Не дека изигра лошо, ама имаше и подобри. Особено во средниот ред.
Сепак, честитки за Босингва.
Сега, не знам дали Хрвативе премногу забегале, или друга е работата, јас сепак ќе постирам нешто интересно. Имено, веќе подолго време Хајдук од Сплит преговарал со Аврама (до скоро) наш за за тренерското место. Официјално нема ништо, неофицијално се и сешто. Па и тоа, дека Аврам во Хајдук носи и тројца „под21“ репрезентативци, и тоа од Челзи. И така, „анализите“ на хрватските медиуми продолжуваат...
Аврам Грант на Полјуд, заедно со тројца „под21“ репрезентативци???
„Според информациите кои доаѓат од Сплит, заедно со Аврам Грант пристигнуваат и тројца „под21“ репрезентативци, па се обидовме да ги побараме тие „идни миленици на Торцида“.
Ако се прегледа резерцната екипа на клубот од Стемфорд Бриџ, се гледа дека во моменталниот состав има само пет „под21“ репрезентативци, па и немавме поголеми проблеми со изборот.
Тоа што е најинтересно е дека, тројцата Англичани и двајцата странци кои се наведени подолу играат на позиции кои се дефицитарни за моменталниот состав на Хајдук, како лев и десен бек, централен стопер како и офанзивен играч од средината.
Во продолжение, по нешто за секого од нив, иако е неизвесно дали тие воопшто би заиграле на Полјуд.
Мајкл Мансиен
Роден 1988 година во Иселворт, елегантен централен стопер, кој може подеднакво квалитетно да игра и на позицијата последен играч за врска, а минатата сезона ја помина на позајмици. Во Чемпионшип дивизијата за КПР има 31 настап, и со добрите игри заслужи повик и за младата селекција. Во Челзи е од осум години, а во 2006 година станува професионалец. Во сезоната 05/06 за првпат е дел од првиот тим, како резерва. Во 2007 година потпишува тригодишен договор.
Риан Бертранд
Роден 1989 година во Саутварк. Тој е мал, но брз и одлично се снаоѓа по левата страна како лев бек, но и офанзивно крило. Во Челзи е од 2005 година. Професионалец е од 2006 година. Поминува подолго време на позајмици. Има играно во сите младински репрезентации на Англија, а неодамна и за „под21“ репрезентацијата.
Џек Корк
Роден 1989 година во Чарлстон. Син на пореанешниот фудбалер Алан Корк. Во Челзи е повеќе од десет години, и има потпишано 4-годишен договор со клубот од Стемфорд Бриџ. Може да игра на повеќе позиции, но најдобро како поофанзивен десен бек. Капитен е на резервниот состав. Минатата сезона играше за второлигашот Сканторп со 35 настапи, и ја доби наградата од навивачите за играч на годината. Долго време е „под19“ репрезентативец на Англија, а од неодамна е дел од „под21“ тимот.
Мирослав Сточ
Роден 1989 година во Нитра. Член на Челзи е од 2006 година. Млад репрезентативец на Словачка, игра како офанзивно крило. Со ниско тежиште на телото, тој е доста подвижен и одличен дриблер. Игра подеднакво квалитетно и со двете нозе, има одличен удар и често постигнува голови. Сезоната 06/07 е најдобар стрелец меѓу младинците на Челзи со 9 гола, а минатата постигна 10 гола.
Фабио Паим
Роден 1988 година во Есотрил, Португалија. Во Челзи дојде заедно со Деко и Жозе Босингва летово, но, за разлика од нив, тој прво ќе се кали. По дефиниција е офанзивен играч од средината (крило), но може да игра и во средината, и лево и десно. Подолго време е челен на „под21“ репрезентацијата на Португалија.“
http://www.index.hr/sport/clanak/tk...tivci-koje-grant-dovodi-na-poljud/409362.aspx
Ако воопшто Аврам оди во Хајдук, па ако и со него земи барем еден од петминава (а камоли тројца), ја почнувам да гледам и Хрватско првенство.

А дотогаш - :pos2: