Фан Клуб: Депортиво Ла Коруња

  • Креатор на темата Креатор на темата staki
  • Време на започнување Време на започнување
ХАХАХАХАХА
КАКОВ АВТГОЛ ХАХАХА
АЈДЕЕЕЕЕЕЕЕЕЕЕЕЕЕЕЕЕЕ 4-5:vozbud:
--- надополнето: 20 октомври 2012 во 23:33 ---
Ауау ау Зе Кастро дете го имаше голот овде :(
--- надополнето: 20 октомври 2012 во 23:49 ---
Штета...
Депортиво-Барселона 4-5!
Барса играше, ние дававме невидени голови :icon_mrgr:
По исклучувањето на Маскерано воспоставивмерамнотежа, али ипак они го имаа Меси...
Три гола ни акнаи една статива рецна...
Одбраната ни е хаварија затоа и изгубивме, како сакаа си шетаа :place:
Позитивното:
Дадовме 4 гола!!!
Па којзнае кога последен пат примила Барса 4 гола :pos:
Головите кој одкој, од непостоечки пенал, од шут кој и баба ми ќе го фатеше, еден фантастичен слободен на Пици и уште пофантастичен автогол на Алба хахаха
Одличен меч испадна на крај, ме фати срцево кога имаше шанса Зе Кастро за израмнување :icon_mrgr: Па и послдново нафрлување, мораа многу подобро да го изиграат.
ОГРОМНА ШТЕТА ШТО НЕМАМЕ ЛЕВ БЕК:(
Четврти пораз по ред, али поминаа на редот Валенсија, севиља, Реал и Барса. Остана уште Атлетико одтешките...
Не сме во нивни ранг, си останувамево борба за опстанок, која ќе биде многу тешка:(
Следниот меч или ќе не докопа или ќе биде бараната пресвртница, а тоа е гостувањето во Виго во дербито на Галиција!
 
Добри, добри.
Последниве 3-4 утакмици на Барса која од која беа, ама оваа беше врвот.
Таман после 5тиот гол мислев дека е готово, ете го Алба со напаѓачки способности :)
Супер изигравте, само шо во одбрана и вие сте сиренце.
 
Истотака огромно браво за најсдобрите навивачи во Шпанија во последниве 2-3 години. Го оставија срцето на трибините Риазор Блус :cuc:
Губи Депор 0-3, а се пее како да е 3-0 за Депортиво.
И не само денес, вистински 12-ти играч на Депортиво се во последниве 2-3 години.
И не само они, туку и обичната публика е за пофалба.
Претходно коло кај Рајо Ваљекано кој ги има едни од најлудите навивачи во Шпанија, игравме како на домашен терен.
Риазор Блус најавија дека го бојкотираат дербито со Селта во Виго. Причина е само 600-те карти кои ги добиле. Лани во втора лига добија 1800 карти.
Се плашат домаќините од фијаско како лани. Иако после неколку сезони се вратија во прва лига, сепак посетата на стадионот им е очајна.
 
1-0 губиме на дербито во Виго, Марио Бермехо со гол од контра :(
--- надополнето: 27 октомври 2012 во 20:25 ---
ГОООООООООООЛЛЛЛЛЛЛЛЛЛЛЛЛЛЛЛЛЛЛЛЛЛЛЛЛЛЛЛЛЛЛЛЛЛЛЛЛЛЛЛЛЛ
Валерон ги измеша Домингез израмнува!
АЈДЕ ДЕПОР!
--- надополнето: 27 октомври 2012 во 21:03 ---
Црвен за Кабрал.
После голот имаме целосна доминација но без шанси.
Рики одглуми остар фаул и Кабрал доби втор жолт :D
--- надополнето: 27 октомври 2012 во 21:05 ---
Каков удар на Пици, домашниот голман одби во пречката а топката отиде во корнер.
 
После 4 меча конечно освоивме барем 1 бод.

Во дербито на Галиција, Селта-Депортиво 1-1!
Фуриозен старт на домаќините, особено во првите 15 минути. Лоша офсајд стапица на Депортиво скоро на половина од теренот.
Јаго Аспас најомразениот противнички фудбалер излета сам по десно крило. Зе Кастро успеа да стигне да покрие, ама многу несреќно топката се одби од него, па мавна во раката на Аранзубиа и стигна до единствениот играч во шеснаесетникот Марио Бермехо кој непречено стрелаше за 1-0.
Селта имаше уште една одлична прилика преку Аспас, Лауре лошо блокираше, ама топката заврши до сантиметри до голот и една шанса на Кабрал.
Многу проблеми имаа во овој период Зе Кастро и Марчена со Аспас особено.
И двајцата добија жолти, а Зе Кастро беше на раб на исклучување во ситуација кога Аранзубиа им ја додаде топката на еден од напаѓачите на Селта, па Португалецот во нашите редови мораше да фаулира.
Но од 15-та минута, Депортиво воспостави контрола на играта. Селта како да се повлече, само Депортиво играше со топката. Ги потиснавме убаво, почнавме да имаме опасни акции по средината, и од страната на Пици, но Рики постојано беше во офсајд. Еден офсајд беше неправедно досуден, а Рики беше во добра ситуација.
Конечно после целосната доминација одлично грдење на топката од Валерон уште поубаво ја протна до Домингез кој одлично пласираше за 1-1. Имавме и шанса за водство ама Пици беше блокиран во последен момент. Зе Кастро и Марчена освен во првите 15 минути ги утепаа своите противници, одлично изиграа.

