Фан Клуб: Депортиво Ла Коруња

  • Креатор на темата Креатор на темата staki
  • Време на започнување Време на започнување
Објавен списокот на играчи за оваа сезона. Ниту еден трансфер не се оствари во последните часови од трансфер маркетот, па така останавме со познатиот состав. Во последен момент неколку клуба од странство се заинтересираа за Ив Десмаретс кој уште оваа година дојде кај нас, но лендоиро одби секакви преговори. Зе Кастро преговараше со Бешикташ но ништо ни од тоа. Енигма е што ќе се случува со Адријан Лопез Писку. И тој е на списокот но нема ниту еден одработен тренинг и се нема појавено во Ла Коруња уште од крајот на минатата сезона. Лендоиро го ставил на листата на пријавени играчи бидејќи истово ни се има случено и порано кога Бараган се немаше појавено на тренинг. Тогаш не го пријавивме за следната сезона па успеаа да се извлече по правен пат па дури и ние му плаќавме на него...
Е сега нема да се повтори истата грешка па Писку ќе биде веднаш тужен. Според неофицијални инофрмации Писку веќе тренира со Англискиот прволигаш Виган.
1 Aranzubia
2 Manuel Pablo
3 Morel
4 Ruben Perez
5 Ze Castro
6 Juca
7 Lopo
8 Lassad
9 Michel
10 Adrian
11 Riki
12 Saul
13 Manu
14 Pablo Alvarez
15 Laure
16 Antonio Tomás
17 Urreta
18 Guardado
19 Colotto
20 Desmarets
21 Valeron
22 Juan Rodriguez
23 Aythami
24 Rindaroy
25 Adrián López 'piscu'

Fabril's players:
26 Felipe Ramos
27 Rochela
28 Juan Domínguez
29 Añon
30 Stopira
31 Dani
32 Raúl Garcia
33 Diego Seoane
34 Dioni,
35 Diego Rivas
36 André André

Еве ги играчите на Фабрил кои се очекува да добиваат шанса во првиот тим на Депортиво. Всушност Домингез е само пријавен како играч на Фабрил но ќе настапува за Депортиво, а слично ќе важи и за Рочела. Шанса може да добиваат и Сеоане и Стопира кои ги одработија нечевите од подготвителниот период, а ништо полоши не се ни Диони и Давид Ањон кој играше за нас лани :)
 
Во време на интернационалните мечеви нема ништо ново во таборот на Депортиво. Единствена новост е дека Писку е пронајден како шѓто се очекуваше во хотел во Виган, и најверојатно деновиве ќе има средба со челниците на Депортиво околу неговата иднина. Единствениот играч кој настапи за својата репрезентација викендов, беше Гвардадо кој изиграл солидни 90 минути во поразот на Мексико од 1-2 со Еквадор.
Еве нешто од очекувањата на Рики, како и интервјуа со Ману и Морел.
Инаку Фабрил продолжува со одличните игри. Откако во првото коло одземаа бод од кај Луго, во вторто беше совладан тимот на Вециндарио со 1-0 со голот на Диони. Сега вториот тим на Депортиво има 4 бода од два меча, што е стварно за поздравување.
 
Се ближи дуелот со Севиља. Според досегашните подготовки се чини дека скоро е познат тимот со кој Лотина ќе истрча во Севиља. Повторно нема да отстапи од идиотската 4-2-3-1 формација, а се планира да настапат следниве.
На голот одново ќе биде Ману бидејќи Аранзубиа сеуште не е дволно подготвен. Ништо нема да се смени ниту во одбраната, па ќе настапат истите 4-ца како и со Сарагоса. Мануел Пабло ќе биде десно, Колото и Лопо во центарот а како лев бек ќе настапи Клаудио Морел.
Измени најверојатно ќе има во позициите ДМ. На претходниот меч тука настапија Родригез и Томас и не се покажаа најсјајно, па возможно е на местото на Томас да настапи Бразилецот Љука. Истотака можно е и да го видиме Рубен Перез кој се покажа како добра позајмица од Атлетикко на подготвителните мечеви. Проблемот е што имаше настапи за младинците на Шпанија во последната недела. Истото важи и за Гвардадо кој на составот ќе му се придружи во петок. одигра два цели меча за Мексико во последната недела, и не се знае дали ќе може да изигра цел меч. Сепак многу веројатно е да стартува во недела. Во центарот на средината со сигурност ќе биде Мичел, а дилеми има за десната крилна позиција. И Саул и Урета се покажуваат одлично, но веројатно е дека Уругваецот сепак ќе добие шанса во првиот состав. За нападот не се знае сеуште. Се тестираа и Рики и Ласад, а Адријан беше со младинците на Шпанија па тешко дека ќе настапи од почетокот.
Очекувањата од овој меч не се којзнае какви. Севиља е за класи подобар тим, и се надевам дека сепак ќе успееме да изнеадиме како што беше случај лани, кога им украдовме еден бод.
Од друга страна се замрсува случајот со Писку, т.е. на површина излегоа проблемите со неговиот менаџер и Депортиво. ТОа е многу лошо, бидејќи истиот овој типац е менаџер и уште на 4 играчи на Депор. Томас, Адријан и Томас се истотака под негова закрила, и ризикуваме да се нарушат односите и со нив. Што е најважно тој е менаџер и на најдобриот играч од школата на Депор, дефанзивецот Давид Рочела (за кого се шпекулира дека го барааат Севиља и Валенсија), и затоа треба што побрзо да ги решиме проблемите со овој менаџер, за да не го изгубиме златниов играч :(

Еве и еден прилог за буџетот на Депортиво....
Оваа година треба да вратиме уште 12 милиони од долгот што ќе ни го намали вкупниот долг на 110 милиони евра, Според очекувањата овој долг треба да го елиминираме дури за десет години :pop:
Дотогаш лошо ми се пишува на Депортиво :(
 
PORTEROS --- Manu, Felipe Ramos
DEFENSAS --- Laure, Aythami, Lopo, Manuel Pablo, Colotto, Morel
CENTROCAMPISTAS --- Antonio Tomás, Juca, Rubén Pérez, Guardado, Juan Rodríguez, Desmarets, Míchel, Urreta
DELANTEROS --- Lassad, Adrián, Riki

Еве составот на Депортиво за престојното дерби со Севиља. На листата ги нема првиот голман Аранзубиа кој се очекува да се врати за следниот меч, а нити ги има Валерон и Саул (не сум сигурен зошто се надвор, најверојатно поради повреда, бидејќи Саул беше еден од најдобрите на подготовките...) и повредениот Зе кастро, како и Писку кој го нема одамна во клубот, сите знаеме зошто...
Најверојатно од тимот со Сарагоса ќе има две измени.
Тимот би требало да изгледа вака...
Ману
Пабло Колото Лопо Морел
Томас Жука
Урета Мичел Гвардадо
Рики​

Промени има во нападот каде што најавен е Рики наместо Адријан и на позицијата ДМ каде што место Хуан Родригез ќе игра Жука...
Очајни измени според мене. Жука нема настап којзнае од кога незнам што би помогнал со Томас за да се спречат бризте навални играчи на Севиља :raz: Океј за Рики е подобар од Адријан, ама целиот тим ми изгледа бајаги слабо. Мислам дека треба да му се даде шанса на Десмаретс во вториот дел, и да се измешаат малку позициите.
Во Севиља скоро секогаш изненадуваме, али овој пат не очекувам ништо особено.
Со оглед на тоа што Херкулес ја победи Барса на гости, Сантандер изигра фантастично против Валенсија, можам да заклучам дека во моментов со нашата игра сме меѓу послабите тимови во лигата и искрено треба да стравуваме за опстанок...
 
Ако некој сака да го гледа дербито за ла Коруња помеѓу Монтањерос и Фабрил, меч од третото коло во Трета лига, може да следи овде . Монтањерос води со 1-0, со голот на Рубен Ривера екс играч на фабрил...

--- надополнето ---

Уф каков меч на Депортиво :vozbud:
И одново се покажува дека многу добро ни лежи Сан Мамеш. Се препотив дур ја гледав утакмицава у пичку материну. Резултатот веќе познат 0-0, но рамно на победа за Депортиво. Лотина не изненади сите со стартните 11. Многу ме задоволи со составот кој го извади во првото полувреме. Наместо најавуваниот состав, направил некоја замена, а се шпекулира дека Мичел не стартувал бидејќи изјавил за Скај Спорт дека Депортиво не игра како тим, туку играат индивидуалци...
Стартерите беа:
Ману
Пабло Колото Лопо Морел
Томас Рубен Перез
Урета Десмарец Гвардадо
Адријан​

Певиот дел го почнавме многу добро. За разлика од тоа што сме навикнати, овој пат со една побрза прва постава Депор не дозволуваа Севиља да ја освои средината и се вршеше притисок уште на нивната половина. Тоа вроди со плод бидејќи лесно ги сечевме нивните акции, особено преку расположениот Рубен Перез кој докажа дека е добар играч после задоволителната подготвителна сезона. Во првата наша акција, Десмарец убаво додаде до Морел, овој дава пас во широчина за Адријан, но нашиот напаѓач реагира многу лошо. Незнам зошто само му дадоа предност на него, а не на Рики. Рики е напашач кој може да игра сам, а не Адријан. Адријан може да игра малкуи поповлечено, али ајде...
Почнаа и нападите на Севиља. Убаво затвравме по средината, но нашите странични бекови беа преспори да се справат со нивите брзи крила. Морел неколку пати извиси ктрај Навас, а Пабло им беше како играчка по десната страна. Сепак сите шанси кои ги имаше Негредо беа запрени од денеска брилијантниот Ману. Единствената негова грешка кога излета во празно, за среќа домаќините не ја реализираа бидејќи Навас ја погоди стативата. Во првиот дел, средината беше на ниво. Гвардадо одлично ја водеше топката, Десмарец беше истотака разигран, а Рубен Перез и Томас често ги сечеа топките. На ниво не беше можеби само Урета, кој неколку пати лошо додаде, но тоа можеби се должеше и на фактот што мануел Пабло не идеше толку нанапред, за разлика од Морел кој често улетуваше и комбинираше со Гвардадо.
Во одбраната Лопо и Колото беа сигурни.
Во вториот дел Севиља нападна посериозно и шансите пред нашиот гол се редеа. Прво Негредо имаше две одлични шанси, па Конко се разигра и ја погоди пречката а имаше уште некоја шанса. Ману одново беше брилијантен и имаше две фасцинантни интервенции кога со паради ги бранеше ударите на противникот од три метра. Недозволиви дупки во одбраната имаме при прекините. На Колото често му бега чуварот при прекините, и тоа ни создава големи проблеми. Во активна игра се снаоѓа солидно, заедно со Лопо кој царуваше денес во одбраната, но по прекини имаме големи проблеми кои мора да се санираат. И ние имавме огромна шанса во вториот дел, кога Лопо едноставно се посрамоти. Ја утна шансата на деценијата...
При нафрлена топка од слободен удар, беше осамен на три метра од голот но неговиот удар со глава заврши над голот. Многу лоша реакција од него, особено заради тоа што 90% од вакви ситуации досега ги решавал со голови.
Во вториот дел, Десмарец се изгуби, па брзо беше заменет со ласад. Иако не бев многу радосен заради оваа измена, сепак Тунижѓанецот ме демантираше. Изигра маестрално. Често крадеше топки, ја држеше кога беше потребно, па му направи и неколку олушанси на Адријан кој никако не успеваше да се одржи на нозе и да ги реализира. Се разигра и Урета а Гвардадо не беше на истото ниво од првиот дел. Се повредија и Томас и Рунбен Перез, па во игра влегоа и Родригез и Жука. Жука беше солиден, а Родригез релативно слабо се снаоѓаше со оние кои требаше да ги чува. И во последната минута Гвардадо беше осамен на 20 метри од голот, но одбра да шутне, но неговиот лоб удар заврши лошо...
На крајот, честитки за вториот бод сезонава, и нашата гол разлика е сеуште 0-0 :icon_mrgr
Играч на мечот е дефинитвно Ману :back:
 
И одново се покажува дека многу добро ни лежи Сан Мамеш. Се препотив дур ја гледав утакмицава у пичку материну. Резултатот веќе познат 0-0, но рамно на победа за Депортиво. Лотина не изненади сите со стартните 11. Многу ме задоволи со составот кој го извади во првото полувреме. Наместо најавуваниот состав, направил некоја замена, а се шпекулира дека Мичел не стартувал бидејќи изјавил за Скај Спорт дека Депортиво не игра како тим, туку играат индивидуалци...

