поздрав за специјалниот со специјалнава песна!
Што очекувавте со овој тим, т.е. со оваа средина во ЛШ, дај реално малце да гледаме на работите, уште пред сезоната да почне реков, оваа година претешко ке е за ЛШ но би бил задоволен бар со 1/2 финаче но сепак, налетаа на светски и европски првак, и тим кој во моментов има подобар состав од Интер, факт .
Ајде за овој меч, гледам сите се согласуваме за едно, немаме поголеми замерки за играчите, тренерот и играта . Јунајтед изиграа доволно за да победат на домашен терен, среќата на овој меч беше за нијанса повеќе на нивна страна, но се на се со првиот меч, заслужено одат понатака .
Имав кажано и пред некој ден, од тројната врска, одбрана - средина - напад, Интер во делот средина е најслаб, не дека има лоши играчи, нема офанзивни играчи, нема креативни играчи и нема организатор на играта . Средината е најсилен фрагмент од цел тим, таа диктира дали тимот ке игра дефанзивно или офанзивно, а со овој играчки кадар во истата, само една варијанта преостанува .
Нема потреба од критики за Мурињо, или некој да бара да си отиде, Сколс, Гигс, Рио, Руни, Оуши па и Роналдо еве, се доста долго време заедно во овој тим, создадена е една јака врска тренер - играчи и тоа е уште еден ОГРОМЕН плус за оваа јака екипа .
Мурињо е тука неполна година, наредниот трансфер период е од огромно значење за екипата, за реконструкциите во истата и убеден сум дека овој тим ке застане на едно ново повисоко скалило со останатите фудбалски гиганти. Мур доживеа многу проблеми оваа година, смени цел формат на игра, во истата немаше место за засилувањата за кои сите сметаа дека ке играат клучна улога оваа година, игра со истиот тим од лани . . . удрете доза реалност во постовите, или убедени сте дека Камби - Мунтари - Занети - Станкович можат против Кристијано Роналдо, Гигс, Руни, Меси, Чави, Иниеста . . . . не бе, не оваа година, затоа и не сум разочаран зашто доволно добро го познавам овој тим и овие играчи, знам кои се нивните можности оваа година, а истите велат одбрана на Скудетото
приоритет, и 1/4 до 1/2 финале во ЛШ, Купот никогаш не влагал во моја перцепција така да не сум го коментирал, не го коментирам и нема ни да го коментирам . :smir:
Грешката не е направена во овој меч со Јунајтед, нц, истата е направена во фазата од групи, во мечевите со Анартозис гости, и Вердер, Панатинајкос дома.

Али тогаш моравме да с'ркаме од анемичната 4-3-3 која беше тргната од употреба по последниот меч со Вердер, т.е. тој период започнаа со новиот тактички систем а мечот со Вердер беше искористен за испробување на некои нови замисли со Мансини и Кварезма во истата .
Со оглед дека најблиските конкуренти сезонава испаднаа од Еврокуповите, штета за нив што и Интер сега 100% ке се концентрира на Скудетото, факт е дека доколку продолжеа понатака, ке имаше калкулации во составот пред мечевите од понатамошните фази .
п.с. Честитки за фановите на Јунајтед, пак ке повторам заслужено се пласираа во понатамошната фаза . Нејкам да типувам за победник на ЛШ, од денес па до крајот на ова натпреварување неутрално ке го следам ова натпреварување и се надевам ке победи најдобриот . :smir: