Фан Клуб: Депортиво Ла Коруња

  • Креатор на темата Креатор на темата staki
  • Време на започнување Време на започнување
Sabja daj kazi za utre kolkavi se sansite da pobedite ? Imate poseriozni izostanoci ili ne ? Vreme e da tepate ,ve planiram za singl :D
 
Sabja daj kazi za utre kolkavi se sansite da pobedite ? Imate poseriozni izostanoci ili ne ? Vreme e da tepate ,ve planiram za singl :D
Сите играчи ни се на располагање за овој меч :)
Екипата е под императив и голем притисок да победи вечерва. Мора да победиме, пошто ова ни е последна шанса да фатиме приклучок. Последни сме, но со победа вечерва ќе излеземе од зоната за испаѓање.
И пред неколку години во истиов период бевме закопани, па почнавме голема серија и на крај завршивме во место кое водеше во интертото купот.
Тогаш серијата ја почнавме токму против Валјадолид :D

Екипите се тука некаде по кавлитет, иако бодовната разлика не го кажува тоа.
Проблемот ни беше што одбраната ни се трупци и плус во таква ситуација останавме уште и без централните дефанзивци така да тоа е најголемата причина што сме последни. Вечерва се враќаат и Марчена и Зе Кастро. Така да според мене шансите се 60-40 во наша полза :D
 
На полувреме 0-0.
Прилично израмнето полувреме, имаме целосен посед на топката, но гостите успешно се бранат и ги неутрализираат нашите напади, па имавме само една шанса и неколку полушанси...
На спротивната страна Валјадолид со дсве 100% шанси во една акција. Само Лукс е виновен што не водат со 0-1 :D
Гостите имаа брза контра и нафрлување по крило, играчот на Валјадолид беше сам на 7 метри, шутираше со глава, Лукс прекрасно одбрани, а топката одново дојде кај гостинскиот играч кој шутираше во паѓање, по што Лукс уште еднаш одбрани фантастично.
Претходно Гама промаши за 1-0, нанижа тројца противнички играчи,но во паѓање шутна млако од 15-тина метри, а голманот на гостите рефлексно одбрани и спречи наше водство.
Рики имаше неколку полушанси, постојано е блиску до гол, но прекраток е при нафрлувањата.
МОРА ДА ТЕПАМЕ!:icon_mrgr:
--- надополнето: 17 декември 2012 во 21:46 ---
0-0 крај, закопане :(
Каква шанса пропуштивме да излеземе од зоната :tapp:
Меч кој не изобилуваше со шанси, со голема доминација од наша страна, но со милион јалови нафрлувања. Рики се трудеше, ама никако да го погодеа убаво, се понапред или поназад. Катастрофални нафрлувања :(
Валјадолид дојдоа по бод, чекаа контри да изненадат, и можеа и да победат, поготово на крајот кога фрливме се на една карта, имаа шанса за гол по контра но утнаа.
Кај нас Оливеира имаше добар шут кој мина крај голот, и најголемата шанса на мечот ја промаши Саломао кој влезе во вториот дел.
Трагичар на мечот, промаши празен гол од 3 метра :(
Изигравме одлична акција, Камуњас до Лауре, овој одлично нафрли по земја, топката мина крај Оливеира до втората статива, каде што Саломао биеше над голот иако имаше празен гол пред себе :(
Каква шанса, уште не ми се верува...:facepalm:
Се виде дека со Марчена во одбраната сме друга екипа, а и Лукс треба да е стартер, но ни фали реализација...
Следи дербито на дното, на гости против Еспањол. Изгуби ме ли и таму, чао Ла лига, не дека и вака сме во којзнае каква ситуација :oops:
 
Само вие ме зезнавте :D
Ако ти е за утеха не си единствен :icon_mrgr:

Инаку тешка е состојбата во Депортиво деновиве :(
Кај што не го победивме Валјадолид, туку можеби најважниот меч кај Еспањол, најверојатно ќе го играме без Рики...
Но тоа не е најважното :(
Најважната вест е дека Лендоиро имал состанок со играчите, по што им најавил дека ако клубот не постигне договор со Шпанскиот трезор во наредниве денови, ДЕПОРТИВО ОДИ ВО СТЕЧАЈ :(
 
Ако ти е за утеха не си единствен :icon_mrgr:

Инаку тешка е состојбата во Депортиво деновиве :(
Кај што не го победивме Валјадолид, туку можеби најважниот меч кај Еспањол, најверојатно ќе го играме без Рики...
Но тоа не е најважното :(
Најважната вест е дека Лендоиро имал состанок со играчите, по што им најавил дека ако клубот не постигне договор со Шпанскиот трезор во наредниве денови, ДЕПОРТИВО ОДИ ВО СТЕЧАЈ :(

Еден од најдобрите клубови во Шпанија ќе оди во стечај. Што се случува. :(. Само ќе се сеќаваме на добрите натпревари на Ла Коруња.
 