Санчез Пизхуан :smir: :)
Камо Лопо да погодеше :) И секако честитки за бодот на стадион како што е на Севиља!
 
Санчез Пизхуан :smir: :)
Камо Лопо да погодеше :) И секако честитки за бодот на стадион како што е на Севиља!

Да да, ги утнав малце :icon_mrgr
Фала на честитки за бодот. Бтв заборавив да спомнам, во дербито на Ла Коруња, Фабрил (Депор Б) загуби од Монтањерос со 3-1 во третото коло од трета лига...
 
Да,ова беше добар меч во кој на многу моменти имавме и многу среќа,а многу ситуации спаси Ману.Мој глобален рез за овој меч е следниов:како прво,Мануел Пабло треба по итно да оди у пензија зашто човекот е во неговите 36 години и сета е јасна.Ману ме изненади со неговите одлични интервенции.Ако продолжи да се развива така,има ветувачка иднина.Сепак мораме да признаеме дека денот и не беше баш за напаѓачите на Севилја кои и тоа како знаат да ги користат пропустите кои ги имаше нашата одбрана.За Перез забележав дека во одбрана многу слабо се снаоѓа така да друг пат да сум на местото на лотина не би го играл DM.Урета ме изненади со брзината,добар беше и многу истрча.Овој Морел исто така беше добар но последните 20 минути спласна како баба ми трчаше.Рики сметам дека требаше да добие шанса,бидејќи Адрија едноставно премногу кредити добива од Лотина,не знам што толку му се свиѓа.Ласад беше одличен,се гледа дека има прогрес кај него,но за 5-6 кола го очекувам најдоброто од него.Гуардадо просечен.И за крај наводната изјава на Мичел.ПА и очекувам такви работи од играчите на Валенсија зашто сметам дека се нај:drk: тим во Примера.:toe:
 
Да,ова беше добар меч во кој на многу моменти имавме и многу среќа,а многу ситуации спаси Ману.Мој глобален рез за овој меч е следниов:како прво,Мануел Пабло треба по итно да оди у пензија зашто човекот е во неговите 36 години и сета е јасна.Ману ме изненади со неговите одлични интервенции.Ако продолжи да се развива така,има ветувачка иднина.Сепак мораме да признаеме дека денот и не беше баш за напаѓачите на Севилја кои и тоа како знаат да ги користат пропустите кои ги имаше нашата одбрана.За Перез забележав дека во одбрана многу слабо се снаоѓа така да друг пат да сум на местото на лотина не би го играл DM.Урета ме изненади со брзината,добар беше и многу истрча.Овој Морел исто така беше добар но последните 20 минути спласна како баба ми трчаше.Рики сметам дека требаше да добие шанса,бидејќи Адрија едноставно премногу кредити добива од Лотина,не знам што толку му се свиѓа.Ласад беше одличен,се гледа дека има прогрес кај него,но за 5-6 кола го очекувам најдоброто од него.Гуардадо просечен.И за крај наводната изјава на Мичел.ПА и очекувам такви работи од играчите на Валенсија зашто сметам дека се нај:drk: тим во Примера.:toe:
Мило ми е што те гледам пак на форумов, и се надевам дека почесто ќе дружиш :)
Реално Мануел Пабло, е премногу спор за десната бековска позиција, но да не забораваме дека е стар мудрец кој често добро се снаоѓа во позициони напади. А и немаме некој којзнае каква алтернатива, со оглед на тоа што ни од Лауре неможеме да очекуваме којзнае колку. Мислам дека е време шанса да му се дава на Диаего Сеаоне, кој во подоготвките играше солидно по левата страна, иако природна позиција му е лев бек. Мануел Пабло не би можел да игра уште многу време. Максимум му давам уште една сезона, па време е да се менува нешто по таа страна. Морел е искусен Парагвајски репрезентативец, но и тој некако многу лесно беше претрчуван од Хесус Навас, но како што кажа среќата и Ману не спасија денсеска, но се на се одигравме добар меч.
Лотина многу го форсира Адријан. Додуша дечкото добро ја држи топката , но како единствен напаѓач НИКАКО...
Да може да го игра како AMC, ама за жал никако не ја менува тактиката па ќе мора да страда нашата навална линија, и не очекувам годинава да дадеме повеќе од 30 погодоци :kesa:
Незнам зошто не ти се допаднал Перез. Баш убаво сечеше топки, а и пасовите му беа прилично точни :)
Следниот меч го играме во понеделник (20 Септември) со Гетафе, а само три дена потоа гостуваме кај Виљареал. Тоа се бајаги тешки мечеви па ако освоиме три бода од двата меча ќе бидам презадоволен...
 
Еве ги реакциите после мечот од Лотина и неколку играчи , како и од Шпанските весници. Очигледно е дека сите се задоволни од играта. Пред се сите се задоволни од одбраната и уште од сега се најавува дека ниту една екипа нема да даде многу голови против Депортиво. Но што е со нападот??? Мислам дека многу тешко ќе биде на мечевите кај што треба и да нападнеме, на мечеви во кои што противникот ќе ни игра на бод. Сеуште не ми се допаѓа што Лотина го игра Адријан како осамен напаѓач, и што не му дава шанса на Рики. Конечно можеби и Ласад се враќа во форма, а тоа е огромен плус за нас :vozbud:
Сега сме 14-ти на табела, со 2 бода и гол разлика 0-0...
Неможам да давам многу заклучоци од овие два меча, и ќе почекам до другиот со гетафе, каде што е време да стигнеме до првите три бода. Едноставно мора да ги добиваме ваквите мечеви ако сакаме да се одржиме во првата Шпанска лига...
Инаку сеуште не е јасно што всушност се случило со Мичел. Лотина ги демантираше шпекулациите дека тој бил отфрлен од тимот бидејќи изјавил дека во Депор нема слога и сите играат како индивидуалци, и рече дека веќе цела недела се тестирало со Десмарец како плејмејкер и тоа требало да биде еден вид на изенадување. Но од друга страна Десмарец изјавува дека он дознал дека ќе биде стартер и тоа плејмејкер на еден саат пред почеокот на мечот. Две контрадикторни изјави кои оставаат место за сомнежи :raz:
 
Во време кога единствената вест од ла Коруња е дека Адријан Лопез Писку најверојатно ќе потпише за Виган, по што неговиот случај ќе оди на суд, ќе пишам еден пост околу финансиите во последниве години. На крајот од Јуни 2003 Депортиво достигнал долг од цели 178 милиони евра... Овој долг постепено се смалуваше во наредните години. До 2008 смалувањето одеше многу отежнато па во Јуни таа година, вкупниот долг изнесувал 159 милиони евра. Но затоа во последните две години смаливме уште многу од тој долг. Па сега во Јуни 2010 вкупниот долг е САМО 103 милиони евра.
Значи вака....
2003 година - 173 000 000 евра
2008 година- 159 000 000 евра
2010 година- 103 000 000 евра

За седум години сме поништиле 75 милиони од нашиот долг...
Тоа значи дека ќе ни требаат уште десетина години во исто темпо за да го поништиме целиот долг и конечно да почнеме да функционираме како нормален клуб :(
Но дали ќе може да издржи Депортиво уште толку години во Примера??? Е тоа е прашање за кое сум мал скептик. Поголем дел од трансферите кои ги правиме се воглавно позајмици и тие играчи ќе си замионат. Извесно е дека ќе си оди и Гвардадо, па така потоа ќе бидеме во голема каша. Али надежта последна умира :icon_mrgr
Значи во сезоната 2020/21 Депортиво се враќа на голема врата :icon_mrgr :icon_cool
А еве како се движел нашиот буџет.
2003/04 - 86 000 000
2010/11 53 000 000
За седум години буџетот сме го скратиле за 33 милиони евра...
За споредба буџетот на Реал Мадрид за оваа година изнесува 442 000 000 евра. Можат комотно да ни го платат долгот и пак да не осетат никаква разлика :icon_mrgr
 
И повторно утре ќе го гледаме Депортиво на Алфа :tv:
За прв пат во историјата Депортиво ќе изигра меч во понеделник. Следнава недела е многу тешка бидејчи не очекуваат дури три меча во размак од 6 дена...
Најпрвин утре играме со Гетафе, па во четврток гостуваме кај Виљареал и во недела од 17 часот ја пречекуваме Алмерија на Риазор. Утре не очекува соочување со Гетафе во кое пожелно е да стигнеме до 3 бода. Лотина барал од фудбалерите утре да играат поагресивно и да тргнат кон противничкиот гол, за да ја постигнеме првата победа во новата сезона. Ова се мечеви во кои мораме да ги добиваме противниците за да уште од почеток си го осигураме опстанокот во лигата. Гетафе е противник кој скоро секогаш ни создавал проблеми на наш терен. Повторно ќе се соочиме со старата болка, а тоа е КАКО ДА СЕ ПОСТИГНЕ ГОЛ??? Гетафе е противник кој лесно може да ја искористи нашата евентуална отвореност. Во нивната екипа го имаат Колунга, играчот кој лани ме импресионираше во дресот на Сарагоса...
Брз играч, кој и лани не покоси на Риазор, а лесно постигнува голови при контри ( ги стресе и Реал и Барса после контри...). Ќе играме повторно во истата формација. И повторно во стартерите е најавен Адријан, а знаеме дека е очаен како единствен напашач, али изглкеда не му доаѓа памет на Лотина. Скоро сигурно е дека десно ќе биде Гвардадо, лево Урета, а дилемата е за средината. Лотина имал дилеми меѓу Мичел, Ласад и Десмарец. Според тоа што го видов претходниот меч, би сакал да го видам ласад во оваа улога...
На позициите ДМ ќе ги видиме Томас и Рубен Перез, а водобраната стандардно, централно Лопо и Колото, а по бековските позиции Мануел Пабло и Морел... Аранзубиа сеуште не е вратен во тимот, па на голманската позиција ќе биде Ману кој е единствениот голман кој сеуште е несовладан во Примера, откако вчера Касиљас прими еден гол :)
Еве ги избраните играчи за овој меч...

List for the game: Manu, Felipe Ramos; Laure, Aythami, Lopo, Manuel Pablo, Colotto, Morel; Antonio Tomás, Juca, Rubén Pérez, Guardado, Juan Rodríguez, Desmarets, Míchel, Urreta; Adrián, Lassad and Riki.

Изненадувачки е што во составцот ги нема ниту Валерон, ниту Саул кој беше еден од подобрите во подготвителниот период... Го нема ниту Олав Риндерој...
Али ваљда ќе ротира нешто Лотина за следните дуели :raz:
 
Пренос сепак нема...
Стримови овде
Почетна постава е
Ману
Пабло Колото Лопо Морел
Томас Перез
Урета Мичел Гвардадо
Адријан

На спроитвната страна во нападот атакува нашиот екс играч Аризменди :)

--- надополнето ---

Аман веќе...
Си седнав да гледам фудбал во понеделник и тоа мојата екипа, и не видов ништо. Ова се случува откако Лотина е тренер на Депортиво. Очај, очај, очај, немаме шанси, мртва игра, противникот не гази на секое поле, ја држи топката 90% од времето...
Се плашам да прогнозирам ама мислам дека ова е последна сезона на Депортиво во првата лига...
На полувреме, Депортиво-Гетафе 0-1...
Примивме шашав гол, всушност беше автогол на Колото по шутот на Колунга...
Веќе не сме девици, не скинаа (прв гол сезонава..):smir:
Но затоа дали сезонава ќе постигнеме гол???
Немавме никаква шанса освен еден удар на Адријан...
Но грешката е целосно на Лотина. Изгубен е во свемирот. Направи веќе две измени. Очајниот Мичел излезе, влезе Ласад, Урета излезе влезе Десмаретс...
Треба да се случи чудо за Депор да стигне до бод денес...
 
Гоооооооооооооооооооооооооооооооооооол, Гвардадо од пенал :)
Почнавме фуриозно. Десмаретс гази, и по еден негов шут одбраната на гетафе блокираше, и судијата ни подари пенал демек играле со рака :icon_mrgr
 

Kajgana Shop

Back
На врв Bottom