- Член од
- 29 јануари 2015
- Мислења
- 7.278
- Поени од реакции
- 20.261
Голема е веројатноста (за Чех е скоро па сигурно), дека взаемна била желбата за прекин на соработката. За Марина такви и беа најавите, после лето ќе си замине, а на лето ќе си ја врши функцијата. Дури и сега, наводно, ќе била тука од помош доколку нешто било потребно. Повеќе како советодавец со искуство.
Спортски директор е најпотребен. Убаво е тоа што си активен на повеќе фронтови, но тенка е границата од таква активност и барање играчи без компас. Треба стопер, аха. Ајде ќе се обидеме со...поприлично сите достапни на пазарот.
Одличен пример за наивноста на Боели (но тоа е и добро, огнено крштевање, само да се извлече поука) е Рафиња. Ептен јако најверојатно ќе го издуваме. Не смее да се договориш прво со клуб, па потоа да договораш лични услови со играчот. Или прво едно па друго, ило паралелно ги тераш двете работи.
Ќе купуваат сигурно, уште верувам, ама мора да се забрза бидејќи пазарот се стеснува, време има помалку и помалку, а сезоната стартува за еден месец. Не е Челзи во положба да се луксузира. Исто така свесен сум и дека не е во рамноправна положба како претходно и поради настанатите околности годинава, отежнат ќе биде процесот на купување и продавање. Токму затоа и се трудам да бидам поодмерен во дискусиите.