Well ситуацијата е следнава. Ќе преведам дел од интервјуто на Лендоиро:


"Имав состанок со Жорге Рубиалес (претседателот на асоцијацијата на играчи АФЕ), и играчите, со цел да им ја претставам ситуација. Ако во следните денови не се постигне договор со трезорот, ќе отидеме во стечај. Се што сакаме е да го платиме цел долг, но ситуацијата не ми дава право да сум оптимист, иако не смее да бидеме и толку негативни.
Чекаме согласност само од Шпанскиот трезор, бидејќи имаме информација дека е постигнат договор со сите останати кредитори. Ги повикуваме да се постигне договор, што ќе биде добро решение за обете страни. Нема да биде пораз за клубот ако одиме во стечај, меѓутоа одлуката мора да се донесе до нова година. Тоа што сакаме е да останеме една од деветте Шпански екипи која сеуште нема поминато низ стечајните фази. Бараме ист третман како што имаа сите други Галициски клубови кои беа во ваква ситуација.
Ја правам оваа прес конференција за да се избегнат сите сомнежи и сите да добиете информации за тоа што се случува. Истотака и за да ви покажам дека АФЕ, Депортиво и останатите клубови од Ла Лига даваат се за да најдат решение. Ова ми е втор пат во животот да влезам во соблекувалната, а првиот пат беше кога ја освоивме Ла Лига. Играчите се смирени откако зборував со нив и откако ги слушнаа мислењата на членовите на АФЕ.
Да расчистиме некои работи. КЛУБОТ НЕМА ДА СЕ СООЧИ СО АВТОМАТСКО ИСПАЃАЊЕ АКО ВЛЕЗЕ ВО СТЕЧАЈ. Приходите се поголеми од трошоците и тоа треба да биде јасно. Проблемот доаѓа поради долговите од минатото, како и од ембаргото кое ни го стави Шпанскиот трезор пред некој месец. Ако ова не беше проблем, ќе зборевме за приходи од 8, 9 или 11 милиони евра годишно.
Да направиме некои пресметки. Клубот има минимум 18 милиони од ТВ права, и 7 милиони од спонзорство. Други 7 милиони имаме од продажбата на билетите, додека од други добивки од Ла лига би собрале 3,4 или 5 милиони. Се тоа без трансферите се 36,37 или 40 милиони евра годишно. Од овие пари 17 милиони одат за платите на играчите и вработените, а 10 милиони за други трошоци. Тоа значи дека годишно без трансфери би имале приход од 8,9 или 11 милиони евра на годишно ниво.
Најизненадувачки е што незнаеме колкава е вистинската сума на долгот кон трезорот. Имавме глобален долг од околу 100 милиони, но откако трезорот ни стави ембарго, овој долг сигурно пораснал со оглед на тоа што немавме право да го плаќаме. Но немаме што да криеме. Петте милиони од осигурувањето кое ни беше исплатено бидејќи испаднавме во Сегунда (Депор се имаше осигурано во годината кога отпадна) ни беа одземени од трезорот и незнаеме што стана со овие пари. Незнаеме ни што се случува со 14-те милиони (од Медиапро) кои трезорот ни ги колектираше предс месец и пол, ниту пак со 500-те илјади кои ги добивме како дел од трансферот на Луис фелипе во Атлетико Мадрид. Незнаеме што се случува со овие пари, па се надеваме дека ќе ни ја кажат вистинската сума на долгот.
За крај се надевам дека ќе биде постигнат договор за добро на сите страни во случаков, Депортиво, трезорот и останатите кредитори."


Нема ништо страшно ако одиме во стечај, проблемот е околу тоа каков стечаен управник ќе ни стават :D
Вака ако не сме во стечај, ќе можеме да правиме трансфери по наша желба. Во случај ако имаме стечаен управник, тогаш последниот амин мора да доаѓа од него. Пример стечајниот управник на Расинг Сантандер им ги блокираше сите трансфери, за разлика од оној на Сарагоса, кои иако влегоа во стечај се изнатрошија пари на нови играчи.
 
Остајго ти стечајот туку кога нема да ви игра некој битен пиши тука за да ќариме и ние нешто од Депортиво бидејќи доста беше ионака само зијан носат како екипа:D
 
Остајго ти стечајот туку кога нема да ви игра некој битен пиши тука за да ќариме и ние нешто од Депортиво бидејќи доста беше ионака само зијан носат како екипа:D
Сите ќе ни играат :icon_mrgr:
 
Сепак нема да ни играат сите :tapp:
Зе Кастро ја обновил повредата на тренинг, додека Лауре имал вкочанет врат откако станал осд спиење и неможел да игра :pos:
Тргна на убаво работава уште од сабајлечки, до вечер може уште некој ќе се повреди:cautious:
 
