Ривас, Андреа Меи, Давиде Сантон.
- Од оваа одбрана сум сигурен дека четворица ќе ги гледаме во наредната сезона. Самуел, Маикон, Сантон и младинецот Андреа Меи кој веќе е префрлен и тренира со првиот тим, односно Мурињо започна со подмладувањето. За Максвел исто така сум сигурен дека ќе си замине. По него би требало да следува Ривас, кој веќе направи неколку фатални грешки кои кај Мурињо не се простуваат, а во прилог на неговото заминување оди и фактот што тој не е Италијанец, мислам дека нема потреба да го зафаќа местото на странец. Николас Бурдисо, цело време оспоруван и кај Манчини и кај Мурињо, но многу пати ставен во првата постава, особено на оние поневажни натпревари, односно со послаб противник, за него не можам да предвидам дали Мурињо ќе се реши да го продава или ќе остави на клупата играч кој никогаш нема да се буни поради тоа што е резерва. Мое мислење за овој фудбалер е 50-50 дека ќе си оди односно остани. Друг за кој исто така не сум сигурен е Кристијан Чиву. Доста добар, искусен, но негов проблем се повредите, а знаејќи го Мурињо што направи со Робен во Челзи кој исто така беше добар, но го продаде бидејќи лесно се повредуваше, стварно не знам што ќе биде со овој фудбалер. Сепак се работи за универзален, кој може да игра во одбрана како централен и лев бек, исто така и во средината. Мое мислење 60-40 дека ќе остане. Иван Кордоба и Марко Матераци, за овие двајца имав копирано еден текст од Романска Веб страна која пишува за Интер, кои тврдеа дека ќе му биде кажано да не очекуваат првотимски статус, а тоа го забележавме и ние оваа сезона, кога беа спремни Чиву и Самуел нон стоп играа заедно, Кордоба беше на клупата, дури и еден Ривас доби предност во дуелот со Манчестер, за Матераци да не и зборувам, ја помина скоро цела сезона на клупата, тој има веќе 35 години, Кордоба е доста низок, мислам дека и двајцата ќе одлучат сами да заминат, за Матераци сум сигурен, тој ќе сака да игра, доаѓа наредната година светско првенство. Кордоба можеби и ќе остане како резервен фудбалер.

Среден ред: Дејан Станкович, Патрик Виеира, Естебан Камбиасо, Хавиер Занети, Амантино Манчини, Рикардо Кваресма, Мунтари, Франческо Болцони, Луис Хименез, Луис Фиго.
- од овие фудбалери сигурен сум во останувањето на Занети, Камбиасо кој го продолжи договорот до 2014, Станкович, Мунтари и Франческо Болцони. Рикардо Кваресма дефинитивно ќе биде продаден и ќе загубиме некои 10 тина милиони на него, Фиго ја завршува кариерата, мислам дека и Хименез исто така ќе биде продаден, како и Патрик Виеира, кого ми се смачи веќе да го гледам како зема годишно 5 милиони евра, а седи на клупата! Едноставно не сум сигурен за Манчини, Жозе го купи за формација 4-3-3, последната утакмица играше доста добро, додека се повреди и излезе, стварно не знам што ќе биде со овој фудбалер, знам дека Реал Мадрид го бараа бидејќи тие имаат само едно крило и ако биде ставен на трансфер листата овој веднаш ќе биде продаден, во тоа не се сомневам.

Напад: Златан Ибрахимович, Адриано, Хулио Круз, Хернан Креспо, Марио Балотели, Виктор Обиња.
- обично нападот на секој тим се состои четири фудбалери, зборувам за тим кој игра со двајца напаѓачи, ние имаме шест. Убеден сум дека и наредната сезона ќе останат Ибрахимович, Адриано и Балотели. Убеден сум дека ќе си одат Круз и Креспо. Исто така мислам дека ќе си замине и Обиња.

Можни комбинации: За одбраната мое мислење е дека ќе биде доведен еден добар фудбалер кој игра со десната нога, кој ќе биде партнер во одбраната заедно со Самуел. Во зависност од ситуацијата со Чиву, дали Мурињо ќе се реши да го остави или не, ќе биде доведен уште еден, но мислам дека ќе остане, заедно со Бурдисо на клупата.
Што се однесува за средниот ред таму мислам дека ни се потребни миниум двајца фудбалери, мислам дека Мурињо нема два пати да ризикува со формацијата 4-3-3, што значи овој пат одиме на купување на еден плеј мејкер и секако уште најмалку еден фудбалер, па ако сакате и двајца.
За нападот покрај овие тројца мислам дека нема да биде купен никој друг, туку едноставно ќе биде вратен Аквафрешка од екипата на Каљари во Интер. Со него ќе имаме добри четири фудбалери. Во прилог на тоа оди што тој е и Италијанец.

