Фан Клуб: Фиорентина

Член од
21 август 2008
Мислења
5.204
Поени од реакции
953
Честото полуфинале во лига европа :D браво за италианскиот фудбал малце по малце го креваме нивото на лигава ! браво
 
Член од
8 јануари 2014
Мислења
2.218
Поени од реакции
2.075
И јас ќе ѝм честитав, ама тие требеше први нас :sleep:

Се зезам, знаат они што реков за Виола во ЕЛ ;)
 
Член од
30 мај 2012
Мислења
1.982
Поени од реакции
2.933
Нека ви е честито полуфинале. Баш ми е мило што Италијанските екипи влегоа во полуфинале во ЛЕ. Само уште утре да не се паднат помеѓу себе Фиоре - Наполи би било супер, а зошто да не и италијанско финале.
 

DeviAngel

Un vero cavaliere non lascia mai la sua signora
Член од
6 април 2010
Мислења
19.584
Поени од реакции
17.426
Честито полуфинале !! Ајде дечки дај боже да си частите за финале и со трофеј да ве видиме.

Секоја чест. Ајде можите !! Дај боже сеа лесен противник :)
 

Vuki-Viola-Fan

Solo Fiorentina
Член од
18 мај 2008
Мислења
3.502
Поени од реакции
680
Фала за честитките...

Севиља-Фиоре, до некаде знаев дека пак ќе имаме тежок противник. Немаме среќа, ама кога тогаш мора да се сретнеш со најдобрите... По мене Фиорентина највеќе заслужува да победи во ова натпреваруваењ, бар до сега што покажа и кого све елиминира. Тотенхем,Рома,Д.Киев...тре топ екипи. Ќе биде интересно, финале пред финалето. Севиља сум ги гледал многу пати сезонава, супер играат но не се непобедливи. Ако успет нашиве да наметнат онаква игра како вчера, дефинитивно сум оптимист.
 
Член од
12 март 2013
Мислења
757
Поени од реакции
1.196
Фала за честитките...

Севиља-Фиоре, до некаде знаев дека пак ќе имаме тежок противник. Немаме среќа, ама кога тогаш мора да се сретнеш со најдобрите... По мене Фиорентина највеќе заслужува да победи во ова натпреваруваењ, бар до сега што покажа и кого све елиминира. Тотенхем,Рома,Д.Киев...тре топ екипи. Ќе биде интересно, финале пред финалето. Севиља сум ги гледал многу пати сезонава, супер играат но не се непобедливи. Ако успет нашиве да наметнат онаква игра како вчера, дефинитивно сум оптимист.
богами ако играат ко вчера што изиграа може да се носиме и со појаки екипи од Севиља ... ама ако играат :D
замерка имам само со реализацијата али додуша и немавме среќа,пречка статива итн
 
Член од
16 мај 2015
Мислења
92
Поени од реакции
23
Super ekipa se samo mislam zasluzuvaat podobar stadion vo Firenca ovoj Artemio Franci Nekako Staromoden mi e
Inace Moze ke imaat podobar uspeh slednata sezona ako ostanat , Michael Richards , Salah ,G.Rossi i Mario Gomez i ako kupat nekoj dobar igrac
 

Vuki-Viola-Fan

Solo Fiorentina
Член од
18 мај 2008
Мислења
3.502
Поени од реакции
680
Да ја оживема малце темава, ако ми успее ;)

Нова сезона, нова надеж. Измени колку сакаш од лани. Нов тренер пред све. Португалецот Соуса за кого се изнапрочитав еден куп пофалби од стручни лица како Липи, Мондонико, Амброзини, Моџи, Спалети и многу други. Ќе видиме дали ќе го продолжи успехот кој го имаше Монтела за овие 3 години. Исто така многу измени и во играчкиот кадар. Оние кои заминаа нема да ги коментирам и спомнувам, а оние кои дојдоа се солидни играчи дојдени по мене бар од квалитетни лиги. Ќе почнам со претставување и со слики бидејки има некои баш новајлии во Серија А (Фиорентина) што се непознати за повеќето...
1.Марио Суарез 28 год од Атлетико Мадрид дефанзивен играч од средина

2.Давиде Астори 27 од Каљари, бек.


