Каков Дрогба, каков Адријано, каков Балотели,
не признавам ништо помалку од Хунтелар (нека е и Бензема)
А АКО успееме да ги поминеме групите, бидете сигурни дека не ни бега финале:smir:
П.С. Крејзи 4 самтинг, младинците ги згазија али сениорите едвај извлекоа жива глава со Манчестер...
Хунтелар во никој случај. Бензема можи, ама тешко дека ќе се одвојат 100ина милиони за еден играч.
Абе ако, Челзи го тепа Јунајтед на Олд Трафорд. :tv:
Хунтелар не ми се свиѓа мене ич.Јас би сакал да земеме некој од овие:Агуеро;Бензема,Хулк,Балотели-Стариџ,(малку млада крв),Вагнер Лов...
Кој е Хулк ебаго?
Сколари: Нема да го казнам Дрогба
Менаџерот на Челзи, Луис Фелипе Сколари вели дека нема да го казни напаѓачот Дидиер Дрогба и покрај натписите на медиумите за состанок на интернационалецот од БСК со претставници на Интер. Извештаите на медиумите говореа дека Дрогба се сретнал со спортскиот директор на Интер, Марко Бранка и агентот на Мурињо, Жорге Мендез, околу евенуталниот трансфер на напаѓачот во Серија А. Сколари верува дека Дрогба, кој е суспендиран за натпреварот со Арсенал, останува верен на клубот и додаде дека нема да го казни напаѓачот. “Незнам ништо (около состанокот со Интер). Само знам дека тој нема да игра во недела.” – рече Сколари.
“Морам да размислувам за натпреварот со Арсенал а не за тоа што ќе се случи во 2010 или 2011.”
“Тој секој ден ја добива мојата поддршка. Без разлика дали е повреден или не. Јас сум сигурен дека тој 100% е верен и посветен на клубот. Мојот однос со него е многу добар.”
“Мислам дека тој е многу среќен тука. Челзи е еден од најдобрите тимови во светот и ни дава она што ни е потребно, на мене како тренер и на играчите.”
“Дрогба имаше повреда четири месеци, но сега тренира. Кога е во добар фитнес дојдоа проблемите со ФА и сега треба да преседи три натпревари.”
“Ќе се обидам да го вменам во игра веднаш по крајот на суспензијата.”
Ја викам Сколари да проба формација со Дрогба и Анелка заедно еднаш. Очигледно отупе ова 4-1-4-1 шо ја форсира досега. Знајме дека играчите се врвни професионалци (шо всушност десетина пати и самио Фелипе потенцира), и ќе извршат каква и да е задача на терено. Ја би играл вака:
-----------------Петр-----------------
--Жозе-----Џон--------Бране---Ешли--
---Џо-----Френк------Деко----Флоран-
----------Никола------Дидие-----------
Место Деко можи Балак или Микел, за подефанзивно малку да биди. Битно мора да се проба и со двајца напаѓачи.