Мој конечен заклучок е дека парите кои ќе бидат добиени како буџет за наредната сезона и парите кои ќе бидат добиени од продажбата на фудбалери ќе одат за купување на еден фудбалер од одбраната и неколку фудбалери од средината на теренот. Спомнат беше Бруно Алвес од Порто во одбраната, додека од средината има повеќе имиња како Диего, Хамшик, Рибери, Силва, Оби Микел, Аквилани, Паломбо, Гокан Инлер, Ибрахим Афелај...

Останува да видиме што ќе се случи. Се надевам ви го задржав вниманието. :smir:
 
абе пред некое време сите го баравте агуеро да сме го купеле.јас мислам дека доколку ги земеме хамшик и диего нема потреба од друг напајѓач.оти ибра ќе дреми в 16етник и заедно со другио напајќач ке шибаат голови .а не сега исто ко со еден шпиц да играме оти овај ибра повеке асистира одколку голови да гледа да дај
 
Од двај ве дочитав , многу прашина кренавте околу Ибра , и неговото одење . Ке напишам по 9 причини според мене зошто Ибра нема да си оди , и што ке изгубиме ако евентуално замине:


  1. Зема 12 милиони
  2. Одличен однос со Мурињо
  3. Одличен однос со управа , со соиграчи и со претседател
  4. Мурињо го смета за најдобар играч на светов
  5. Мурињо потврди дека останува во Интер и следнава сезона, со него останува и Ибра
  6. Интер почнува одново , т.е Мурињо најувава дека ке го прероди Интер.
  7. Лидер е во нападот , и нема да седни на клупа никогаш
  8. Иднината на Ибра е во Интер​
  9. Нема да работи со подобар тренер од Мурињо
Неколку работи што ке ги изгубиме или нема да ги гледаме евентуално ако замине Ибра:


  1. Скок игра
  2. Голови од голема далечина
  3. Голови од слободни
  4. Атрактивна игра
  5. Вонземјански потези
  6. Техника
  7. Реализација
  8. Асистенции
  9. Докажан напагач во Сериа А
Од сето ова заклучив дека Ибра не оди никаде :toe:

Засилувања кој сакам да дојдат : На прво место Диего , млад , брз , техничар и докажан плејмејкер , на второ место Есиен , борбен , силен , зрел докажан играч во средина и добар во одбрана по потреба , на трето место Агуеро млад , брз , техничар , сличен стил на Меси и четврто одбранбен.

За одење : Креспо , Круз ( Балотели да ја добие 9ката) , Виеира , Фиго под пензија , Хименез , Матераци , Ривас , Кваресма (евентуална замена и доплата за Есиен) Oбина позајмица и Бурдисо.

Вака би изгледал составот што го сакам јас :

-------------------Цезар-------------------

Маикон---Киву-----Самуел---Сантон

Есиен---------Камбиасо--------Занети

------------------Диего--------------------

----------Ибра----------Агуеро-----------

Клупа: Толдо, нов одбранбен , Станкович , Мунтари ,Мансини, Балотели и Адриано

Се двоумев околу Сантон и Максвел , се повеќе се пишува дека Макс ке си оди , и дека ке си го одкупил договорот и затоа Сантон го ставив , Кордоба не сакам да си оди дека е долго во Интер , ама и неможам да го сместам во првите 11 , дека и Мурињо мислам не го сака толку.
 
abe po moe mislejne ni trebaat dvajca klasa igra4i za sreden red!!!
 
