Фан Клуб: ФК Металург

  • Креатор на темата Креатор на темата bowl
  • Време на започнување Време на започнување
Металурзи, слабо постирате нешто. Даде Ѓоре пауза до 29-ти јуни, ама тоа е само за фудбалерите. :helou:
Сте слушнале некоја шпекулација за трансфер? Освен онаа за Миле Крстев.
Овој период ќе го средуваат игралиштето. Ставаат нови бусени од гол до гол, ама само еден појас по средина на игралиштето. Слушнав дека се спремаат и помошното да го прават со вештачка трева.
До сега се тренираше во Марино па многу време се губи од таму па на ручек кај Тоше на ќоше.
Јас како што разбрав Ѓоре го имал договорено и Димитрија Лазаревски-Рибар од екипата на Дендер-Белгија,али останува и официјално да се потврди.Истотака и Благојче Гешоски бил пред вратите на Железарница.Трансфер периодот е пред нас се очекува голема реконструкција, до почетокот на подготовките т.е 29 јуни се очекува да се откријат многу непознати околу новите засилувања.Познато е дека летово дел од подоготовките ке бидат одржани и во Златибор каде што ке се одиграат неколку пријателски со црногорски и српски прволигаши.
 
Јас како што разбрав Ѓоре го имал договорено и Димитрија Лазаревски-Рибар од екипата на Дендер-Белгија,али останува и официјално да се потврди.Истотака и Благојче Гешоски бил пред вратите на Железарница.Трансфер периодот е пред нас се очекува голема реконструкција, до почетокот на подготовките т.е 29 јуни се очекува да се откријат многу непознати околу новите засилувања.Познато е дека летово дел од подоготовките ке бидат одржани и во Златибор каде што ке се одиграат неколку пријателски со црногорски и српски прволигаши.

Добар играч е Рибар, барем за мене. И јас го наслушнав ова за него пред некој ден а и доста веројатен е овој трансфер зошто Рибар е играч на Ѓоре од времето на работнички.
 
ЕВЕ СЕ ВРАТИВ И ТУКА ВО ОВОЈ ФАН КЛУБ ПО БАНОТ
и секако во најдобар можен момент кога Металург опстана во 1 лига со резултат од 5-1 против Брегалница.ПОЗДРАВ МЕТАЛУРЗИ.
 
transparent.gif
Левиот бек Димитрија Лазаревски и напаѓачот Благојче Гешоски се првите две засилувања на амбициозниот скопски прволигаш Металург во атаката на тимот од Автокоманда кон Европа во новата фудбалска сезона

lazarevski.jpg
И двајцата вчера потпишаа едногодишни договори со „железарците“ со опција истиот договор да продолжи за уште една сезона. Интернационалецот Лазаревски во Металург доаѓа од белгискиот Дендер, каде што настапуваше во минатата сезона, додека Гешоски го засилува Металург од вицепрвакот Милано.

- Задоволен сум од првите две засилувања и ако не бев задоволен немаше и да ги доведеме - прокоментира тренерот Ѓоре Јовановски.

- Лазаревски е интернационалец и добро се знаеме. За Гешоски, пак, познати се неговите квалитети и мислам дека тука може да напредува, но колку ќе го стори тоа зависи и од него - додаде Јовановски.

И двајцата тренерот Ѓоре Јовановски добро ги познава, затоа што соработуваше со нив додека работеше во Работнички и Милано, па неговиот концепт од зимоска продолжува со ангажирање на квалитетни фудбалери со кои работел во изминативе години. Зимоска, дури седум играчи од шампионскиот Работнички се преселија во Автокоманда, тие беа база за изборениот опстанок на клубот, а треба да бидат и основа на идниот европски тим на скопскиот прволигаш.

Лазаревски во кариерата покрај за Работнички и Дендер, беше член и на српски Земун и хрватски Камен Инград. Гешоски, пак, беше член на Победа, по што дојде во Куманово, во Милано.
 
Според неофицијални извори најново засилување за екипата на Металург е Благојче Рутески од Пелистер:helou:
 
Денес и за некој србин пишуваше дека дошол. 5-ти нов играч.
Миле Крстев, Гешоски, Рутевски, Лазаревски.
Си игра Ѓоре Football Manager :)
Не знам дали пак ќе тренираат во Марино. Доста веќе таму одат. Да ги видиме малку кај нас.
 
Денес и за некој србин пишуваше дека дошол. 5-ти нов играч.
Миле Крстев, Гешоски, Рутевски, Лазаревски.
Си игра Ѓоре Football Manager :)
Не знам дали пак ќе тренираат во Марино. Доста веќе таму одат. Да ги видиме малку кај нас.
Ѓорѓе Тадиќ игра на позицијата десен бек кој доаѓа од екипата на Металац од Горни Милановац,станува збор за искусен фудбалер кој играл во белгиски Гент кој би требало да биде големо засилување за десната бековска позиција.
 
Спортски центар како на ФФМ
Металург во скопската населба Автокоманда ќе изгради нов стадион, чијшто капацитет ќе биде 10.000 седишта. Подготвен е проект според кој, освен главниот објект, ќе има и шест помошни игралишта, хотел и други придружни објекти. Во тек е собирање на потребните градежни дозволи за изградба на модерен спортски комплекс.
 
Баш сега прочитав за ова. Колку е точно?

Таа идеја за Спортски центар не е нова. Тој дел беше заграден и обележан со табла „СРЦ Железарница„ уште во 90-тите пред да се распадне тогашната фабрика Железара. Премногу амбициозен проект за тоа време.
Сега пак слушам дека е актуелен. Ако има пари, не би требало да се појави некоја пречка бидејки дел од тој простор, каде што се двете игралишта, мислам дека е на Макстил. Околните површини се денационализирани на некои лица и едно време имаше табли дека просторот се продава. Значи лесно може да се склопи широк простор за сите тие градби што се набројани погоре во постот на ziko_bt.
Одма позади главното игралиште е Ремедика (и таму Минчо Јорданов има удел). Сигурно има некои поврзани планови. Хотел, рекреативен центар .... времето ќе покаже.
Јас имам слушнато дека клубот има долгорочни планови. Квалитетна младинска школа и после се знае - извоз на фудбалери. Само така се заработува од фудбал :). Тие 5-6 игралишта што би се направиле го потврдуваат истото.
Моментално тренери на младинските школи во Металург се поранешни фудбелери на клубот и нема да ме изненади доколку Ѓоре направи чистка и во тој дел од клубот. Сигурно ќе си донесе негови тренери :toe:
 
Aj cestito Ribar.. Fenomenalen igrac i golem covek . Dur igrase vo Rabotnicki mnogu cesto doagase na sobiranki i so nas navivacite , i sekogas igra so srce i dava maksimum
 
Стојанче Игњатов - Тинте е следниот на листата желби на Металург:helou:
 
Стојанче Игњатов - Тинте е следниот на листата желби на Металург:helou:
Покрај Игнатов блиску до Металург е и поранешниот играч на Работнички Пејчиќ
 

Kajgana Shop

Back
На врв Bottom