Фан Клуб: Челзи

  • Креатор на темата Креатор на темата Вори
  • Време на започнување Време на започнување
Kukurelja se poveke mi izgleda na flop (pritisok?)
Потер нешто експериментираше, го стави СВ, позиција на која никогаш претходно не играл. Сеуште мислам дека, Челси, ќе има подобри резултати ако Чилвел игра на средината, а Кукуреља позади во последна тројка или четворка.

Добро е тоа што ги одмори клучните играчи затоа што за неколку денови одат на Брентфорд, а за викенд дома со Манчестер. Манчестер играше, практично, со почетните 11, го замени само Роналдо. Они одат на Спурси. Распоредот и домашниот терен ни требало да се голем плус. Бруно има 4 жолти... Ама чекор по чекор.

Лош натпревар, практично играа без средина. Се надевам дека нареден натпревар шанса ќе добие и Закариа. Одбраната крш, помина сѐ, Кепа бранеше фантастично. Башка сврзаа 4 натпревари без примен гол.
 
Многу е важно тоа што Потер знае да детектира каде чкрипи (иако денес чкрипеше на девет места, освен онаму каде што играа Маунт и Кепа) и навремено (како Тухел на почеток) знае да пресече.
Одбраната денес играше прелошо, меѓудругото, поради присилното експериментирање со Стерлинг на десен страничен бек, Кукуреља како лев стопер (првпат или вторпат сезонава) и апсолутно никаквата заштита од Чик и Ковачиќ. Вториов ич не ми се допаѓа сезонава, ич.

Слободно и Чилвел да го извадеше.на полувреме, немаше да погреши Потер. Ништо подобар од Кукуреља. Шпанецов не се снајде на оваа позиција и разбирливо играше лошо. Прв лош меч откако е пристигнат, ништо страшно, дотолку повеќе што цел тим играше мизерно во прво полувреме.

Кулибали и Азпиликуета ја стабилизираа играта, нужна беше промена на формацијата во 4-4-2, кајнд оф.

Од шест натпревари под Потер и пет победи, може да се заклучат неколку работи, покрај тоа што тимот по правило добива импулс откако ќе следат промени:

1) Вертикална игра. Пасови по средината, градење игра по средината. Нешто што беше карактеристично за Потер и во Брајтон. Мене многу ми прави ќеф, не е решение само да се бара страна. Во целост нема да се имплементира никогаш идејата со овој ростер. Со убави играчи ќе биде песна.

2) Флексибилност. Во формации, концепти и индивидуална на терен. Ако кај Тухел стриктноста беше специфика, кај Потер не се знае кој јаде, а кој пие, неретко и позитивна работа.

3) Тајминг со измени.

Генерално, човекот си ја знае струката и тоа никогаш не било спорно. Но доколку човеков, освен време, не добие поддршка преку нови фудбалери, залудно. Ние сме ептен, ептен тенки на позиции и човек од страна просто само може да се чуди како сме дошле до таа ситуација, играчи од средина да ни бидат Жоргињо, Лофтус и Ковачиќ.

На зима, еден средњак минимум, еден десен бек. На лето уште еден средњак, минимум. Закарија е фијаско, не сум изненаден. Десно би завршил работа некој Јурановиќ, не многу скап, а корисен поприлично. Џејмс е најдобар играч во тимов, го нема еден натпревар, видлива дупка. Немаме средина што тоа отсуство би го надокнадила, или претерано ефикасен напад.

Сета среќа јануари е близу, инаку не тераме многу.
 
Толку од Канте. Најверојатно ова му е последна сезона во Челзи и истата ќе ја помине повреден. Епски играч, world beater во свое време. Клучен играч во финалето со Сити.
Eден твит го опишува најдобро ...

Тоа е....
 
Скоро па идентично полувреме како првото со Вила. Со таа разлика што малку сме постабилни позади (Кукуреља и Кепа спасуваа ситуации) и немаме водство. А можевме да го имаме, да не себичеше Броја безобразно. Има желба, има енергија, супер е тоа, но мораш да играш за тимот, не за себе.

Хаверц е играч помалку. Од него, ништо. Не само што стагнира, човеков назадува. Штом ми доаѓа да го барам Пулишиќ, се знае колку е часот

Не бев воопшто оптимист за ова гостување. Да видиме.
 
Аубемејанг со 30 секунди на терен повеќе направи од Хаверц со неговите 81 минута,а за рацете во шеснаестник кој како милува се свири изгледа.
 
Gi nema Chilwell i James i pak impotenten fudbal. Loftus i Havertz stvarno ne znam so sto gi zasluzuvaat minutite koi gi dobivaat. Broja se isposra na startov, poteg plus sekoj pat.
Bolje balet da gledav.
 
Нема ВАР во 94-та, така во Австралија се судело.


Всушност, на крај треба да жалиме можеби за три бода. Успевавме да пробиеме низок блок, што е фино за промена, ама...џабе.
Стерлинг, Хаверц, Пулишиќ, Чуку, претходно Броја. Не помага ништо, нападот на Челзи е таков каков што бил веќе пет години.

Нема муда, нема квалитет за победи во континуитет, во згуснат распоред и со видни измени на составот.

Убаво е да се менува, да се биде непредвидлив, како што пишав пред некој ден, само мора усул. Да не се претерува, бидејќи се губи хемија се губи некаква синхронизираност.
Ќе беше многу убаво да победиме пред Јунајтед и да влеземе порастеретени во дербито.

Позитивното е што зачувавме мрежа повторно, иако и овој клин шит е малку лажен. Позитивно е и детево Чуквуамека, многу добар впечаток остави и не гледам причина зошто не би стартувал пред одредени играчи.

