Фан Клуб: Депортиво Ла Коруња

  • Креатор на темата Креатор на темата staki
  • Време на започнување Време на започнување
Фали некој како Макаи на времето што беше.

Е фали ама тоа е :) Колку пари толку музика. Лендорио потенцираше дека нема да има нови играи во овој преоден рок, па ќе се потрпеме на досегашните сили. Можам да тврдам дека Ласад ќе биде одличен голгетер и можеби следниот Макај или Пандијани:vozbud: Едвај чекам да се врати од повредата:back:
 
Ае ае честито победа, редно беше малку и ти да се радуваш Марче:pipi:...радувај се на 4то место...добри сте добри сте, машала.:):pipi::back:
 
Е фали ама тоа е :) Колку пари толку музика. Лендорио потенцираше дека нема да има нови играи во овој преоден рок, па ќе се потрпеме на досегашните сили. Можам да тврдам дека Ласад ќе биде одличен голгетер и можеби следниот Макај или Пандијани:vozbud: Едвај чекам да се врати од повредата:back:
Многу ретко ги гледам сезонава,ама според статистиката што ја читам овој Бејби Депор потсеќа на стариот добар Депортиво.Веројатно на крајот од сезоната ќе видиме дали е илузија четвртово место.Би било добро ако бидеме и петто или шесто место од причина што има голема конкуренција .Атлетико е се посилен,Виљареал не е мн далеку,за Севиља и Валенсија не е потребно да се зборува.Како и да е секоја сезона има изненадувања :)
 
Па најискрено јас ќе бидам презадоволен ако на крај бидеме на 6-то место. Едноставно факт е дека Севиља е премногу јака екипа и кога тогаш ќе почне да гази. Шансата (онаа многу мала шанса) за ЛШ ја гледам во Валенсија. Валенсија е екипа која секогаш има турбулентни периоди. Ме загрижува кам бекот на Атлетико Мадрид, а и Атлетик Билбао нема екипа за потценување. Затоа следните три меча ни се и повеќе од клучни. Најпрво НАЈВАЖНОТО гисување против ривалот за европа Мајорка во кое никако не смееме да изгубиме. Па дома со Билбао, меч во кој очекувам победа и нормално мечот со Реал. Да бидам искрен голема е шансата нашата традиција со Реал да биде прекината. Но сепак се надевам на поволен реултат. Инаку вечер играме реваншот со Валенсија. Имаме капитал од 2:1 од Местаља. Ако поминеме добиваме нов квалитетен противник и уште два меча повеќе во јануари. Колку ќе може овој млад тим на Депор да ги издржи физички овие мечеви ќе видиме според ситуацијата на почеток од Фебруари:vozbud:

ЕDIT: На полувреме губиме ко грчка од Валенсија:helou:
Manu - Laure, Piscu, Ze Castro, Manuel Pablo - Antonio Tomas, Juca - Juan Rodriguez, Valerón, Filipe - Bodipo
Со овој состав тешко дека ќе идеме понатака. Жигиќ два пати сам во шеснаесетникот и постигна два гола, а имаше и еден поништен. Не уби:tapp:

EDIT: Одличен почеток на второто полувреме. Фелипе намалува на 1:2 а имаше и шанса за израмнување но не ја искорисити. Направени се неколку замени, по кои очекувам да падне и израмнувачкиот гол. Уффф тежок меч :)

GOOOOOOOOOOOOOOOOOOOOOOOOOLLLLLLLLLLLLLLLLLLLLLLL 2:2 Хуан Родригез ајмоооооооооооо:drk::drk:

Морееееееееееееееееееее срцево ме стрефи. И конечни 2:2!!!!!
Forca depor oooooooooooooooooo forca depor eeeeeeeeeeeeeeeeeee:vozbud:
 
Здравје да е, да го гледаме Депортиво во ЛШ догодина, по можност да го млате Манчестер Јунајтед како во старите добри времиња!
 
Здравје да е, да го гледаме Депортиво во ЛШ догодина, по можност да го млате Манчестер Јунајтед како во старите добри времиња!

:vozbud::vozbud::vozbud: Ех тоа беа времиња. Тешко дека ќе се вратат. Денешното издание на депортиво беше доста променливо. Но со оглед на составот во кој настапувавме мило ми е што се протнавме понатаму и тоа без Гвардадо. Играч на мечот е убедливо Фелипе. Одигра мајсторски. Еден гол и асистанција при вториот на Хуан Родригез. Слаба карика на овој меч ни беше премладата одбрана. Факт е дека покрај Лопо ни треба ушпте еден подобар дефанзивец и дека ни е потребен уште некој шпиц. Али со враќањето на повредените го очекувам врвот во играта. Дотогаш уживајте во кам бекот од вечерва.
http://http://www.youtube.com/watch?v=9AXxmA1JN_U

P.S. Слабо ги измеша Фелипе при првиов гол:vozbud:
 
Конечно го гледав Депортиво и на телевизија на раат!!! Ја посртигнавме можеби најгорката победа од нашето постоење. При постигнувањето на првиот гол на Фелипе во 50-тата минута, имаше катастрофално паѓање, по кое заработи тешка повреда. Но сепак лекарите брзо интервенираа зглобот му е наместен и ќе биде аут "само" 6 месеци :( нема да ставам слики од тоа во каква состојба му беше ногата по паѓањето затоа што се ежам :( Катастрофаното прво полувреме на депор, во меч во кој почнаа со доста иземенет тим. Без суспендираниот Хуан Родригез, без Гвардадо, без Рики, Ласад, Миста, Брајан Ангуло, Депортиво изиграа едно од најлошите полувремиња. Атлетик напаѓаше но тука беше Аранзубиа. Затоа во вториот дел со влегувањето на Валерон се смени се. Го туривме противникот. По повредата и голот на Фелипе се дигна играта уште повеќе. Извонредна партија пружи JUCA. Постигна гол за 2:0. Тогаш од никаде автогол на Колото за 2:1 но на крај судбината на гостите ја запечати Пабло Алварез. Со оваа победа од 3:1 над Атлетик Депор е на делба на четвртото место со мајорка по завршувањето на првиот дел на првенството. Ни следува дербито со Реал, но најпрвин формалниот реванш со Севиља во купот. За со реал ќе се вратат Рики и Миста, и суспендираниот Хуан Родригез. Но немаме лев бек:tapp: Ќе биде ужасно тешко да се зачува традицијата:pipi:
 
Искрено, мислам дека ќе ја продолжат традицијата, шо ги крцкат па тие „кралевите“
 
Искрено, мислам дека ќе ја продолжат традицијата, шо ги крцкат па тие „кралевите“

И јас се надевам на истото. Инаку Реал вложил жалба за Кристијано, за да му биде поништен црвениот картон. Се надевам федерацијата ќе го направи правиот потег и ќе си остане на својата одлука за суспензија :):) Инаку играшот кој беше фаулиран од Роналдо ќе паузира три недели, па ако картонот му биде симнат ќе го палам мадрид мајке ми:pos2:
Али ајде да си гледаме во наши редови прво :) Треба прво да се собере некој бош состав за мечот со Севиља во кој треба да победиме со 0:4 :vozbud: Нека изгубиме и со 100000:0 само да нема нови повредени :(
Инаку најверојатно ќе заработиме некое евро од трансферот на Каналес од расинг во депортиво, бидјќи имаме 50% од неговата продажба. Провблемот е што Расинг и Реал си направиле некој договор со поазјмици, срања, бонусо, па така да нема да видиме многу кеш:smir:
 
5 милиони преку сила ќе земете...ако делите пола-пола со Расинг :)

Од тоа што коментираат на форумот на депортиво најверојатно сте склучиле некој договор за само 6 милиони, со неколку клаузули и плус да им го дадете на заем уште една сезона, или нешто слично. Иначе 5 милиони за нас се повеќе од премија :)
 
Сосве клаузулите ова она, би требало да дојде до 10 мил. цената. Иначе Каналес е оставен оваа сезона до крај и другата цела да ја игра во Расинг, па после ќе дојде во Реал :)
 
Сосве клаузулите ова она, би требало да дојде до 10 мил. цената. Иначе Каналес е оставен оваа сезона до крај и другата цела да ја игра во Расинг, па после ќе дојде во Реал :)

Нели Каналес потпишал и понатаму за Сантандер, и нешто читав дека мајка му или татко му не го пуштале да оди во Реал сакале да остае уште некоја година во Сантандер???
 
Kajgana Shop

Back
На врв Bottom