Гус Хидинк инсистира дека нема да го продолжи престојот во Челзи
Привремениот менаџер на Челзи, Гус Хидинк вели дека нема да биде фер доколку сега одлучи да го прекина важниот проект кој го започнал со Руската селекација
Хидинк ја врати сезоната на Челзи на прав пат откако го превзеде кормилото на клубот во јануари по отказот кој Роман Абрамович му го врачи на Луиз Фелипе Сколари. Сините се вратија прти врвот во Премиер Лигата, тие се наоѓаат во полу-финалето од Лигата на Шампионите, како и финалето од ФА Купот.
Иако поголемиот дел од играчите на Челзи го повикаа Хидинк да остане на Стемфорд Бриџ, Холанѓанецот повторно вели дека тоа нема да се случи.
Хидинк вели дека започнал проект со Рускиот национален тим и неможе да го напушти во многу важен дел од квалификацискиот циклус.
“Секогаш се говори за договорот, но над тоа мислам дека има и нешто друго како што е добриот однос и приврзаноста со играчите.” – рече Хидинк.
“Започнавме пред две години со подобрување на организацијата околу тимот. Почнав да ги притискам и да ги предизвикувам новите играчи кои дојдоа во составот на Русија и тие одговорија.”
“Мислам дека воопшто нема да биде фер од мојата страна доколку речем ’Еј момци доаѓаме во завршницата од квалификацискиот циклус’ кој е во септември и октомври а плеј-офот можеби во ноеври, и да кажам ’Јас давам отказ а вие одработетеги последните два или три месеци сами.”
“Го започнавме проектот со нив и играчите добро одговорија на предизвикот па мислам дека и тие се една од причините покрај договорот.”
Русија предводена од Гус Хидинк на ЕВРО 2008 стигна до полу-финалето каде што загубија од подоцнешниот шампион, Шпанија.
Мансиен: Подготвен сум за дуел со Меси Дефанзивецот на Челзи, Мајкл Мансиен вели дека е подготвен за задачата да го сопре Меси на Ноу Камп во првиот полуфинален натпревар од Лигата на Шампионите.
Ешли Кол поради жолти картони нема да може да настапи на гостувањето кај Барса, Гус Хидинк нема многу опции на левата бековска позиција, па најверојатно ќе му укаже можност на големиот талент, Мајкл Мансиен. Мансиен синоќа играше како лев бек за резервниот тим на Челзи на натпреварот против Вест Бромвич.
Хидинк ја следеше играта на 21-годишниот дефанзивец кој се чуствува подготвено да одговори на големиот предизвик.
"Ова ќе биде нешто ново за мене, никогаш порано не сум играл таму. Ми се допаѓа предизвикот да се сретнам со Меси" - вели Мансиен.
"Менаџерот дојде да ме гледа и побара да играм на таа позиција, ги остава опциите отворени".
"Ми кажаа пред неколку денови дека ќе играм како лев бек, и побарав неколку совети од Ешли" - заврши Мансиен.
Мансиен по природа е централен дефанзивец кој игра и на десната бековска позиција, но сега ќе ја добие улогата на лев бек.
Во натпреварот помеѓу резервните состави на Челзи и Вест Бромвич, се врати и Џулијано Белети во тимот кој неколку недели е надвор од терените поради повреда.
Лампард: Ова ќе биде моја најдобра сезона Фудбалерот од средниот ред на Челзи, Френк Лампард верува дека ова ќе биде негова најдобра сезона во Синиот дрес.
Лампард исто како и најголемиот дел од фудбалерите на Челзи во моментов играат во одлична форма. 30-годишниот Лампард верува дека ова може да биде негова најдобра сезона во кариерата.
"Лично мислам дека ова ќе биде моја најдобра сезона" - изјави Лампард.
"Се разбира оваа сезона имавме падови и успони, но јас сум задоволен од начинот на кој играме".
"Се надевам дека триесетите ќе бидат моите најдобри години. Имам поголемо искуство, и повеќе знам како да ги играм натпреварите и како да се одржувам меѓу натпреварите".
"Луѓето се шегуваа со мене дека сум шутирал од секаде на теренот, но кога си млад се обидуваш да изведеш многу работи".
"Сега ги барам вистинскиот момент за да постигнам погодок".
"Доколку успеете двапати да аситирате како што тоа го направив јас во саботата, нема да ја добиете гордоста за постигнат гол, но ќе ја добиете гордоста на победата".
Челзи последната титула ја освои пред две години, ФА Купот во 2007, Лампард чуствува дека постото ќе биде прекинат оваа сезона.
"Кога неколку години по ред ќе освојувате титули во првенството и во куповите, а потоа следува пост од неколку години, вие станувате загрижени бидејќи не освојувате трофеи".
"Блиску сме тоа да го направиме повторно, играме добро во овој период".
"Мразам да го споредувам овој период со ерата на Мурињо, но искрено има елемент на сила и верба во тимот која ја имавме тогаш".
"Го изгубивме тоа на стартот од сезоната. Изгубивме бодови и натпревари примајќи голови во последните минути, но сега се чуствуваме посилни" - заврши Лампард.