Тејлор е индијанец, впрочем како и секој американец кој ќе дојде во Европа. Без смисол за тимска игра и тимска одбрана и со јаки индивидуални квалитети. Логично е дека му треба време за адаптација во кое ќе се навикне на другиот стил на игра.
Меккејлеб на пример има играно повеќе од него во Европа и затоа полесно се привикнува на системот на Дуле у Партизан. Тејлор треба уште многу да учи во врска со европската кошарка.
Стевиќ е најблагодарниот играч у Звезда. Он уште лани беше сосема коректен и максимално ја искористуваше минутажата. Штета што Тадија беше стално у преден план у нападот па не можеше и таму до крај да се истакне.
Звезда со Тадија ја имаше најпотенцијалната екипа на Балканот. Штета што покасно се уклопија т.е. веќе кога возот отиде. Штета што и Трифа дојде покасно.
Сега им треба само тежок центар кој се надевам побрзо дека ќе го донесат. Во таква ситуација Кикановиќ иде на својата природна четворка заедно со Стевиќ. Бјелица и Кешељ на тројка. Виденов,Бакиќ на двојка и Вук и Тејлор на плеј. Недовиќ мора поголема минутажа да има затоа што е еден од најперспективните млади плејови во Европа.