Многу ретко ги гледам сезонава,ама според статистиката што ја читам овој Бејби Депор потсеќа на стариот добар Депортиво.Веројатно на крајот од сезоната ќе видиме дали е илузија четвртово место.Би било добро ако бидеме и петто или шесто место од причина што има голема конкуренција .Атлетико е се посилен,Виљареал не е мн далеку,за Севиља и Валенсија не е потребно да се зборува.Како и да е секоја сезона има изненадувања 
		 
		
	 
Па најискрено јас ќе бидам презадоволен ако на крај бидеме на 6-то место. Едноставно факт е дека Севиља е премногу јака екипа и кога тогаш ќе почне да гази. Шансата (онаа многу мала шанса) за ЛШ ја гледам во Валенсија. Валенсија е екипа која секогаш има турбулентни периоди. Ме загрижува кам бекот на Атлетико Мадрид, а и Атлетик Билбао нема екипа за потценување. Затоа следните три меча ни се и повеќе од клучни. Најпрво НАЈВАЖНОТО гисување против ривалот за европа Мајорка во кое никако не смееме да изгубиме. Па дома со Билбао, меч во кој очекувам победа и нормално мечот со Реал. Да бидам искрен голема е шансата нашата традиција со Реал да биде прекината. Но сепак се надевам на поволен реултат. Инаку вечер играме реваншот со Валенсија. Имаме капитал од 2:1 од Местаља. Ако поминеме добиваме нов квалитетен противник и уште два меча повеќе во јануари. Колку ќе може овој млад тим на Депор да ги издржи физички овие мечеви ќе видиме според ситуацијата на почеток од Фебруари
ЕDIT: На полувреме губиме ко грчка од Валенсија:helou:
Manu - Laure, Piscu, Ze Castro, Manuel Pablo - Antonio Tomas, Juca - Juan Rodriguez, Valerón, Filipe - Bodipo
Со овој состав тешко дека ќе идеме понатака. Жигиќ два пати сам во шеснаесетникот и постигна два гола, а имаше и еден поништен. Не уби
EDIT: Одличен почеток на второто полувреме. Фелипе намалува на 1:2 а имаше и шанса за израмнување но не ја искорисити. Направени се неколку замени, по кои очекувам да падне и израмнувачкиот гол. Уффф тежок меч 
GOOOOOOOOOOOOOOOOOOOOOOOOOLLLLLLLLLLLLLLLLLLLLLLL 2:2 Хуан Родригез ајмоооооооооооо

Морееееееееееееееееееее срцево ме стрефи. И конечни 2:2!!!!!
Forca depor oooooooooooooooooo forca depor eeeeeeeeeeeeeeeeeee