Агуеро преговара со Интер



Во текот на следните 48 часа ќе се знае каква ќе биде фудбалската иднина на Серхио Агуеро, поточно дали Аргентинецот по Атлетико Мадрид ќе ја продолжи кариерата во милански Интер.
Тоа го тврдат италијанските дневници кои аргентинскиот напаѓач се почесто го преселуваат во Италија.
Агуеро е на мета на бројни европски великани, но се тврди дека контактите меѓу неговиот агент и водечкиот тим во италијанското првенство веќе се воспоставени.
И расплетот на целата ситуација набрзо треба да се знае, бидејќи Хозе Сегуи, човекот задолжен за кариерата на Агуеро веќе е најавен во канцеларијата на Интер, на состанок со претседателот Масимо Морати.
Сето ова може да води кон конечен прекин на соработката на Златан Ибрахимовиќ и Интер.
Познато е дека за услугите на шведскиот напаѓач заинтересирани се голем број европски гиганти, а и Морати вчера изјави дека е подготвен да го пушти за сто милиони евра.
За Агуеро би требало да плати 40 милиони евра помалку.


- Oва е превземено од а1.com, истата информација проструи и на fcinternews т.е., таму пишуваше дека преговорите со Агуеро почнале да земаат замав . :toe:


На forzainternews, излезе и изјава на Риола, агентот на Ибра, кој рече дека Ибрахимович нејке да си замине од Интер, така да се поизвесно е дека наредната година Ибра ке има соодветен партнер во нападот, плус со засилувањата од средниот ред Интер и дефинитивно ке биде еден од конкурентите за ЛШ .

п.с. Мансини ке отсуствува од терените месец дена, денес истото е потврдено .
 
Агуеро преговара со Интер



Во текот на следните 48 часа ќе се знае каква ќе биде фудбалската иднина на Серхио Агуеро, поточно дали Аргентинецот по Атлетико Мадрид ќе ја продолжи кариерата во милански Интер.
Тоа го тврдат италијанските дневници кои аргентинскиот напаѓач се почесто го преселуваат во Италија.
Агуеро е на мета на бројни европски великани, но се тврди дека контактите меѓу неговиот агент и водечкиот тим во италијанското првенство веќе се воспоставени.
И расплетот на целата ситуација набрзо треба да се знае, бидејќи Хозе Сегуи, човекот задолжен за кариерата на Агуеро веќе е најавен во канцеларијата на Интер, на состанок со претседателот Масимо Морати.
Сето ова може да води кон конечен прекин на соработката на Златан Ибрахимовиќ и Интер.
Познато е дека за услугите на шведскиот напаѓач заинтересирани се голем број европски гиганти, а и Морати вчера изјави дека е подготвен да го пушти за сто милиони евра.
За Агуеро би требало да плати 40 милиони евра помалку.


- Oва е превземено од а1.com, истата информација проструи и на fcinternews т.е., таму пишуваше дека преговорите со Агуеро почнале да земаат замав . :toe:


На forzainternews, излезе и изјава на Риола, агентот на Ибра, кој рече дека Ибрахимович нејке да си замине од Интер, така да се поизвесно е дека наредната година Ибра ке има соодветен партнер во нападот, плус со засилувањата од средниот ред Интер и дефинитивно ке биде еден од конкурентите за ЛШ .

п.с. Мансини ке отсуствува од терените месец дена, денес истото е потврдено .

Агентот на Агуеро веќе негираше дека бил или пак ќе оди на состанок со Морати. Бил во Торино а не во Милано :tapp:

Според профилот на играчи кои ги бара Мурињо незнам дали ќе дојде Агуеро. Жозе бара играч кој без проблеми може да работи како платен војник во слободно време:pos2: па затоа мислам дека листата треба да се заокружи на Дрогба и Милито. Дај боже да дојде Агуеро да да добиеме малку на брзина и креативност ама порди малата висина незнам дали Мурињо ќе се реши на еден ваков потег.
 
Останува да видиме што ќе се случи. Се надевам ви го задржав вниманието. :smir:

Браво. Секоја чест за тесктов, добро си го разработил Интер и Мурињо, и моето мислење оди во оваа насока.
 
Ibracadabra убаво си ја разработил трансфер политиката но си го заборавил можеби најзначајниот фактор.
Ако Интер сака следната сезона да остане компетентен за Сериа А и да ја освои ЛШ(или барем финале) треба многу многу да се уигра оваа екипа составена од евентуално новите засилувања и тие што ке останат.
без разлика колку е добар мурињо и колку ке траат подготовките сепак кога се прави ремонт таков на цела екипа тогаш најмалце 2 години треба да се вежба.
Сметам дека најпрвен Морати нема да дозволи толкава промена и губење на статусот први во сериа А во последните 5 години.

сепак ние овде сме само да коментираме а морати и мурињо што кројат само они си знаат:smir:
 
Статус
Затворена за нови мислења.

Kajgana Shop

Back
На врв Bottom