Уште еднаш да потенцирам, имаме еден од најдобрите голмани во светот. Па и најдобар. Феноменално издание на Петр Чех! Неколку одлични интервенции, а да не ги спомнувам и повеќето одлични проценки, како при нафрлени топки така и при додавања по земја во неговиот 16-ник.
За разлика од него, одбраната пак под нивото. Алекс, колку толку, солиден. Ама Тери и понатаму е катастрофален. Се надевам дека е само краток период на пад во формата, оти во спротивно ќе треба да се седне и на клупа. Како да има изгубено осет за простор ебаго.
Средниот ред, добар како и секогаш. Деко тешко се враќа во формата од првите 3-4 натпревари, и само тој е послаб. Лампард и Оби Микел доволно добри. Единствено што Микел го нема, а Есиен го има е добрата снаодливост во нападот. Но сепак, дефанзивните задачи се примарни, а Микел многу добро ги извршува.
Малуда повторно добро изигра. Реков и порано, нема некој индивидуален екстра-квалитет, жонглрски способности и слично, но е многу корисен за тимот да игра како една компактна целина. Калу не во истата форма како пред некоја недела, и затоа мислам дека до враќањето на Џо Кол шанса треба да добие Ди Санто или Синклер во првиот состав. Особено во следните натпревари, против Барнли (Лига Куп) и ВБА (Премиер Лига).
Анелка очигледно е екстра играч во дуелите против „малите“ екипи. Арно ама, против „големите“ го нема никаде. Тоа го видовме против Јунајтед, Ливерпул, како и против Рома. Затоа, што побрзо враќање во ритам и на Дрогба. Тогаш, чувството е комплетно.
Во вторник (20:45) играме со Барнли во рамките на Лига Купот. Пренос веројатно само на Chelsea TV, а можи и таму да нема. В сабота од 18:30 играме со ВБА на гостински терен.
За Калу, мислам дека не излезе поради повредата. Беше заменет десетина минути подоцна со Белети, и тоа заради тактички причини, односно за смирување на играта и приведување на натпреварот при крај.