Фан Клуб: Челзи

  • Креатор на темата Креатор на темата dajdo
  • Време на започнување Време на започнување
Статус
Затворена за нови мислења.
А иначе со рака беше голот или со колено?:icon_roll
Па види сега... Битно е гол :) Само ме нервира што немаат завршница. Се прават како што треба, ама завршницата е катастрофа. Да не се овие среќни голови, ќе бидеме таму 5-6...
 
Изгледа до мај... Лоша повреда, ама како шо глеам на натпреваров со Блекбурн, добро е уходана средната линија, ептен малку се чувствува отсуството на Есиен.

Иначе, не сум и јас сигурен дали беше со рака или бут, ама паднав од смеење на реакцијата на Робинсон... Топката со два на саат се тркала кон голот, тој се буни за раката. :kesa:

Ајде сега нека влезит Ди Санто и едно голче да дајт, да ми се напрајт ќејфот.
 
Ај честито на сите навивачи на Челзи. Се вративме на врвот кај шо ни е местото и Анелка како најдобар стрелец на премиер лигата, и покрај другото оти не играше Џо Кол?
 
Честитки:helou:Робинсон ме згазил од смеење значит:pos2:
 
Честито победа... требаше 5 да дадете.. ама Робинсон звер!
 
Како прво нека ни е честито победата!Супер игравме иако условите беа многу тешки..Анелка ЗВЕР!!Секоја чест!Вака ако продолжи ќе скисне Дрогба на клупа сезонава!Сите беа добри денеска освен Деко,еден пас не поврза,не знам што му е!Се на се добро е пак се вративме на победнички патеки и сме први на табелата!!
 
Браво за Анелка и сите останати,честито!
 
Уште еднаш да потенцирам, имаме еден од најдобрите голмани во светот. Па и најдобар. Феноменално издание на Петр Чех! Неколку одлични интервенции, а да не ги спомнувам и повеќето одлични проценки, како при нафрлени топки така и при додавања по земја во неговиот 16-ник.

За разлика од него, одбраната пак под нивото. Алекс, колку толку, солиден. Ама Тери и понатаму е катастрофален. Се надевам дека е само краток период на пад во формата, оти во спротивно ќе треба да се седне и на клупа. Како да има изгубено осет за простор ебаго.

Средниот ред, добар како и секогаш. Деко тешко се враќа во формата од првите 3-4 натпревари, и само тој е послаб. Лампард и Оби Микел доволно добри. Единствено што Микел го нема, а Есиен го има е добрата снаодливост во нападот. Но сепак, дефанзивните задачи се примарни, а Микел многу добро ги извршува.

Малуда повторно добро изигра. Реков и порано, нема некој индивидуален екстра-квалитет, жонглрски способности и слично, но е многу корисен за тимот да игра како една компактна целина. Калу не во истата форма како пред некоја недела, и затоа мислам дека до враќањето на Џо Кол шанса треба да добие Ди Санто или Синклер во првиот состав. Особено во следните натпревари, против Барнли (Лига Куп) и ВБА (Премиер Лига).

Анелка очигледно е екстра играч во дуелите против „малите“ екипи. Арно ама, против „големите“ го нема никаде. Тоа го видовме против Јунајтед, Ливерпул, како и против Рома. Затоа, што побрзо враќање во ритам и на Дрогба. Тогаш, чувството е комплетно. :)


Во вторник (20:45) играме со Барнли во рамките на Лига Купот. Пренос веројатно само на Chelsea TV, а можи и таму да нема. В сабота од 18:30 играме со ВБА на гостински терен.


За Калу, мислам дека не излезе поради повредата. Беше заменет десетина минути подоцна со Белети, и тоа заради тактички причини, односно за смирување на играта и приведување на натпреварот при крај.
 
Статус
Затворена за нови мислења.

Kajgana Shop

Back
На врв Bottom