Фан Клуб: Депортиво Ла Коруња

  • Креатор на темата Креатор на темата staki
  • Време на започнување Време на започнување
Конечно во стартерите ќе го нема Мануел Пабло. Уф какво олеснување :)
Лотина ја најави почетната дефанзивцна линија. На голот Аранзубиа, а во одбраната Лауре-Лопо-Колото-Раул. Одличено :)
За овој меч ги имаме и здравиот Гвардадо, а и Рики и Ласад. Можна формација 4-2-3-1 со Родригез и Томас пред дефанзивците, за средината ќе конкурираат Гвардадо, Рики, Перез па може и Ласад, а во нападот Адријан.
Одамна не сум бил толку сигурен во победа. Ајмо момци за честа на Ла коруња:back:
 
Не очекува меч соекипата од која имаме купено највеќе играчи, и со која сме во одлични односи. Дури 17 играчи од 1991 година, преминале од дресот на Расинг Сантандер во нашиот дрес, а истотака голем број преминале и во спротивната насока. Еден од ниве и стариот лисец Мунитис :) Мислам дека сеуште е во можност да ни направи огромни проблеми на утрешната средба. Големо олеснување за нас е што овој меч поради мускулни проблеми ќe го пропушти Каналес :)
Лотина најверојатно мечот ќе го почне во следниот состав:
Аранзубиа
Лауре Лопо Колото Раул
Серхио Томас
Алварез Рики Гвардадо
Адријан​
Време беше за промени во составот. Заслужено на мал одмор ќе оди Мануел Пабло, кој одигра ужасно во последните 4-5 меча. Не се согласувам, што од прв остав ќе биде изоставен Родригез, али не е лошо да се проба нешто ново.
Утре, ДЕПОРТИВО-Сантандер чист кец :)
 
И повторно ништо од трите бода :(:(
Ај следен меч во среда ја имаме победата на Ноу Камп :pos::pos:
Само 2 бода на Депортиво во последните 6 меча :kesa:, a многу извесно е дека таква ќе остане ситуацијата и по следниот меч. Се плашам само да не напримиме едно 6-7 гола во Барселона. Хмм, денеска не бев во можност да го гледам мечот, али како што читам, повторно бил изигран патетичен меч. И по милионити пат ќе кажам, дека е одлично што имавме собрано доволно бодови на полусезона инаку дефинитивно не ни бегаше втора лига. А се почнало убаво. Рики уште на почетокот стрелал за 1-0. Сме имале неколку полу шанси, но и многу безпотребни дари од далечина на Гвардадо и на Хуан Родригез. Лотина овој меч го играл во старата формација 4-4-2 со очајниот Бодипо во нападот и Адријан. Кога излегол Бодипо од игра го свирел цел стадион. Сепак сме ја заслужиле победата на овој меч, од причина што на спротивната страна сме имале екипа која немала никаква желба за да дојде до трите бода. Али ете среќата повторно не е на наша страна. Ужасни ни се страничните бекови, одбраната трома, средината неинвентивна а нападот невидлив. Моја прогноза е дека нема да победиме ниту еден меч до крајот на сезоната, освен оној во среда :pos2:
 
Помина и мечот со Сантандер. На ред е најтешкото гостување. Редно време е вака поопуштени, откако ги изгубивме шансите за Европа, да ја нападнеме величествената Барселона. Многу не потценуваат, а тука е нашата шанса. Ајде плаво-бели, покажете дека и вие знаете да играте добар фудбал :pipi:
И за овој меч ќе го немаме во тимот Мануел Пабло, ниту пак младиот Домингез, кој доста напредуваше. Незнам колку ќе биде спремен Ласад, али и да игра не ми се верува дека ќе покаже нешто. Редно време е Лотина да излезе похрабро, па макар примиме 90 гола. Нека ја батали таа ужасна формација од 4-2-3-1. Попичкарско нешто амин. Сите се палат на шпанскиот фудбал. И донекаде ми е јасно, затоа што скоро сите од нив следат утакмици на Барселона и Реал кои играат вонзмјански фудбал. Да ги следи некој мечевите на Депортиво, ќе има сосема различно мислење за Примера. Против една Барса ќе настапиме без најдобрите три леви бека, и практично ќе настапат Лауре и Раул, играчикои тукушто дојдоа од нашиот втор тим кој гази во четвртата лига. И затоа е доста реално ова што ни се случува. Фамата помина, европа е далеку и треба само достојно да се доиграат сите мечеви. Победа сред Ноу Камп се граничи со научна антастика, но се додека има шанси надежта последна умира. И не беше толку далеку времето кога се враќавме со три бода од Барселона :) Но, тогаш го имавме Макај во нападот. А сега Адријан и Бодипо. За вториот нема да трошам зборови, а во првиов полагам некоја надеж. Е тука е и мојот најголем адут. Рики е човекот:), и многу ми е криво што беше повреден ,многупати сезонава. Да се воиграат со Гвардадо и се ќе биде океј, а многу повеќе очекувам и од Хуан Родригез. Очајни сме на секоја позиција, а најглавната ричина за тоа се повредите. Не сме тим кој има достојни замени ама мора да се помириме со фактот дека во моментов имаме тим, која ако сега би почнало првенството сигурно би испаднал :smir:
Ах како би ја трампал таа вечер против Билбао, за пораз, ама за возврат да го имавцме здравиот Фелипе :(:(:(:(:(
Инаку се преговара за продолжување на позајмицата на Брајан Ангуло. Истотака има и шпекулации за ихграчи од Перу и Мексико. Ќе видиме што ќе биде од сето тоа :)
 
Saber so ne probas malku po malku da go smenis timot(eve dobrodojden si u Barcelona fc) :) ti vikam od pricina so nema koj da ti vozvrati na tvoite odlicni postovi vo vrska so Depor,debata 0,ambicii blizu 0.Onaka mi padna zal za tebe,vakov aktivitet od tvoja strana Deportivo ne zasluzuva:helou:
 
Saber so ne probas malku po malku da go smenis timot(eve dobrodojden si u Barcelona fc) :) ti vikam od pricina so nema koj da ti vozvrati na tvoite odlicni postovi vo vrska so Depor,debata 0,ambicii blizu 0.Onaka mi padna zal za tebe,vakov aktivitet od tvoja strana Deportivo ne zasluzuva:helou:
Никогаш не го менувам Депортиво. Всушност големите тимови и никогаш не ми биле многу привлечни. Владее кај мене бунтовничкиот дух и надеѓта за промени :)
Исто жал ми е што и тие што беа малку поактивни на темава порано сега ретко се логираат на кајгана. Па ако нема со кој да се прави дискусија ондак нека личи на блог :kesa:
 
не сум го гледал депортиво одамна гледам мн промени има во составот последно беше кога го совлада на милан со 3 0 или 4 0 не се секавам кога стигнаа во полу финале во лига на шампиони
 
не сум го гледал депортиво одамна гледам мн промени има во составот последно беше кога го совлада на милан со 3 0 или 4 0 не се секавам кога стигнаа во полу финале во лига на шампиони

Ехее, значи не си го гледал уште од 2004 :)
Од тогашниот состав на Депортиво во тимот се само Мануел Пабло и Валерон. Се друго се менува скоро секоја сезона, само старите лисеци си остануваат верни :tv:
 
Сајберче немој да не сти ги помутиле сметките, да ви удрат у глава у среда да не зезнете оти тешко тебе ќе биде:):)
 
Сајберче немој да не сти ги помутиле сметките, да ви удрат у глава у среда да не зезнете оти тешко тебе ќе биде:):)

Чиста двојка е тоа бе :zlo:
Само да не падне брз гол, инаку ќе се повтори ланската петарда. Незнам зашто али налагам многу надеж во овој меч :) Шест меча без победа, па и нерешено на Ноу Камп ќе ни изгледа како планина. Првиот меч го добивте лагано, али сега очекувам поголем отпор ако ништо друго. Очекувам интересен меч, кој се надевам ќе заврши во наша полза :baeh:

