Фан клуб: Чикаго Булс!

  • Креатор на темата Креатор на темата Паспарту
  • Време на започнување Време на започнување
Солидни играше Тиг на летната лига, само немаа среќа, изгубија од мајами ( полека се навикнуваме) и не можеа да продолжат понатака. Малколм исто така играше солидно, постави рекорд во скокови, 22 во летната лига во Вегас. Снел имаше супер партија во последнава против далас 20 поена 7 скока 5 асистенции и 2 украдени, 5-8 за три. Очекувам Тиг да биде достоен бекап за Роуз со што улогата на Хајнрих ќе се префрли на втората бековска позиција и нема да има потреба за уште еден агент. Се очекува да го следат Кемби за минималец пошто го отпуштија од Репторс.

PS :)
DSC08604.jpg
 
Тиг беше добар на летната лига ама сите се сеќаваме како под мал пресинг неможеше да ја изнесе топката на противничката половина, па мораа бековите да превземаат....во летната лига Костовски би изгледал солидно :), се надевам оти Тиг го изгубил стравот и оти ќе биде солиден бек ап на Роуз....а мислиш на Capt. Kirk да биде бек ап на позиција бек?
 
Па најверојатно Кирк ќе биде бек ап 2ка. Инаку синоќа се сретнале со Маркус Кемби и разговорите биле многу добри. Тој сака да биде со тим кој е конкурент за титула, плус сака да има место за него како тренер по завршување на кариерата. Можно е да го собереме за минимумот и да игра некои 7-10 минути од клупа.
 
Незнам, мене не ми делува ова со Тиг како добра идеја, ама веројатно пошто толку е со салари капот, веројатно Кемби ќе биде второто и последно засилување за сезонава....
Значи: Роуз-Батлер-Денг-Бузер-Ноа
Сето одлични дефанзивци (освен Бузер секако)
а втората петорка: Тиг-Хајнрих-Данливи-Гибсон-Кемби/Нази
 
Скоро и да нема ништо ново, бевме поврзувани со Џејмисон, потоа дека сме биле финалисти за Толивер а вчера излезе информација дека Декстер Питман прифатил да игра за нас за време на тренинг кампот. Ако се покаже, можно е и да го потпишеме.
 
По отпуштањето на Рон Адамс како асистент на Тибс, Адриан Грифин, дел од потесниот тренерски стаф на Булси, доби унапредување, т.е. тој е новиот асистент на Тибс.
 
Каде сте бе фанови, ич не ја пратите оф сезоната :D
Инаку неколку новости
- Мајк Џејмс, 38, резервниот плеј на Далас лани кој имаше 6.1 поен и 3.5 асистенции просек се очекува да биде повикан за тренинг кампот на чикаго кој стартува на 27 септември. Исто така се очекуваат и други слободни агенти да бидат повикани.
- Булси го објавија распоредот за тренинг кампот кој започнува на 26 септември со медиа денот односно прес конференција и започнува на 27 септември со две тренинг сесии.
- Преговорите за продолжување на договорот на Денг пропаднале, изгледа од финансиски аспект, па агентот изјавил дека " денг сигурно ќе заплива во водите на оф сезоната од 2014 " значи ќе бара макс договор.
Уште 24 дена до првиот натпревар на булс, против инди на нивен терен.(y)
SEE RED!
 
Дали ќе можиш да пишуваш инфо за време на тренинг кампот (некој поважни информации), гледам на 5ти ни е првиот натпревар....
Освен Мајк Џејмс, дали и некој друг играч имаат повикано за тренинг кампот?
 
Дали ќе можиш да пишуваш инфо за време на тренинг кампот (некој поважни информации), гледам на 5ти ни е првиот натпревар....
Освен Мајк Џејмс, дали и некој друг играч имаат повикано за тренинг кампот?
Повикани се: Декстер Питман, Патрик Кристофер, Калин Лукас и Д.Џ Вајт.
Инаку не гледам причина за да не пишувам, секогаш имам време за моите булси :D
8 days left #bullsallday
 
Повикани се: Декстер Питман, Патрик Кристофер, Калин Лукас и Д.Џ Вајт.
Инаку не гледам причина за да не пишувам, секогаш имам време за моите булси :D
8 days left #bullsallday
Истиве играчи се и официјално потпишани од Булс и ќе се борат за место во тимот на престојните тренинзи.
Денг изјавил дека не сакал да биде груб во односи со прашањето за продолжување на договорот, и дека повеќе би се фокусирал на престојната сезона. Гар разговарал со него пред една недела и вели дека работите ќе завршат позитивно за двете страни.
Исто сите играчи потврдија дека се 100% фит за престојната сезона.
Rose after first practice: 'I feel [like I'm] back'(y)
 
Back
На врв Bottom