3.Никола Калинич 27 год од Дњипро, напаѓач


4.Јакуб Блажиковски 29 год од Дортмунд, крило


5. Жилберто 22 год од Ботафого, десен бек



6.Жоан Верду 32 год, офанзивен среден



7.Лујџи Сепе 25 год од Наполи, голман



8. Џејми Баез 20 год од Јувентуд (Уругвај) крилен напаѓач


Плус на ова слободно може да се додадат и Роси кој лани не одигра ни минута за нас, како и Матиас Весино кој се врати од Емполи на позајмица, а за него Наполи летово нудеше 10 милиона евра. Исто така и Ронкаља на позајмица од Џенова. Тука е и Ребич од позајмица од Лајпциг лани, како и 17 годишњакот Диакате кој е огромен талент и е земен во првиот тим. Голем пропуст на управате е што не донесоа уште еден бак летово, но како што пишуваат медиите и самиот Праде изјави веќе се работи на тоа, а се шпекулира дека веќе имаат блокирано играч.

Тоа е тоа накратко и Forza Viola во 2015/2016 год :oleee:
 
Член од
12 март 2013
Мислења
757
Поени од реакции
1.196
Да ја оживееме малце темава
(y)

вака-така добро тргнавме годинава иако многумина ни предвидуваат пропаст мислам дека сме спремни да направиме изненадување годинава,ЛЕ или Сериа А ... или можда во двете :D
ме плаши само одбраната,средина и напад сме ок,поготово средина али најверојатно на зима и тоа ќе го решиме
браво за Соуса што им дава шанса на младиве,Бабакар и Бернандески тешко дека ќе играа прва постава ако останеше Монтела,а баш ме интересира како ќе се покаже Баез некако многу надеж имам во него

и да,од Фифа објавија дека ќе го разгледувале случајот со мајмунон египетски ... дај боже да го суспендираат и оној агентот негов да си остане на збор и да продава семки пред Артемио Франки,не дека имам нешто против Рома али ептен ме изнервираа педериве превртливи
 

Vuki-Viola-Fan

Solo Fiorentina
Член од
18 мај 2008
Мислења
3.502
Поени од реакции
680
Ни треба бек под хитно во јануари. До тогаш мораме да издржиме вака како што сме сега. Се пишува многу и за Валас од Гремио кој игра дефанзивен среден, голем талент со само 20 год. Ќе видиме како ќе се одвиваат работите годинава, има разлика во играта од на Монтела и на Соуса. Некако поцврста ми е одбраната со Соуса, додека пак со Монтела игравме по убав фудбал. Сепак рано е многу за било какви прогнози, а и серија А ми е некако мн изедначена без некои изразити фаворити. До сега сум импресиониран од Алонсо и Весино. Двајцата одиграа супер на почетоков заедно со оние припремни натпревари. Суарез треба да се адаптира и да биде во први 11, а Блажиковски ако се врати на старите патеки од пред 1-2 год како во Дортмунд ќе биде доста доста корисен
 
Член од
12 март 2013
Мислења
757
Поени од реакции
1.196
и бек и стопер ни треба,на зима МОРА да се купат а дотогаш да се надаме дека Ронкаља нема да биде дотолку склон на глупости ... освен со Рома кога ќе играме :sneaky:
 

Vuki-Viola-Fan

Solo Fiorentina
Член од
18 мај 2008
Мислења
3.502
Поени од реакции
680
Денес Енцо Бучиони потврди уште еднаш за Валас од Гремио. Пиша дека 99% доаѓа во јануари. Исто истакна дека и еден млад штопер ќе потпишат во јануари и напомена дека е веќе докажан. Дали е готово работата околу овие двајца незнам, но за Валас ептен се пишување цело лето,а еве и сега. Наводно тој сакал да замине, а Гремио не го пуштал летоска па му ветиле дека во декември ќе може да оди. Се шпекулира околу 7-8 милиони плус бонуси. А за штопер се шпекулира зо Зоума (ма да не верувам).
Во недела тежок меч. Конечно еден убав натпревар ќе гледаме. Оптимист сум, мислам дека Соуза е подобар во подготовка за вака големи мечеви него Монтела. И само да продолжиме со 4-2-3-1, пошто друга формација моментално не гуши.
 

Kajgana Shop

На врв Bottom