Македонскиот кошаркарски првак Фени индустри неславно, со пораз на домашен терен од црногорски Морнар, ја почна третата сезона од настапите во БИБЛ лигата.
Иако за многумина посилен отколку лани, нашиот единствен претставник годинава, киксираше на стартот во кавадаречки „Јасмин“, тврдината што никој никој од балканските ривали досега не ја освои.
Тимот од Бар славеше со 106:100 во натпреварот нетипично ефикасен за модерната кошарка, посебно што по новите правила линијата за тројка е половина метар подалеку.
Фени водеше на полувреме со осум разлика, 52:44, но многу полошо одигра потоа, па Морнар го надомести минусот веќе по третиот период, комплетирајќи го пресвртот во последниот.
19 коша за нашиот тим даде Јововиќ, 18 Тасовски, 14 Михајловски, 13 Самарџиев, а на 10 застана Соколов. 19 поени постигна и најефикасниот во гостинскиот тим, Јелениќ.
Во второто коло, по две недели, Фени ќе му гостува на Рилски Спортист. Бугарскиот тим на Александар Тодоров, за кој игра и Димитар Караџовски, вечерва на гости славеше кај романски Муреш со 90:89.
http://a1.com.mk/vesti/sport.asp?VestID=128703