Фан Клуб : Фени Индустри

  • Креатор на темата Креатор на темата gento
  • Време на започнување Време на започнување
Aj ako moze nekoj neka najde siguren izvor od kolku se igra tocno, poso mi treba tocen cas pozz

За натпреварот у среда ако мислиш тој се игра у 18 часот у спортска сала јасмин од рамките на БИБЛ лигата со екипата на Морнар од Бар 100%..
 
Па побарав ја прво на официјалната страна на Кошаркарска Федерација ама толку се ажурни што сајтот го надополнуваат еднаш неделно, па затоа морав да прашам овде фала на информација инаку Together lozari:smir:
 
Па побарав ја прво на официјалната страна на Кошаркарска Федерација ама толку се ажурни што сајтот го надополнуваат еднаш неделно, па затоа морав да прашам овде фала на информација инаку Together lozari:smir:

Немаш гајле :)
 
Па побарав ја прво на официјалната страна на Кошаркарска Федерација ама толку се ажурни што сајтот го надополнуваат еднаш неделно, па затоа морав да прашам овде фала на информација инаку Together lozari:smir:
Јас си реков прашуваш за одиграниот натпревар помеѓу Фени и Аба Струмица :) Ти не потенцира за кој натпревар станува збор, зошто гледајќи според твојот прв пост за ова прашање, мислам дека стануваше збор за тој натпревар, а не за наредниот. Ама како и да е, се разбравме :smir:
 
Пораз 106-100...нема шо да зборувам,со самото тоа шо на домашен терен примаме 106 коша треба се да ви биде јасно
 
Ќе може да истакнете статистика, да видиме играчите како стојат со поени едно друго.
 
Гледачи околу 1000....кај нас најдобри беа Јововиќ со 19,Тасовски со 18,Михајловски со 14,Самарџиев со 13 и Соколов 10 коша(тие беа двоцифрени)...Кај Морнар пак Јелениќ 19(типацот го немаше цела утакмица,на крајот погоди 3 или 4 тројки),Саливан со 18,Поповиќ и Пешиќ со 15 и Ивановиќ со 13 :smir:
 
Огнен го пуштил на почеток, а миленичето на Рајкович Самарџиев играл многу, точно е ?
 
Самарџиев изигра солидно,а Огнен го пушти 7-8 минути у втора четвртина и овој постигна 6 коша
 
Ебате доброто, никој не играл добро чим дозволиле на домашен терен 110 поена да примат :O
 
И Војдан играше, постигна 7 поени за 15 минути а на крајот најмногу кога требаше го заборавија на клупа :toe:
 
Македонскиот кошаркарски првак Фени индустри неславно, со пораз на домашен терен од црногорски Морнар, ја почна третата сезона од настапите во БИБЛ лигата.
Иако за многумина посилен отколку лани, нашиот единствен претставник годинава, киксираше на стартот во кавадаречки „Јасмин“, тврдината што никој никој од балканските ривали досега не ја освои.
Тимот од Бар славеше со 106:100 во натпреварот нетипично ефикасен за модерната кошарка, посебно што по новите правила линијата за тројка е половина метар подалеку.
Фени водеше на полувреме со осум разлика, 52:44, но многу полошо одигра потоа, па Морнар го надомести минусот веќе по третиот период, комплетирајќи го пресвртот во последниот.
19 коша за нашиот тим даде Јововиќ, 18 Тасовски, 14 Михајловски, 13 Самарџиев, а на 10 застана Соколов. 19 поени постигна и најефикасниот во гостинскиот тим, Јелениќ.
Во второто коло, по две недели, Фени ќе му гостува на Рилски Спортист. Бугарскиот тим на Александар Тодоров, за кој игра и Димитар Караџовски, вечерва на гости славеше кај романски Муреш со 90:89.


http://a1.com.mk/vesti/sport.asp?VestID=128703
 

Kajgana Shop

Back
На врв Bottom