Сајберче немој да не сти ги помутиле сметките, да ви удрат у глава у среда да не зезнете оти тешко тебе ќе биде

Чиста двојка е тоа бе :zlo:
Само да не падне брз гол, инаку ќе се повтори ланската петарда. Незнам зашто али налагам многу надеж во овој меч

Шест меча без победа, па и нерешено на Ноу Камп ќе ни изгледа како планина. Првиот меч го добивте лагано, али сега очекувам поголем отпор ако ништо друго. Очекувам интересен меч, кој се надевам ќе заврши во наша полза :baeh:
Иниеста се повредил и нема да настапи утре на мечот со Депортиво. Одлична вест за нас. Ме чуди што Гвардиола најверојатно ќе излезе со најсилен состав :nesvest:, 4-3-3 со Меси, Педро и Бојан во нападот, Туре, Кеита и Чави во средината и Алвес, Пике, Пујол и Максвел во одбраната. Готови се

Уф каков меч не очекува nesvest:
Кога во одбраната го имавме Фелипе, едвај успеавме да им се спротиставиме и тоа на наш терен, па иако не беа во полн состав си заминаа со лесна победа од 1-3. Сега шансите за бод ни се сведени на минимум. Кога се игра со Барселона мотивот е секогаш присутен, безразлика на тоа што немаме никакви амбиции за Европа, ниту пак имаме состав за повисок дострел. Како и секогаш очекувам достојно да се преставиме. Лотина повторно ќе излезе со шугавата 4-2-3-1 формација. За одбраната има мали дилеми. На голот сигурно ќе биде Аранзубиа, а во центарот од одбраната Лопо и Колот. Меси против Лопо и Колото. Мајко мила :uvo:
Побрз е едно милијарда пати од нив двајца. Лопо знае да изигра цврсто во одбраната и се надевам дека ќе најде начин да го сопре Меси. Но тука се страничните позиции, и сигурно ќе има продори по страните на противничките играчи со оглед на аматрството на нашите странични бекови. Сигурен на теренот ќе биде Лауре. Но дали ќе игра лево или на природната десна позиција, ќе се знае во последен момент. Ако игра десно тогаш, на левата страна ќе биде младиот Раул, кој своето деби го имаше во минатиот меч. Ако биде лево Лауре, тогаш десно ќе биде Мануел Пабло. Мислам дека ќе биде грешка ако се изигра Раул на овој меч. Колку и да е спор Мануел Пабло, сепак потребно ни е неговото искуство во одбраната, затоа што добро знаат да измаркираат со Лопо. Е за левата страна ќе биде бушење. За да се спротиставиме на напаѓачката формација на Барселона, кога веќе Лотина не игра со 4-4-2, паметно би било да стави тројца играчи пред дефанзивците, па да настапиме со 4-3-2-1 наместо 4-2-3-1. Многу веројатно дека како DM ќе настапи ХУан Родригез, а покрај него би требало да биде Антонио Томас. Томас треба да ја надомести бавноста на Лауре, па и на Колото, и да не дозволува лесни влезови до нашиот шеснаесетник :jaj:
Ако топката случајно дојде до нашата средина, тука најверојатно ќе ја пречекаат Пабло Алварез, Рики и Гвардадо. Пабло Алварез е сосема просечен десен крилен играч и кога би бирла тука би го играл Хуан Родригез, а позади да биде Серхио заедно со Томас. Но според последните најави Серхио не е баш подготвен за игра. Секако најмногу се очекува од Рики и Гвардадо. Повеќе сакам кога Рики е во самиот шпиц на нападот, а позади него се Гвардадо и Валерон или Хуан Домингез. Тука прави грешка Лотина, затоа што не става во игра класичен плејмејкер, и топката ретко стигнува до нашиот шпиц Адријан, а тој и не е играч кој сам може да си направи шанса за гол. Сепак верувам дека ќе клукнеме некоја контра:tv:
Добра вест е што во тимот не е одбран Бодипо

Мечот е утре во 22 часот, и иако стравувам од тежок пораз, сепак потајно се надевам на успех на Ноу Камп:tv: