Точно е тоа дека 10 години е многу за Урош ама неможете да барате правда за него после тоа што се случи на трибина...тоа е обид за убиство и јас во никој случај тоа не го оправдувам,макар бил и навивач на Партизан.....:jaj:
Да не изигравам адвокат на Урош или пак да не испадне дека го оправдувам тоа што го напраил али ќе ти укажам на неколку факти кои верувам не ти се познати...
1.Дента на утакмицата, ранетиот полицаец не бил воопшто на должност што значи дека нема никакво право тој така вооружен да се најде на трибината и да снима што се случува на север...Тоа е една дупка која џандарите се трудат да ја прикријат , но сепак искочила на виделина и како таков факт ќе биде искористена на судењето...
2.Судскиот и медицински вештак во својот извештај имаат напишано дека
немало такви повреди на неговото тело кои можат да се окарактеризираат како смртоносни...Тоа што го пишуваше по весници дека му туркал бакља во уста е сосема неточно и тоа е само еден дел од планот кој полицијата го спроведува...Значи,имало повреди по лицето и телото но тоа било недоволно според вештакот за да се поведе постапка под наслов Обид за убиство на службено лице...Тоа е занемарен факт од страна на обвинителството ,но се надевам дека и тоа ќе излезе на виделина...Иначе, тој истиот нападнат полицаец за кого се шпекулираше дека ќе се опоравува до крајот на својот живот, по 2 месеци од случката на Маракана повторно беше на работа и тоа повторно во истата улога , само што тоа беше на утакмица на Рад , а не на Звезда...
3.Мајка која што го уби своето новороденче од вториот спрат на болницата заработи казна од 6 месеци затвор под изговор дека е ментално и психички пореметена...Силувач на своето дете заработи казна од 2 години затвор ...Мафијаши,убијци,криминалци добиваат симболични казни за своите недела и сето тоа поминува неприметено во јавноста...А Урош добива 10 години затвор , 10-те можеби најважни години во својот живот тој треба да ги прележи во затвор поради исцениран обид за убиство...
4.Случајот има многу поголема позадина отколку што ти еднострано гледаш...Можеби некогаш ќе ти објаснам, сеа ме мрзи...
Треба да ти биде јасно дека не е се така како што ќе прочиташ во еден весник кој гледа само што повеќе да заработи...За да осудиш некого прво слушни што и тој има да каже ,а не да донесеш заклучок само според еден извор...
И треба на сите да им е јасно...Не се бара
слобода за Урош, туку се бара
правда која во моментов ја нема...3 години да го осудат пак ќе биде многу ама сепак со тоа би се задоволиле сите...
Чао ,пријатно