Иниеста се повредил и нема да настапи утре на мечот со Депортиво. Одлична вест за нас. Ме чуди што Гвардиола најверојатно ќе излезе со најсилен состав :nesvest:, 4-3-3 со Меси, Педро и Бојан во нападот, Туре, Кеита и Чави во средината и Алвес, Пике, Пујол и Максвел во одбраната. Готови се :pos:
Уф каков меч не очекува nesvest:
Кога во одбраната го имавме Фелипе, едвај успеавме да им се спротиставиме и тоа на наш терен, па иако не беа во полн состав си заминаа со лесна победа од 1-3. Сега шансите за бод ни се сведени на минимум. Кога се игра со Барселона мотивот е секогаш присутен, безразлика на тоа што немаме никакви амбиции за Европа, ниту пак имаме состав за повисок дострел. Како и секогаш очекувам достојно да се преставиме. Лотина повторно ќе излезе со шугавата 4-2-3-1 формација. За одбраната има мали дилеми. На голот сигурно ќе биде Аранзубиа, а во центарот од одбраната Лопо и Колот. Меси против Лопо и Колото. Мајко мила :uvo:
Побрз е едно милијарда пати од нив двајца. Лопо знае да изигра цврсто во одбраната и се надевам дека ќе најде начин да го сопре Меси. Но тука се страничните позиции, и сигурно ќе има продори по страните на противничките играчи со оглед на аматрството на нашите странични бекови. Сигурен на теренот ќе биде Лауре. Но дали ќе игра лево или на природната десна позиција, ќе се знае во последен момент. Ако игра десно тогаш, на левата страна ќе биде младиот Раул, кој своето деби го имаше во минатиот меч. Ако биде лево Лауре, тогаш десно ќе биде Мануел Пабло. Мислам дека ќе биде грешка ако се изигра Раул на овој меч. Колку и да е спор Мануел Пабло, сепак потребно ни е неговото искуство во одбраната, затоа што добро знаат да измаркираат со Лопо. Е за левата страна ќе биде бушење. За да се спротиставиме на напаѓачката формација на Барселона, кога веќе Лотина не игра со 4-4-2, паметно би било да стави тројца играчи пред дефанзивците, па да настапиме со 4-3-2-1 наместо 4-2-3-1. Многу веројатно дека како DM ќе настапи ХУан Родригез, а покрај него би требало да биде Антонио Томас. Томас треба да ја надомести бавноста на Лауре, па и на Колото, и да не дозволува лесни влезови до нашиот шеснаесетник :jaj:
Ако топката случајно дојде до нашата средина, тука најверојатно ќе ја пречекаат Пабло Алварез, Рики и Гвардадо. Пабло Алварез е сосема просечен десен крилен играч и кога би бирла тука би го играл Хуан Родригез, а позади да биде Серхио заедно со Томас. Но според последните најави Серхио не е баш подготвен за игра. Секако најмногу се очекува од Рики и Гвардадо. Повеќе сакам кога Рики е во самиот шпиц на нападот, а позади него се Гвардадо и Валерон или Хуан Домингез. Тука прави грешка Лотина, затоа што не става во игра класичен плејмејкер, и топката ретко стигнува до нашиот шпиц Адријан, а тој и не е играч кој сам може да си направи шанса за гол. Сепак верувам дека ќе клукнеме некоја контра:tv:
Добра вест е што во тимот не е одбран Бодипо :vozbud:
Мечот е утре во 22 часот, и иако стравувам од тежок пораз, сепак потајно се надевам на успех на Ноу Камп:tv:
 
Ама притисок од Барселона на почетокот. Очекувано имаат многу шанси во нашата половина. Каков дегенски потег на Лотина. Не ми се верува дека против една Барселона во одбрана го ставил Писку:tapp::tapp: Лево Мануел Пабло неможе да придвижи, а истотолку очаен на десно е и Лауре. Оваа утакмица ако не шримиме 7 гола, јас јајцава си ги сечам:pos2::pos2: И ете веќе губиме со 1-0:tv:

EDIT: Подобро Лотина да ја повлече екипава, барем ќе изгубиме 3-0 служвбено и нема да ги посрамотуваат толку нашиве пулени :kesa:
 
Сајбер не губи надеж, у второ ваши се.. :zlo:
 
Сајбер не губи надеж, у второ ваши се.. :zlo:

Абе им даваме фора во првово полувреме, али не искористија шансите. Мислевме да им дадеме фора 3-0 и после пресврт да правиме :pos:
Готови се :zlo::pos:

ajmo Saber glavata gore,dobro se drzite:kesa:

Kриво ми е што не игравме цела сезона со Фелипе, или барем со еден првтимски бек. Ова не личи на ништо. Со четвртолигашки играчи не се настапува:kesa: Колку пари, толку музика.
 
Абе им даваме фора во првово полувреме, али не искористија шансите. Мислевме да им дадеме фора 3-0 и после пресврт да правиме :pos:
Готови се :zlo::pos:

Ја местат, ќути само не кажуј на никој. :wink:

Гвардадо у стилот на Меси сеа ќе им дае еден, и на крајот у 90 Рики ќе ги реши. :vozbud: :zlo:
 

Kajgana Shop

Back
На врв Bottom