Фан Клуб : Фени Индустри

  • Креатор на темата Креатор на темата gento
  • Време на започнување Време на започнување
Брчков,шо знам не ми се свиѓа. Повиќе би сакал Јове Марковски али нема веза
 
Уф ме нема некој ден и одма слушам нови имиња се спомнуат за нови играчи.
Брчко е млад играч добар али кој знае дали ќе одговоре на задачите јас би бил повеќе за Кире Николовски него ли за Брчко али нема веза добро е што зимаме млади играчи желни за титули и што сакаат да се докажуваат а башка подоцна може да се профитира од истиот..:salut:
 
Вчера го гледав Брчков на фајнл фор Торус - Работнички. По преценет играч нема никаде да сретните у македонија, на позиција 4 играе а само 2 скока и 12 поена не сум баш сигурен дека е за Фени а уште помалку за проширен состав на репрезентацијата...
 
Денес стартува предониот рок.Ќе биде интересно во Фени бидејќи има премногу слободни играчи.Време е да се трзне по некој на Работнички додека сеуште се во шок или евентуално од АМАК...
 
Денес стартува предониот рок.Ќе биде интересно во Фени бидејќи има премногу слободни играчи.Време е да се трзне по некој на Работнички додека сеуште се во шок или евентуално од АМАК...
site=mksport&targetsite=mksport&AdSize=468x60&PagePos=1



ДЕНЕСКА СТАРТУВА ЛЕТНИОТ ПРЕОДЕН РОК
"Пазарот" никогаш "побогат", ќе има ли купувачи?
И никогаш помала побарувачка немало во последно време кога е во прашање трансфер периодот.
Несигурната пред се финансиска состојба во која влегоа не само прволигашките во Македонија, условува ова лето да биде оквалификувано и како "преживувачко"
Секако, тоа не се однесува за сите клубови, но најголме дел од нив ќе треба добро да "брцнат во портмонето" за да видат што и колку и дали ќе може да го купат она што им е потребно за што е можно подобро функционирање.
AD5923435F5BC84696EDC4C63D7D268A.JPG
Не е никаква тајна дека заминувањето на еден голем спонзор како "Фершпед" од Работнички, ќе донесе и не баш мали промени како во "Градски Парк" така и во останатите екипи кои будно ги следат случувањата кај новиот шампион.
Исто така, не е никаква тајна дека при заминувањето спонзорот најави дека сите играчи, па и стручниот штаб ќе добијат "слобода во размислувањата", односно исписници во џеб што ги прави и тоа како достапни играчите од Работнички, посебно оние најдобрите.
Веројатно истото важи и со оние кои лани играа во екипата на АМАК-СП, чија управа со едно официјално писмо ја информираше и КФМ и јавноста дека заклучно со 30. април, престануваат и нивните обврски спрема играчкиот кадар.
Па и за оние во МЗТ Скопје, каде некако е најтивко, дури и премногу тивко во овие денови на исчекување...
Но, прашање е во кој обем ќе биде и побарувачката на клубовите, особено ако се знае дека поголем дел од нив едвај го спојуваат "крај со крајот".
Во улога на "слободни агенти" ова лето стануваат, и тоа не по своја вина, Диме Тасовски, Тони Симиќ, Бојан Трајковски, Огнен Стојановски, Тони Грнчаров, Ненад Зивчевиќ, Александар Угриноски, Ефтим Богоев, Дамјан Стојановски, Војдан Стојановски, Александар Совковски, Дарко Соколов, Перо Блажевски, Дарко Радуловиќ.
Список од кој "боли глава" и од кој може да се формира и тоа како респектабилен кошаркарски клуб.
Ако има таков, може да с ејави, но најдоцна до 30. јуни, 9 до 16 часот), кога е последниот рок за пријава, но и датум по кој може да се знае судбината и на работнички, но и на АМАК-СП и на МЗТ Скопје.

РАБОТНИЧКИ И ОФИЦИЈАЛНО ПОБАРА ПРОДОЛЖУВАЊЕ
Преодниот рок да трае до 24. јули

Со оглед на новонастанатата ситуација во клубот, раководството на Работнички и официјално побара летниот преоден рок да биде во форма на проширен.
Односно, наместо до 30. јуни, рокот за трансфери да трае до 24. јули.
"Сметаме дека ова е еден разумен рок, особено што нашиот клуб се најде во една многу тешка ситуација која бара темелен пристап кон изнаоѓање на едно вистинско решение како истата да се надмине"- вели спортскиот диркетор Горан Костовски."Затоа побаравме, прво од Здружението на прволигашите, преодниот рок да биде пролонгиран до 24. јули. Еден реален датум до кој клубовите би ја формирале целината, односно играчкиот состав и подготвени би ги стартувале подготовките за новата сезона"- дополнува Костовски во образложението на барањето.
 
Прво да се знае кои играчи дефинитивно ќе останат, па после да се граде екипа околу нив, се надевам дека набрзо ќе го имаме конечниот изглед на екипата.
 
Епа вака ја би сакал вија преоден рок да ги земиме Војдан и Дамјан Стојановски,Кире Николовски,Марко Симоновски,Бојан Трајковски и од странците слушам некој Коби Брајант е тука на проба ама нз...не ми изгледа каа добар играч
 
Диме Тасовски, Тони Симиќ, Бојан Трајковски, Огнен Стојановски, Тони Грнчаров, Ненад Зивчевиќ, Александар Угриноски, Ефтим Богоев, Дамјан Стојановски, Војдан Стојановски, Александар Совковски, Дарко Соколов, Перо Блажевски, Дарко Радуловиќ.


Хмм Зивчевиќ, дечкото имаше опасен шут, лани у полуфиналето првата утакмица тука у Јасмин, не утепа он. Млад е, нема да сака многу пари, а и би требало да биде екстра мотивиран против Работнички, знаејќи како се разделија.

Шо мислите, може ли он да биде таа офанзивна тројка шо ни треба?​
 
Хмм Зивчевиќ, дечкото имаше опасен шут, лани у полуфиналето првата утакмица тука у Јасмин, не утепа он. Млад е, нема да сака многу пари, а и би требало да биде екстра мотивиран против Работнички, знаејќи како се разделија.

Шо мислите, може ли он да биде таа офанзивна тројка шо ни треба?
Со оглед дека ќе се води како странец подобра опција за нас е Војдан...Ако се планира да се носат други странци.Ако не добар е и Зивчевиќ
 
Нели имаше двојно државјанство Зивчевиќ?

Или ја сум маанат нешто :)
 
Да,има Зивчевиќ двојно државјанство. Ама цела година он беше повреден така да...Би сакал Војдан да го земиме
 
abe kakov zivvevic be cirkuzant ne zezaj baska pod 1500 evra ne igra u mkd toj zatoa i si otide od rabotnicki deka sakaa da mu ja namalat dvojno platata a ako mzoe vojdan ondak e mn bolje t.e. nema potreba od razmisluvanje megi ovie dvajca kosarkari
 
Кој гледаше телма сеа? Димче од инат не дошол у фени :pos:
 
Кој гледаше телма сеа? Димче од инат не дошол у фени :pos:
а бе он и од инат е направен на фолиите ама ај..
нека гледа таму репрезезентацијата..клубот нека не тресе многу
 

Kajgana Shop

Back
На врв Bottom