_The Great_
Il Genio
- Член од
- 18 јуни 2008
- Мислења
- 5.955
- Поени од реакции
- 3.318
Манипулацијата беше толку успешна, што изминатите два дена не се зборуваше за ништо друго. Тие не зборуваа за Рома која има одлични играчи, играчи кои јас ги посакувам тука, кои ке ја завршат сезоната со 0 титули! Тие не зборуваа за Милан кој ке ја заврши сезоната исто така со 0 титули, кој во своите редови има играчи со победничка култура, кои имаат се за да освојуваат и победуваат. Исто така не зборуваа за Јувентус кој освои многу бодови на судиските грешки! Ако Раниери и Спалети се заедно, тогаш јас сум со Зенга, Дел Нери и Прандели бидејки сите тројца изгубија бодови на сметка на Јувентус, и јас сум со Марино и Новелино кои ке играат против Јувентус наредниот викенд! Ако јас бев на местото на Марино и Новелино, ке беше подобро воопшто да не играм, или да играм со вториот тим. Којзнае, можеби е подобро за Интер да не игра утре или наредниот викенд, бидејки оние кои зборуваа за Балотели го предвидоа и денот за наредниот скандал дека се наближува.. а тоа е интелектуална манипулација!!
Секоја чест, само напред Мур. Сега ќе се појави некој деген во весник со наслов Hey Mou, show some respect :tv: