Фан Клуб: Челзи

  • Креатор на темата Креатор на темата Вори
  • Време на започнување Време на започнување
Голема е веројатноста (за Чех е скоро па сигурно), дека взаемна била желбата за прекин на соработката. За Марина такви и беа најавите, после лето ќе си замине, а на лето ќе си ја врши функцијата. Дури и сега, наводно, ќе била тука од помош доколку нешто било потребно. Повеќе како советодавец со искуство.

Спортски директор е најпотребен. Убаво е тоа што си активен на повеќе фронтови, но тенка е границата од таква активност и барање играчи без компас. Треба стопер, аха. Ајде ќе се обидеме со...поприлично сите достапни на пазарот.

Одличен пример за наивноста на Боели (но тоа е и добро, огнено крштевање, само да се извлече поука) е Рафиња. Ептен јако најверојатно ќе го издуваме. Не смее да се договориш прво со клуб, па потоа да договораш лични услови со играчот. Или прво едно па друго, ило паралелно ги тераш двете работи.

Ќе купуваат сигурно, уште верувам, ама мора да се забрза бидејќи пазарот се стеснува, време има помалку и помалку, а сезоната стартува за еден месец. Не е Челзи во положба да се луксузира. Исто така свесен сум и дека не е во рамноправна положба како претходно и поради настанатите околности годинава, отежнат ќе биде процесот на купување и продавање. Токму затоа и се трудам да бидам поодмерен во дискусиите.
 
Јунајтед го доведе Малација, како и да се вика, што значи дека само Челзи и Лестер немаат никого купено од сите тимови во лигата.

Да се потсетиме, на Тухел му биле ветени шест засилувања.
Утре е 06.07.2022, на 06.08.2022 стартува новата сезона.
 
I denes nisto novo. ZZZzzzzZzZzZZZZZZZZzzzZZZzzzzzZZZzzzzzzZZZZZzzzzZZ
 
Репрезентација на Гана: четири засилувања.
Челзи: нула.

Викендов поаѓаат за САД на летна турнеја. Бавноста си останува карактеристика, дури и во официјализирање на трансфери.

Скоро пред еден месец со Стерлинг беше демек завршено. Абер немаат.
Фијаското со Рафиња не сакам да го коментирам. Го испуштија, во ред. Мене друго ме чуди. Зошто побогу го чекаа? Зошто чекаа да одговори на Барселона, односно Барселона да собере пари и да си го купи? Па Меси не се чека толку, а не па Рафиња.

И зошто паралелно не работеа и на други алтернативи за таа позиција, како што го прават тоа со дефанзивциве?
Ќе речам пак, знам дека ќе дојдат нови играчи, но сезоната ќе биде веќе започната и ќе се адаптираме до јануари, кога Сити ќе има 45 поени предност пред нас.
 
Катастрофално лето, еден месец веќе помина од 3. Ај што Марина заеба работа со одбранава, заеба, има толку добро направено за клубот, иако не остави во комплетен хаос со договори, сепак не и земам за лошо.
Ама дебилов американски, глуми шефче, ги избрка двајцата што беа блиску до Тухел и тимот место да го завршат летово и ги донесат планираните засилувања, ако имало, ете. Ај што ги избрка, се понаша како разгалено детиште што се шета околу свет и му е интересно да „преговара“, слепцу еден, ова шетање и јадење шпагети во Барселона и Италија ќе не кошта сезона и евентуално маестрален тренер, најквалитетно нешто во тимов, неверувам Тухел после вакво несериозно лето да остане да води, кој да води?

Засега ептен не сум задоволен, прво, не знам зошто не се договори Кунде, класа подобар е од Де Лигт, доаѓа од појака лига и ни одговара на фудбалот што ги играме. За Рафиња немам коментар, за Вилијан број 2 се натегаме како да преговараме за ебен Мбапе.
Ме мрзи да должам али засега ептен лошо, со вакво лето, не ни очекувам топ4 следна година.
А шиптаров Броха што уценува за редовни минути, може да го земе на уста само, кој си бе ти со една полусезона у Саутемптон да притискаш за редовни минути, какви играчи еј, после криво ќе им било што си отишле млади. Да се разбереме, ЕДНА ПОЛУСЕЗОНА.
 
Околностите не беа завидни по доаѓањето на Боели и компанија. Требаше ептен да се зачисти, затоа и не сум толку строг во оценките. Имам разбирање, ама до јануари. Тогаш ќе зборуваме поинаку.

Ми се допаѓа тоа што Боели е активен и гледам навистина желба и искрена намера. Е сега реализацијата, која е условена и од неискуството и наивноста на Боели, сосема е петта работа.
Тука баш гледаме колку недостасува спортски директор и здрава стратегија.

Не смееш да договориш прво трансфер со клуб, а потоа да договораш услови со играчот. Надвор од памет. Ниту пак толку долго да чекаш некого.

За Броха и сличните на него, истиот став го имам. Не можеш да бараш загарантирано место во тим, како и да се викаш. Ќе тренираш, ќе работиш, ќе се покажеш, па тогаш можеби и ќе заслужиш.
 
11.07.2022

Бачуаји, Баркли, Кенеди, магично се со тимот на турнеја во САД.
Поголем пораз во моментов од тоа што УШТЕ немаме никого доведено (Стерлинг три дена медицински прегледи прави) е тоа што не продаваат, односно не се ослободуваат првенствено од овие залутани мртовци кои цицаат пари (последниот текст на Matt Law, за жал е на место).


Почнаа со огномети...
 
11.07.2022

Бачуаји, Баркли, Кенеди, магично се со тимот на турнеја во САД.
Поголем пораз во моментов од тоа што УШТЕ немаме никого доведено (Стерлинг три дена медицински прегледи прави) е тоа што не продаваат, односно не се ослободуваат првенствено од овие залутани мртовци кои цицаат пари (последниот текст на Matt Law, за жал е на место).


Почнаа со огномети...
Мичи Бачуаи го даде голот против ВБА што ја запечати титулата во 2016/2017. Ќе те молам да покажеш малку респект, окккк??????????????????????????????????????????????

Шала на страна, многу играчи што се или ќе бидат "отпад" се на турнеа.
100 шпекулации и 0 засилувања, му се случува огнено крштевање на Боели. Не е ова Америка па да си игра како што сака. Нека му се овој 1-2 месеци период на учење, не би бил многу разочаран и само да останеме со Стерлинг и барем еден дефанзивец.
Како што се шпекулира Тухел сака да се врати на 433, па така Зиех ќе биде како ново засилување на десната страна.
Плус Одои се враќа. Читав што се поминал минативе години, греота е детето, се надевам дека ќе се врати како што беше во времето на Сари.

Според мое мислење, Тухел иде на припреми за да ги процени младите играчи (пример Aмпаду и Колвил), па после може да гледа дали ќе мора да се земе уште еден стопер.

Пред да пуштам сеа гледам се поврзуваме со Леао, Сане и Кулибали. Значи нема играч со кој не е поврзан Челзи и тоа почнува да ме нервира. Од главните таргети се префрламе на втори/трети и сега веќе четврти опции.
 
Chelsea close to agreements on fee + personal terms to sign Kalidou Koulibaly. - @David_Ornstein. Подобро 40 за Кулибали, отколку 100м за Де лихт колку што бара Јувентус.
 


Супер.

Во меѓувреме, Стерлинг му прави диши-издиши на лекарот, а овој го допира по голите гради. Веќе три ден.
 
Кулибали и Стерлинг, не е лошо како за почеток.
 


Некој ми ги слушнал молитвите :X3:
Одма би го земал Кулибали пред Де Лихт и би го оставил Колвил.

На Рафиња и Кулибали го додаваш Рајс и се е супер.
Мило ми е што ќе се оствари трансферот. Мислам дека многу повеќе беше потребно да се земе искусен дефанзивец, наместо талент. Во мое идеално сценарио, би се вратил на четворка позади, Силва, Кулибали, Чалоба, Колвил како централни. Вторите ќе ги имаат првите како ментори и ќе добиваат добра минутажа за да се развиваат и да можат и да превземат понатаму како прв избор. Мислам дека Колвил има огромен потенцијал и голема штета ќе биде доколку ги следи стапките на Томори и Гуехи. Со солидна минутажа и добар развој, верувам дека би можеле и он и Чалоба да го играат тоа што го игра Де Лихт во Јуве до сега, без да плаќаат 80+ милиони. Реалноста најверојатно ќе биде да се донесе и Аке и да не добијат они доволно минути, но ајде да видиме. Со тројца би можеле пак да имаат добра улога во тимот.
 

Kajgana Shop

Back
На врв Bottom