После 4 меча конечно освоивме барем 1 бод.
Во дербито на Галиција, Селта-Депортиво 1-1!
Фуриозен старт на домаќините, особено во првите 15 минути. Лоша офсајд стапица на Депортиво скоро на половина од теренот.
Јаго Аспас најомразениот противнички фудбалер излета сам по десно крило. Зе Кастро успеа да стигне да покрие, ама многу несреќно топката се одби од него, па мавна во раката на Аранзубиа и стигна до единствениот играч во шеснаесетникот Марио Бермехо кој непречено стрелаше за 1-0.
Селта имаше уште една одлична прилика преку Аспас, Лауре лошо блокираше, ама топката заврши до сантиметри до голот и една шанса на Кабрал.
Многу проблеми имаа во овој период Зе Кастро и Марчена со Аспас особено.
И двајцата добија жолти, а Зе Кастро беше на раб на исклучување во ситуација кога Аранзубиа им ја додаде топката на еден од напаѓачите на Селта, па Португалецот во нашите редови мораше да фаулира.
Но од 15-та минута, Депортиво воспостави контрола на играта. Селта како да се повлече, само Депортиво играше со топката. Ги потиснавме убаво, почнавме да имаме опасни акции по средината, и од страната на Пици, но Рики постојано беше во офсајд. Еден офсајд беше неправедно досуден, а Рики беше во добра ситуација.
Конечно после целосната доминација одлично грдење на топката од Валерон уште поубаво ја протна до Домингез кој одлично пласираше за 1-1. Имавме и шанса за водство ама Пици беше блокиран во последен момент. Зе Кастро и Марчена освен во првите 15 минути ги утепаа своите противници, одлично изиграа.
Вториот дел одново судиска грешка на Ундиано Маљенко, овојпат во наша полза. Мала глума на Рики и втор жолт за Кабрал. Но иако имавме играч повеќе цели 43 минути сепак Селта беше подобра во вториот дел. Одма по црвениот, Пици од слободен стрелаше одлично, голманот на Селта одби во пречката па топката отиде во корнер.
Селта се повлекоа ама и ние не запнувавбме многу. Т.е. Пици се трудеше највеќе, ама немаше поддршка од колегата од спортивната страна Бруно Гама кој веќе неколку меча игра очајно. Голема штета што Саломао и Агилар отсуствуваа за овој меч инаку сто посто ги добивавме...
Селта изигра една одлична акција во вториот дел,неколку одлични пасови, Аспас беше сам на 7-8 метри но катастрофално промаши на огромна среќа на Аранзубиа. Постигна и гол Селта ама беше оправдано поништен поради офсајд.
Рики излезе а на негово место влезе Оливеира. Можеби потег кој Олтра не смееше да го направи со оглед на тоа што Оливеира незнае да игра како осамен напаѓач и со оглед на тоа што Рики ни е најдобар напаѓач.
Рики беше гневен испорога се на клупата

Оливеира утна една чиста шанса. Нафрлување од Лауре, удар со глава но крај стативата иако јас веќе прославив гол

И тоа беше се од ова динамично дерби.