Од друга страна, Стерлинг е целосно во контра-ритам. За Хаверц не сакам да разговарам.
 
Десетти меч без победа против Јунајтед во лига.
Десетти.
Ова е трагичен податок, а уште потрагичен е ако се земе предвид тоа што овој Јунајтед е пост-Фергусон. Со најсилниот Манчестер можеби и некогаш, или еден од, игравме врвни партии и победувавме. Против веројатно најголемиот тренер на сите времиња. Со Манчестер на Оле, Жозе, новајлијата Тен Хаг, не можеме да впишеме три бода.

И не е случајно воопшто. Да имаш 1:0 во 89-та од пенал, нема теорија да си здрав во главата и да го пропуштиш цел плен. Дома.
Кој сака нека е опонентот, дури и Манчестер Јунајтед.
Примениот гол во последна минута говори дека деветте последни киксови со Јунајтед не се нималку случајни.
Не дека вообичаено не се случува истото со секого скоро, но сепак...за ова треба да си посебно надарен.

Не го гледав второ, за жал, или за среќа, ама од она во прво фатив мигрена. Вила и Брентфорд, пресликано. Со таа мала разлика што Јунајтед не создаде толку можеби и Кепа не беше толку под притисок (иако лесно можеа да имаат водство после 45 минути).

Селекцијата лоша. Баланс никаков. Во најмала рака како тухеловиот најлош Челзи. А за вакви изданија, многумина го бркаа Тухел.
Има замисла Потер, се забележува нешто на секевенци, залудно. Истите играчи што го продадоа Тухел, сега мислам дека ќе го продаваат и Потер. Толку се писмени, толку знаат.
Со кого си има тој работа.

Енергија, јок. Агресивност, јок. Желба, јок. Повторно само Кепа и Маунт беа дојдени да играат.
Не знам, еве увиде Потер сега кој колку и дали. Потребно е да има основа и минимално да менува. Периодот на претумбации едноставно мора да заврши.
А и периодот на избирање играчи во прв состав поради име.

Во ред, Обамејанг ќе даде гол, два, пет, но Обамејанг не нуди ништо во овие години. Ништо. Освен статистика потенцијална.
Убеден сум дека Броја и покрај тоа што е млад и недефиниран, ќе пружи многу повеќе.
Има продори, притиска, брз е, знае да шутне од различни позиции и најважно - енергичен е.
Истото важи и за Чуквуемека и Галагер. Не можат полошо од другите, а Потер и Челзи пак, може многу да добијат. И да се губи со нив, барем ќе се исчеличат, ќе добијат искуство.

Ваква ќе биде цела сезона, падни-стани. Уште еден финален рез е нужен, да се исчистат фекалиите, дури и на сметка на ЛШ идната година. Потоа паметно на пазар и поглед на академија.
 
Обамејанг. :pos:

Абе нека се исчисти да не го гледам, дрво габонско. Три гола ќе имавме предност на полувреме, минимум. Секоја акција ја уништи.

И најголемиот дибидус гледа дека Обамејанг и Хаверц не можат заедно. А и помалиот дибидус гледа дека Обамејанг не е за во прв тим.
Не знам зошто Броја не стартуваше, не ми е јасно навистина.
 
Слабо активност сс оглед на тој дека играмо. Водимо 0-1, можеше комотно 3-4 да водимо ама тој е Челзи.
 
Освен првите 15 минути кај што неможевме да се составиме со топка, одлично полувреме откако се разбудија.
Едно нешто сум сигурен, факт е дека голем дел од играчиве се тешки просеци, посебно во напад ама и Потер нема да дочека иднина ако продужи да форсира глупава формација со тројца позади, едноставно тимот не сака да ја игра, премногу играчи играат на неприродни позиции, едноставно со сила се тера. Прашање на време е кога ќе почнат и него да го бојкотираат.
Ја разбирам све, и повреди и немање адекватни замени ама мора да се иде со 4ка позади, да се ослободи тимов и да се престане со глупиве експерименти каде што секој почеток на меч неможеме да се пронајдеме со топка. Тимов не е за со тројка позади, никако не му годи глупава формација, плус се убер ботови што им требаат 120391209312 шанси да дадат гол а со формацијава е многу битен да си клиничен.
 
Вакви погани екипи треба да се напудрат јако, да не им текне веќе да излезат на терен со тебе.
Уф, гадни мали лешперчиња. Секој дуел беше за да повредат, не да освојат топка. Ѓубренцево што влезе Симиќ, животот ќе му го завршеше на Силва. Па уште после се кошка со Кепа. Се надевам дека Милан ќе ги демолира на Сан Сиро.

Генерално добар меч кој можеше да заврши како што вообичаено завршува за нас. Толку знаат напаѓачите.
Двата гола денес беа надвор од шеснаесетник и дава беа прекрасни, оној од Хаверц особено. Белким ќе му текне дека може и да шутира.
Галагер добар исто, Жоргињо и Ковачиќ контролираа, Куку далеку постабилен.

Е сега, Силва малку се излета за голот. Не верувам дека е исклучиво негова вина, со оглед на тоа дека и Потер сака одбраната да излегува високо. Тоа е во ред, но кога имаш водство, а лево и десно во одбрана ти се Пулишиќ и Стерлинг, не би било лошо и да се стави нога на кочница. Бидејќи еден кикс и противникот излегува сам пред гол, како и што се случи впрочем.

Сакам да го торпедираме Динамо и како први убедливо да одиме во нокаут-фаза
И после Динамо и покрај тоа што сме вакви, не се сомневав воопшто.
 

Kajgana Shop

Back
На врв Bottom