1-0 Симао Саброса...
Неверојатно каков гол примивме...
Незнам што да кажам, скоро во сите мечеви бевме рамноправни од противниците па дури и подобри и пак се враќаме со празни раце од мечевите.
Од сезоната кога испаднавме играме 10 пати подобро и пак ништо o_O
--- надополнето: 20 декември 2012 во 22:48 ---
Мизерна одбрана :tapp:
Па толку грешки колку што направи одбраната и голманот на Депор досега, сите други екипи заедно нема да направат до крајот на сезоната :facepalm:
Бар се потврдува тоа дека со добра одбрана, тук-таму ќе имаш по некој резултат, а со лоша одбрана џабе е кој ти игра во останатиот дел од тимот :sick:
Мизерни грешки, тој Евалдо незнам зошто воопшто игра фудбал. Не најдовме лев бек и не најдовме...
Мислев Ажозе е мизерија, ама овој Евалдо стварно нема конкуренција :cenzura:
Голот по вина на голманот Лукс.
Млитаво нафрлување по корнер, Лукс се фрла да боксува, избоксува како баба до Симао кој беше осамен на работ на шеснаесетникот (откосо) кој само со глава го лобуваше нашиот голман :facepalm:
А ништо не изиграа дотогаш :tapp:
Каква мизерија се и они, дотолку што нивниот голман задржуваше време уште во прво полувреме :facepalm:
После имаа уште една чиста шанса по грешка на марчена кој врати назад вез да види дека таму има само играч на Еспањол :tapp:
Сепак грешката повеќе беше на Ајтами, кој незнаеше кај се наоѓа во тој момент.
Напаѓавме цело време, овие топка не пипнаа, ама џабе кога упорно одат на нафрлања, а незнаат една да нафрлат.
Во ова полувреме и на мечот со Валјадолид имавме над 20 корнери, абе еден не го изведоа убаво...
Рики имаше две убави шанси, во едната го покрија убаво, но сдругата не смееше да ја утне :place: Доби топка од Гама, излезе сам од косо и шутираше крај голот :tapp:
Претходно во една мешаница Агилар се изрезили, шутна млако и успеаа да ја рогнат пред да влезе во гол.
Ајде повеќе среќа во второ полувреме :cenzura:
--- надополнето: 20 декември 2012 во 23:44 ---
И како што секогаш се случува... вториот дел ме натера да зажалам што останав вечерва дома за да ја гледам утакмицава :гик:
Мизерија, и двете екипи одма во Сегунда!
Ако седнат да го гледаат мечов ќе посакаат крајот на светот да дојде што побрзо.
Една шанса за нас со промашување на оливеира, они одново со еден напаѓач си прима топка меѓу 4-ца наши си се врти фино лепо и си дава голче за 2-0.
На Олтра му требаа 80 минути и 20 корнери за да висди дека пици е очаен изведувач. Менува извеедувач одма имавме добро нафрлување.

Дури е Олтра тренер не гледам веќе...
Мада и сдруг тренер не би сменил којзнае што. Ние сме Сегунда тим и ни Мурињо неможе да не спаси.
 
Конечно, од денеска Олтра не е повеќе тренер на Депортиво.
Португалската колонија во Депортиво се заокружува со новиот тренер.
Нов тренер на Депортиво е екс тренерот на Спортинг Лисабон и Брага (додјде до финале на ЛЕ), Доминго Пациенца.
Domingos_Paci%C3%AAncia_Braga14388ace_630x354.jpg

Менуваме офанзивен тренер, за подефанзивен.
Почнаа променте и во составот. Родерик Миранда не е повеќе позајмен во Депортиво, си се враќа во Бенфика.
Се очекува да добиеме некој друг играч на позајмица на позицијата централен бек.
 
Силвио Фереира е првото заслиување зимава, играч кој игра и како лев и како десен бек, но десната бековска му е природна позиција. Сепак кај нас мислам дека доаѓа за проблематичната лева позиција, а претпоставувам дека е желба на Пациенца,под чие водство Силвио имал одлична сезона во Брага играјќи токму како лев бек.
Како што одат сите договори годинава, така и овојпат, станува збор за играч на менаџерот Мендез, а новиот Португалец во екипата доаѓа како позајмен од Атлетико Мадрид.
Така сега освен Пици, Силвио е вториот позајмен играч на Атлетико во нашите редови.
 
Пици не е позајмен од Атлетико ;)
 
Пици не е позајмен од Атлетико ;)
Грешка си :)
Во меѓувреме целосно го откупивте од Брага, така да во моментов се рачуна како позајмен од Атлетико :)

За Пици и Силвио сте дале 13.5 милиони
http://www.marca.com/2012/10/17/futbol/equipos/atletico/1350504514.html
Но не сте го доплатиле Пици целосно, па Брага го носи случајот на суд :D
http://futbol.as.com/futbol/2012/11/21/primera/1353537535_210379.html
 

Kajgana Shop

Back
На врв Bottom