Фан Клуб: Челзи

  • Креатор на темата Креатор на темата dajdo
  • Време на започнување Време на започнување
Статус
Затворена за нови мислења.
Безвеза муабет. Аманте веќе со тој гол.ком, пишуваат статии колку да им се пополни дневната квота. Иванович не е за џабе донесен во Челзи, стандарден е во репрезентацијата на Србија, и се очекува да го замени Карваљо.
 
На насловната на Кајгана пишува дека Сити испратиле официјална а воедно и конечна понуда до Валенсија од 69 милиони за Виља...
Да продадеме некои некои некорисни играчи ќе збереме пола од таа сума и ќе можеме и ние да влеземе во трка, али јбг...
БЕНЗЕМА му е мајката...
Да искешира Челзи едно 60 милиони евра минимум, Бензема со приватен авион од Лион ќе стаса во Лондон во следните пет минути.

Не очекувајте мега засилување зимава, тек на лето та работа, евентуално ако е при добра волја Роман.
Па и не е логично, јаките фудбалери не се достапни сега. Сега можи само колку да се докрпи тимот, еден шпиц или крилен играч. Друго не.

http://www.goal.com/en/news/1711/ch...as-ivanovic-set-for-talks-with-inter--reports

Што се искурчи сеа и овој...нека почека уште пола сезона и од наредната ќе биде првотимец.Оваа ќе поигра уште малку Карваљо и после или ќе замине некаде или ќе седи на клупа,
Го отворив линков, и прочепкав уште малку низ гол.ком и шо ќе видам? Можно било Роберто Манчини да го замени Сколари. :uvo:
Арно шо агенто на жабаров демантирал.

Марсеј и ПСВ биле заинтересирани за Алекс, ама целата ситуација најдобро ја опишува директорот на ПСВ кој вели: Контактиравме со Челзи, но одговорот беше јасен: Алекс нема да си оди од Челзи под никакви околности.
 
Па имаше и на официјалната страна на Челси,цела статија дека Алекс нема да замине од Челси.
 
Ливерпул само 2-2 дома со Хал, со победа утре над Вест Хем ќе сме бод напред, повторно на прво место!

Прилика што не смее да се пропушти и надвор од опција за размислување е пораз или реми. Очекувам Дрогба повторно да настапи, веројатно како резерва познавајќи го Сколари. Најбитно е да го скршиме отпорот на Вест Хем во првото полувреме, па после само сталожено и мирно до 3 бода и прво место.
 
Сега ни е шансата.Ливерпул киксна,Арсенал исто така,сега ни преостанува да го победиме Вест хем утре и пак на врвот.
 
Кикс на Ливерпул, Арсенал и Манчестер Јунајтед, односно на трите тима што се од големата четворка покрај Челзи. Се надевам дека Челзи утре нема да изведува бесни глисти и слични глупости, туку ќе излезе со најјак состав за да се одлепиме од другите...
 
Сега ни е шансата.Ливерпул киксна,Арсенал исто така,сега ни преостанува да го победиме Вест хем утре и пак на врвот.

Posto najdobrite 3 ekipi izigraa nereseno ke bideme mnogu sreklii ako tepame utre...
 
Најбитно е да го скршиме отпорот на Вест Хем во првото полувреме, па после само сталожено и мирно до 3 бода и прво место.
Како што стои сега Челзи, то е и најважно. Колку порано се дај прв гол, точку поарно. Во спротивно, играчите почнува да ги фаќа паника и натпреварот е заебан.

Утре мора да се победи, макар шо Стив Кларк беше долго време во Челзи и знае кој како диши, па и сега, под водство на Сколари.
 
Го пратам Вест Хем последниве натпревари,и забележав дека не се многу опасни и дека лесно примаат гол,така да утре треба малку да запнеме и да им скршиме отпорот.Моја прогноза 3-0.
 
мора да се победи вест хем утре, во што и не се сомневам!
не смее да се пропушти оваа шанса што на тацна ни ја дадоа арсенал, ливерпул и манчестер. сите загубија по 2 бода, со што утре од 19 часот челзи е пак лидер на табелата:vozbud:
 
Следни се овие четири натпревари:
Вест Хем - дома
Евертон - гости
ВБА - дома
Фулам - гости

Едноставно мора да се победи во сите, пошто потоа играме со Саутенд во ФА Куп, и следува гостувањето на Олд Трафорд. Убо ќе биди да ја задржиме предноста пред тоа гостување, особено шо следниот викенд Јунајтед оди во Јапонија.
 
Следни се овие четири натпревари:
Вест Хем - дома
Евертон - гости
ВБА - дома
Фулам - гости

Едноставно мора да се победи во сите, пошто потоа играме со Саутенд во ФА Куп, и следува гостувањето на Олд Трафорд. Убо ќе биди да ја задржиме предноста пред тоа гостување, особено шо следниот викенд Јунајтед оди во Јапонија.

Со Евертон на гости ќе биде малку позаебано али ќе веројатно ќе тепаме.
 
не играт добро дома евертон можеме да ги тепаме сигурен сум во тоа само што овој фулам прави проблеми со големите му зема бод на ливерпул на астон вила па мора да играме претпазливо:smir:
 
CHELSEA THE BEST!!!
Да завршиме работава со вест хем и да си бидеме први .
А за следните натпревари ке биде полесно.:tv:
 
Мене посомнителна ми е со Фулам... Иако се дупки невидени, локално дерби е и секогаш треба да се влезе во мечот со полни сили и со доза на претпазливост... Евертон ќе биде тежок само додека да се постигне гол, после паѓаат психички секогаш и свршена работа.
 
Статус
Затворена за нови мислења.

Kajgana Shop

Back
На врв Bottom