Вториот дел одново судиска грешка на Ундиано Маљенко, овојпат во наша полза. Мала глума на Рики и втор жолт за Кабрал. Но иако имавме играч повеќе цели 43 минути сепак Селта беше подобра во вториот дел. Одма по црвениот, Пици од слободен стрелаше одлично, голманот на Селта одби во пречката па топката отиде во корнер.
Селта се повлекоа ама и ние не запнувавбме многу. Т.е. Пици се трудеше највеќе, ама немаше поддршка од колегата од спортивната страна Бруно Гама кој веќе неколку меча игра очајно. Голема штета што Саломао и Агилар отсуствуваа за овој меч инаку сто посто ги добивавме...
Селта изигра една одлична акција во вториот дел,неколку одлични пасови, Аспас беше сам на 7-8 метри но катастрофално промаши на огромна среќа на Аранзубиа. Постигна и гол Селта ама беше оправдано поништен поради офсајд.
Рики излезе а на негово место влезе Оливеира. Можеби потег кој Олтра не смееше да го направи со оглед на тоа што Оливеира незнае да игра како осамен напаѓач и со оглед на тоа што Рики ни е најдобар напаѓач.
Рики беше гневен испорога се на клупата :icon_mrgr:
Оливеира утна една чиста шанса. Нафрлување од Лауре, удар со глава но крај стативата иако јас веќе прославив гол :pos:
И тоа беше се од ова динамично дерби.
 
Во 55-та минута Депор поведува во куп мечот со Мајорка, со прекрасниот гол на Мануел Пабло.
Каков гол на нашиот ветеран, ја закачи на волејче ја откина мрежата на шиткачот Дуду Ауате:cuc:
--- надополнето: 1 ноември 2012 во 22:52 ---
На крајот 1-1, примивме доста ефтин гол по едно нвнимание на одбраната.
Слаб меч на вторите состави на двете екипи, Депор за нијанса поконкретен но нерешеното е најреален резултат.
Мануел Пабло играч на мечот :)
 
Коњаникот Сабја Ве имам на спортска глеј да го задржите водствово :D
ќе биде тесен меч, они ја имаат топката ние постигнавме гол и си чекаме на контра :D
Не се опасни засега...
Иначе убаво голче на Бруно Гама, ги сецна двајца и убаво му ја стегна на Ауате :D
--- надополнето: 4 ноември 2012 во 17:17 ---
dragonsky само што рецнавме пречка од слободен
Ако погодевме ќе можеше да одиш по парите :D
Вака резултатот е отворен :D
--- надополнето: 4 ноември 2012 во 17:54 ---
Готово е, после 8 меча конечно доаѓаме до втората победа и бар за момент излегуваме од опасната зона!
На крајот Депортиво-Мајорка 1-0.
Мајорка ја имаше првата шанса на мечотно Аранзубиа одбрани. Играчот кој беше невидлив на претходните мечеви а од кого очекуваме многу, Бруно Гама го откри резултатот и беше најдобар денеска.
Влезе од страна, ги сецна двајцата чувари и одлично по земја го совлада Ауате.
Мечот не изобилуваше со којзнае колку шанси.
Мајорка можеше да изамни по грешката на Зе Кастро кога место да ја врати до Аранзубиа, ја додаде топката до Аризменди но овој промаши.
Вториот дел почна со наша иницијатива, па можам да кажам дека бевме многу подобри. Мечот беше слаб, ние бевме просечни, а Мајорка беа очајни...
Сите нивни акции завршуваа кај Марчена и Зе Кастро.
Прво шанса имаше Бруно Гама, Ауате беше истрчан, Гама имаше празен гол но лобчето мина до стативата.
Мајорка имаше полушанса со шут од далеку но ништо сериозно.
Потоа Рики изнуди фаул на 18 метри, Пици ја погоди пречката додека Ауате беше немоќен.
Рики беше слаб денес, место него влезе Оливеира но се повреди па мораше да влезе Бодипо кој беше поздравен со големи овации, а и при секој негов допир публиката се палеше :icon_mrgr:
До крајот рутински но можевме да примиме гол од слободен, бидејќи ударот на Џовани Дос Сантос заврши над пречката.
Битно тепавме :D
 
Vodite 0:2 vo La Romareda protiv Zaragoza ..

Gama i Riki ,,, momentalno e 24 min :)

28 ' , od penal , Zaragoza namaluva na 1:2
 

Kajgana Shop

Back
На врв Bottom