Дечки, едно не ми е јасно...
Ги читав сите дебати и препукувања во вашиов форум, од чиста намера да видам до каде ќе ја терате и како ќе ја сведете дебатата околу вашиот моментален Идол, а некогашен наш "Mercenario" и гледам, сеуште сте поделени...
Па, без никаква провокација кон никој од вас сите, искрено, само сакав да ве прашам неколку прашања:
1. Како можевте да заборавите притоа на сите други, кои се подеднакво заслужни за трофеите последниве 4 сезони, поготово на играчи од класата на Maicon, кој скоро ако не секој 2-ор, секој 3-ет гол на Ibra му го има наместено - директно или идиректно,(а сега тој тоа го кажува и јавно и ви го плеска во лице тоа, не е тоа дека сака да си оди, туку напротив - сака да остане, само осетил дека Вие не го почитувате и не ги почитувате и другите еднакво, и сега си го бара тоа што го заслужува!); на Cambiasso, кој сетете се само колку пати се има жртвувано и себе и позицијата на која игра за тимот; на Cordoba, вашиот играч со срце, како само можевте да заборавите на Zanneti и да го ставите Ibra пред вашиот Капитен сиве овие години и најзаслужен за духот и менталитетот на играчите, внатре во тимот а посебно на терен...???
Се знае кој треба да се идеализира - се разбира оној кој секогаш стоел во одбрана на своите колеги, кој влегувал во кавги со тренерот во нивна заштита, сите знаете за кој ви зборувам...
2. Како дозволивте да се доведовте во ситуација, за играч - сопствените ставови и сопствената љубов кон клубот да ја ставите под прашалник, за подоцна да ја докажувате и правдате...???
Еј, кога од скоро 11 мил. луѓе (инаку Bianconeri), Ibra (меѓу другите), едногласно и без никакво двоумење беше прогласен за предавник на Јуве, (да не зборам за агентот Raiola и неговата репутација и пазарл'к со играчи) зар не можевте да претпоставите дека можеби и на вас истото би ви се случило...???
Постојат играчи, за кои клубовите за кои настапуваат (или би сакале да настапуваат) ги почитуваат, и доколку се вклопат и пронајдат таму - ги засакуваат и остануваат до крајот на кариерата (Del Piero, Nedved, Maldini... т.е. автоматски стануваат Икони за клубот - VERO GIOCATORE, и постојат "играчи", кои заслепено и хиенски - инстиктивно тргаат по мирисот на парите и моменталните "екстра" понуди и едноставно не се вртат позади (MERCENARIO!) Сетете се само колку пати ве навредил со гестови и изнервирал притоа, и се ќе ви стане јасно!
Денес е скоро невозможно да се најде таков калибар на вистински играч, затоа не идеализирајте некој, кој после сево ова, никогаш и не бил ваш, а и не се чуствувал како таков!
Не смеевте да се доведете во прашање себе, вашите симпатизери, вашата љубов кон клубот за еден обичен "Mercenario"!
Играчите доаѓаат и си одат, третирајте ги еднакво и не градете Вие идоли врз нив - самите нивни колективни дела ќе си ја напишат историјата на клубот!
Клубот е тој што останува вечно во срцето, доколку нели, искрено се сака и идеализира!
Поздрав!