Фан Клуб: Челзи

  • Креатор на темата Креатор на темата Вори
  • Време на започнување Време на започнување
Браво за Петрович.


И за Мудрик, играчот со нула контрола над својата техника :aplauz:
 
Не ми се веруваше дека повторно ќе поклонат победа на противник кој ништо не игра. Десен бек десно, лев бек лево од 80та минута и почнаа да креираат нешто асално. Покрај се друго, последниве сезони патиме од тоа што во секој натпревар добар дел од играчите се ставени да играат на неприродна позиција. Разбирам дека сите тренери се плашат да ризикуваат со премногу ниски играчи во тим, ама не оди ни со четири централни позади. И со сета висина во одбрана, имам впечаток дека пола од головите сезонава се примени по нафрлени топки. Па подобро ризикувај со бековите за подобра шанса во напад да се креира нешто. Исто и Енцо, играч кој треба да има преглед на играта пред себе и да го диктира темпото, игра со грб кон гол, застанат на 20 метри пред гол и чека да прими топка. Мора да им дадеш најдобра шанса да успеат. Па после ако не ги бива, нека не ги бива.
 
Страшно беше да се гледаат оние безидејни напади на Челзи во второ полувреме, класично кружење околу 16рец. Во прво полувреме бевме поконкретни. Нека му платат вечера на Трипиер ги спаси вечерва.

Борха треба да се измава од клубот, со играч помалку ко да бевме со него. Играта ни е тиња у напад, али морам да ги пофалам дека тренирале пенали за утакмицава. Сите пенали ги изведоа перфектно.

Сакам со Ливерпул финале, а со Фулам 1/2 финале :D
 
Каков епски глуп натпревар тоа чудо
Уствари не е дека секој втор натпревар на Челзи не е оваков
 
Ќе освајаме титула а? :zloo::zloo:

Браво, барем да осетиме некоја возбуда :vozbud:

Ќе биде смешно ако Покетино освои титула со нас, а не успеа со Тотнем :D
А и интерсно би било Челзи во своите најлоши 2 сезони во последните 15-20 години да освои повеќе титули од Арсенал со нивните најдобри 2 сезони во последните 15-20 години :D

Ајде, ќе биде интересно, во моментов сме втор фаворит, Пул се класа над нас, така да ќе виидме вечер Чекичите што ќе направат
Автоматски споено мислење:

И дај да ги избегнеме Пул во 1/2 финале ако влезат, подобро би изгубил во финале и би се осеќал возбудено барем за една работа сезонава, отколку уште одма да ни се паднат и да не средат и после до следен август да седиме со прст во уста
 
Пул ќе игра со веројатно втор состав со Вест Хем.
 
Се гледаше желба кај играчите дека сакаат победа., тотално беше надигран Њукасл.
Дадовме среќен гол да ама и Њукасл исто така постигна гол поради грешка исто доста и спаси Њукасл.

Конкретно ми оставија впечаток излетите на Силва на 60 метри од гол и успешно одземање топки на скоро 40 години.
Каиседо и Галагер исто добар натпревар.

Голема замерка до Покетино со селекција на бекови и не е изговор висина, Дисаси и Колвил се неупотребливи како бекови само додавање од нив. Многу се осети кога Густо влезе и Матсен, Челзи доби на продорност.
Мораше многу порано да реагира со бекови и внесување на Мудрик.
Џексон и Броја не функционираат на крила, исто и Енцо.
Се слажам со Зоки голем удел - вина има и тоа што веќе неколку сезони се играат играчи на неприродни позиции.

За пофалба се изјавите на Мудрик и Петрович после натпреварот и реакцијата на Мудрик над Гимараеш после крвничко влегуање на коплието над Матсен.

Убава победа, се надевам дека против Вулвси нема да се деси Евертон и се да пропадне во вода.


Мора убаво да се планира во Јануари и секако некои играчи ќе мора да заминат поради баланс на тимот.
 
Со Миделзборо во полуфинале.

Ни се посреќи ако може да се каже ждрепката.
 
Значи крај на сезона за него, ако проценките се крај на април месец, сигурно нема да брзаат со враќање во прв тим веднаш или да се форсира на припремите.
Значи топ форма може да се очекува тек септември наредна година.
Додај на тоа дека последниве 2 сезони нема изиграно два месеци константно, лоша за психа а да не збориме како ќе се одрази на негово тело и напредок.

Се уште е млад секако но сепак не е лесно да се поминува еден ваков процес.
Ако успеете да го надмине стварно е ментално јак.

Лекција џабе талент без мускули кои ќе го издржат цел тој напор.

Sent from my M2007J20CG using Tapatalk
 
Не знам што треба и кој да го оперира Рис да биде стабилен и здрав играч. Ќе си остане класичен инџури прон, нема многу фудбал во него. Штета за него а и клубот но Челзи мора да си бара нов десен бек.
 
Еве што вика Мурџо.. хмм, кој знае дали да му се верува

1703343950991.png
1703344004596.png
 
Многу критики на социјални мрежи за составот.

Мене и не ми е така лош, најверојатно ова е шанса за Броја да се види до каде е и најверојатно јануари ќе си оди.

Би требало да победиме воедно и наредните 7-8 натпревари ни се лесни период за да се види како се одвиваат работите.

Sent from my M2007J20CG using Tapatalk
 

Kajgana Shop

Back
На врв Bottom