Да ја оживема малце темава, ако ми успее
Нова сезона, нова надеж. Измени колку сакаш од лани. Нов тренер пред све. Португалецот Соуса за кого се изнапрочитав еден куп пофалби од стручни лица како Липи, Мондонико, Амброзини, Моџи, Спалети и многу други. Ќе видиме дали ќе го продолжи успехот кој го имаше Монтела за овие 3 години. Исто така многу измени и во играчкиот кадар. Оние кои заминаа нема да ги коментирам и спомнувам, а оние кои дојдоа се солидни играчи дојдени по мене бар од квалитетни лиги. Ќе почнам со претставување и со слики бидејки има некои баш новајлии во Серија А (Фиорентина) што се непознати за повеќето...
1.Марио Суарез 28 год од Атлетико Мадрид дефанзивен играч од средина
2.Давиде Астори 27 од Каљари, бек.
3.Никола Калинич 27 год од Дњипро, напаѓач
4.Јакуб Блажиковски 29 год од Дортмунд, крило
5. Жилберто 22 год од Ботафого, десен бек
6.Жоан Верду 32 год, офанзивен среден
7.Лујџи Сепе 25 год од Наполи, голман
8. Џејми Баез 20 год од Јувентуд (Уругвај) крилен напаѓач
Плус на ова слободно може да се додадат и Роси кој лани не одигра ни минута за нас, како и Матиас Весино кој се врати од Емполи на позајмица, а за него Наполи летово нудеше 10 милиона евра. Исто така и Ронкаља на позајмица од Џенова. Тука е и Ребич од позајмица од Лајпциг лани, како и 17 годишњакот Диакате кој е огромен талент и е земен во првиот тим. Голем пропуст на управате е што не донесоа уште еден бак летово, но како што пишуваат медиите и самиот Праде изјави веќе се работи на тоа, а се шпекулира дека веќе имаат блокирано играч.
Тоа е тоа накратко и Forza Viola во 2015/2016 год
