Интер за другата сезона!!
И последната изјава на Гоал, како и на Интер веб страната потврдуваат дека Мурињо повеќе не сака да си има работа со 29 фудбалери како во овој момент во Интер. Па си реков да разгледам што има и што планира да прави Жозе, иако се надевам ќе бидам приближно блиску до неговите планови, бидејќи точните не му ги знаеме, ги знае само Морати. Сепак она што знаеме, односно идеален тим со кој сака да работи Мурињо, тоа се 20 играчи + 3 голмани односно 23 фудбалери.
Во моментов Интер ги има следните фудбалери:
Голмани: Хулио Цезар, Франческо Толдо, Паоло Орландони
- што се однесува за голманите мислам дека нема да има никакви промени, ќе останат овие тројца и за наредната сезона.
Одбрана: Иван Кордоба, Марко Матераци, Максвел, Маикон, Валтер Самуел, Кристијан Чиву, Николас Бурдисо, Нелсон Ривас, Андреа Меи, Давиде Сантон.
- Од оваа одбрана сум сигурен дека четворица ќе ги гледаме во наредната сезона. Самуел, Маикон, Сантон и младинецот Андреа Меи кој веќе е префрлен и тренира со првиот тим, односно Мурињо започна со подмладувањето. За Максвел исто така сум сигурен дека ќе си замине. По него би требало да следува Ривас, кој веќе направи неколку фатални грешки кои кај Мурињо не се простуваат, а во прилог на неговото заминување оди и фактот што тој не е Италијанец, мислам дека нема потреба да го зафаќа местото на странец. Николас Бурдисо, цело време оспоруван и кај Манчини и кај Мурињо, но многу пати ставен во првата постава, особено на оние поневажни натпревари, односно со послаб противник, за него не можам да предвидам дали Мурињо ќе се реши да го продава или ќе остави на клупата играч кој никогаш нема да се буни поради тоа што е резерва. Мое мислење за овој фудбалер е 50-50 дека ќе си оди односно остани. Друг за кој исто така не сум сигурен е Кристијан Чиву. Доста добар, искусен, но негов проблем се повредите, а знаејќи го Мурињо што направи со Робен во Челзи кој исто така беше добар, но го продаде бидејќи лесно се повредуваше, стварно не знам што ќе биде со овој фудбалер. Сепак се работи за универзален, кој може да игра во одбрана како централен и лев бек, исто така и во средината. Мое мислење 60-40 дека ќе остане. Иван Кордоба и Марко Матераци, за овие двајца имав копирано еден текст од Романска Веб страна која пишува за Интер, кои тврдеа дека ќе му биде кажано да не очекуваат првотимски статус, а тоа го забележавме и ние оваа сезона, кога беа спремни Чиву и Самуел нон стоп играа заедно, Кордоба беше на клупата, дури и еден Ривас доби предност во дуелот со Манчестер, за Матераци да не и зборувам, ја помина скоро цела сезона на клупата, тој има веќе 35 години, Кордоба е доста низок, мислам дека и двајцата ќе одлучат сами да заминат, за Матераци сум сигурен, тој ќе сака да игра, доаѓа наредната година светско првенство. Кордоба можеби и ќе остане како резервен фудбалер.
Среден ред: Дејан Станкович, Патрик Виеира, Естебан Камбиасо, Хавиер Занети, Амантино Манчини, Рикардо Кваресма, Мунтари, Франческо Болцони, Луис Хименез, Луис Фиго.
- од овие фудбалери сигурен сум во останувањето на Занети, Камбиасо кој го продолжи договорот до 2014, Станкович, Мунтари и Франческо Болцони. Рикардо Кваресма дефинитивно ќе биде продаден и ќе загубиме некои 10 тина милиони на него, Фиго ја завршува кариерата, мислам дека и Хименез исто така ќе биде продаден, како и Патрик Виеира, кого ми се смачи веќе да го гледам како зема годишно 5 милиони евра, а седи на клупата! Едноставно не сум сигурен за Манчини, Жозе го купи за формација 4-3-3, последната утакмица играше доста добро, додека се повреди и излезе, стварно не знам што ќе биде со овој фудбалер, знам дека Реал Мадрид го бараа бидејќи тие имаат само едно крило и ако биде ставен на трансфер листата овој веднаш ќе биде продаден, во тоа не се сомневам.
Напад: Златан Ибрахимович, Адриано, Хулио Круз, Хернан Креспо, Марио Балотели, Виктор Обиња.
- обично нападот на секој тим се состои четири фудбалери, зборувам за тим кој игра со двајца напаѓачи, ние имаме шест. Убеден сум дека и наредната сезона ќе останат Ибрахимович, Адриано и Балотели. Убеден сум дека ќе си одат Круз и Креспо. Исто така мислам дека ќе си замине и Обиња.
Можни комбинации: За одбраната мое мислење е дека ќе биде доведен еден добар фудбалер кој игра со десната нога, кој ќе биде партнер во одбраната заедно со Самуел. Во зависност од ситуацијата со Чиву, дали Мурињо ќе се реши да го остави или не, ќе биде доведен уште еден, но мислам дека ќе остане, заедно со Бурдисо на клупата.
Што се однесува за средниот ред таму мислам дека ни се потребни миниум двајца фудбалери, мислам дека Мурињо нема два пати да ризикува со формацијата 4-3-3, што значи овој пат одиме на купување на еден плеј мејкер и секако уште најмалку еден фудбалер, па ако сакате и двајца.
За нападот покрај овие тројца мислам дека нема да биде купен никој друг, туку едноставно ќе биде вратен Аквафрешка од екипата на Каљари во Интер. Со него ќе имаме добри четири фудбалери. Во прилог на тоа оди што тој е и Италијанец.
Мој конечен заклучок е дека парите кои ќе бидат добиени како буџет за наредната сезона и парите кои ќе бидат добиени од продажбата на фудбалери ќе одат за купување на еден фудбалер од одбраната и неколку фудбалери од средината на теренот. Спомнат беше Бруно Алвес од Порто во одбраната, додека од средината има повеќе имиња како Диего, Хамшик, Рибери, Силва, Оби Микел, Аквилани, Паломбо, Гокан Инлер, Ибрахим Афелај...
Останува да видиме што ќе се случи. Се надевам ви го задржав вниманието. :smir: