Фан Клуб: Челзи

  • Креатор на темата Креатор на темата dajdo
  • Време на започнување Време на започнување
Статус
Затворена за нови мислења.
Тоа бил официалниот одговор на Челзи окулу шпекулациите за заминување на Дрогба. Инаку далеку од тоа дека Милан/Барса ке се откажат од своите најдобри фудбалери.
 
А ако Милан и Барса не се откажуваат од најдобрите фудбалери, по која логика Челзи би го пуштиле Дрогба а ништо да не земат?:)
 
Епа тоа и јас викам, и Челзи така вика :)
"Ако го сакате нашиот најдобар играч, ние ке го земеме вашиот најдобар играч."- Што значи дека никој несака да ги продаде главните играчи на тимот. :)
 
Ањелка: Ќе го убедам Дрогба да остане
Новиот напаѓач на Челзи, Николас Анелка изјави дека ќе стори се што е во негова можност во клубот да остане Дидие Дрогба, чија иднина на Стемфорд Бриџ е под знак прашалник.Дрогба не ја крие својата желба за заминување, но Ањелка изјавил дека заминувањето не би му било најпаметен потег.

Дрогба по изјавите дека сака да замине се покаја и јавно се извини, но гласините за неговото заминување не престануваат.
“Кога ќе се врати ќе разговарам со него, бидејќи Дрогба не знае што се случува со играчите кога ќе ја напуштат Англија.“ - рече Ањелка

“Јас тоа го знам бидејќи истото го направив и знам колку ми беше тешко кога ја напуштив Премиер лигата. Ќе му речам да остане, бидејќи тоа што го има во Челзи и во Англија нема да го најде на ниедно друго место.”

“Дрогба мислам дека има 29 години и ако замине па одлучи пак да се врати во Англија, ќе му биде многу тешко. Јас заминав од Премиер лигата кога имав 20 години, така да можев да се вратам.“

“На 30-годишна возраст ако некаде замине и ако подоцна се покае поради таквиот свој потег, ќе му биде многу тешко да се врати. Јас не жалам поради заминувањето од Арсенал, јас знаев што морам да направам.“

“Кога ќе ви дојде повик од Реал Мадрид, тешко е да се каже не. Никогаш не знаете што носи иднината. Направив што направив и среќен сум поради тоа, бидејќи ја освоив Лигата на Шампионите.” – завршил Анелка.



Личното искуство на Анелка... Дали ќе делува на Дрогба?

Инаку за информациите за Дрогба и што бара Челзи за него, па логично е... Ако дава некој 35-40 милиони ФУНТИ, или пак, Кака или Меси, од Милан и Барса соодветно, тогаш Дрогба ќе си оди. Ебаго, Барса и Милан не ги даваат најјаките, а го сакаат најдоброто од Челзи за џабе. Е така нема!
Еден заебан Тотенхем ко можи да бара 30 милиони фунти за Бербатов, па оти Челзи да не бара тоа што го бара за Дрогба?

Ја исто мислам дека можи и Дрогба да биди употребен и за евентуално доаѓање на Роналдињо. Сега Милан со Пато не е толку загреан за Роналдињо, а Челзи, особено Тен Кате, би сакал да го види „зубле“ во своите редови. Но, има уше многу до лето, па џабе е да се кажува сега...
 
Бирмингам 0-1 Челси
Стрелец: Пизаро во `79.
Водечките три си остварија победи. Ај ќе дочека Челси кикс.
 
Да, нерешено во последно коло, кога ќе е осигурана титулата. :)
 
Абе чекаме ние кикс уште од ноември... А ако кикснат тие, киксаме и ние, како по правило. :(
 
И втор погодок за Пизаро сезонава!!!
Ха, ха...
Џо Кол нафрли од корнер и Пизаро со глава даде гол.

Ја мислам годинава на прво место е ЛШ. За Премиер Лига ако се укаже шанса добро, ако не, барем си имаме место за ЛШ догодина. Од времето на Мурињо единствено неосвоено остана ЛШ. А токму таа титула ја сака Абрамович. Затоа е донесен и Тен Кате, кој пред две години како помошник на Рајкард, успеа да ја освои ЛШ, па сега се надева Абрамович, на нешто слично и со Челзи.

Инаку, в среда играме реванш со Евертон од полуфиналето од Карлинг Купот. Кај англичаниве гол во гости не важи како предност, па победата од Стемфорд од 2-1 не е така лоша:chelsea 3:
 
Не ми е јасно зошто има многу луѓе што го мразат челзи јас лично од 7 одд навивам за Челзи и за никој друг едноставно ги обожавам само мислам дека е време лига на шампиони хехехе
 
Статус
Затворена за нови мислења.

Kajgana Shop

Back
На врв Bottom