Не ми се веруваше дека повторно ќе поклонат победа на противник кој ништо не игра. Десен бек десно, лев бек лево од 80та минута и почнаа да креираат нешто асално. Покрај се друго, последниве сезони патиме од тоа што во секој натпревар добар дел од играчите се ставени да играат на неприродна позиција. Разбирам дека сите тренери се плашат да ризикуваат со премногу ниски играчи во тим, ама не оди ни со четири централни позади. И со сета висина во одбрана, имам впечаток дека пола од головите сезонава се примени по нафрлени топки. Па подобро ризикувај со бековите за подобра шанса во напад да се креира нешто. Исто и Енцо, играч кој треба да има преглед на играта пред себе и да го диктира темпото, игра со грб кон гол, застанат на 20 метри пред гол и чека да прими топка. Мора да им дадеш најдобра шанса да успеат. Па после ако не ги бива, нека не ги бива.