Фан Клуб: Челзи

  • Креатор на темата Креатор на темата Вори
  • Време на започнување Време на започнување
Освен можеби Броха, на сите други им требаат позајмици. Со оглед на повредите и неуспешните позајмици, Анџорин треба да биде и продаден.

Не ја разбирам потребата за цинизам во оваа ситуација.
Броха не би го продал, би му дал шанса. Особено не би го продал во Вест Хем и за таа цена.

Верувам во клубот и Тухел. И верувам дека клубот работи во полза на младите играчи. Па, што велеше Дуле Вујошевиќ, ако се ружи, ќе процветаат.

Не може Чалоба да гризе и да се бори со играчишта за место, а некои да кенкаат и да уценуваат после една сезона професионален фудбал.
Треба да им се даде бар вистинска шанса на турнеава да се покажат, па одлучи. Вака безвезе само ги носат натаму наваму. За Броја со месеци се збореше дека сигурно добива вистинска шанса на припремиве за на крај ниту една недела да не е таму. Има и повреда, ама никој не пиша дека се враќа заради тоа, туку затоа што се блиску до договор за трансфер.
Не знам која е поентата уште да им се даваат минути на Мичи и Баркли. А нема да ме чуди двајцата да останат во тимот и безвезе да зафаќаат место кое може да е пополнето со играчи кои би можеле да имаат некаква иднина во тимот.

Тоа со уценувањето мислам никако не треба да е сериозен муабет.

Поентата е да ги види евентуално некој Газиантеп или Хадерсфилд и да се залаже. За ѓубрето зборувам.

Броха треба да добие шанса, бидејќи Броха е единствен вистински шпиц и без разлика на нашиот концепт, некогаш ќе е потребен вистински напаѓач.

Не е сериозен? Не беше сериозно уценувањето од Хадсон-Одои? Тоа барем беше експлицитно, ако ова со Колвил не е.
И од каде тоа дека не добиле еднакви шанси? Маунт, Џејмс, Абрахам, Томори, Галагер еве сега? Не добиле шанса? Чалоба од никаде што се наметна?

Од овие истиве новинари што сега ги цитирате, извираа информации дека Колвил бара загарантиран првотимски статус (не подразбира тоа под дифолт стартна 11-ка).
Како можеш да бараш такво нешто? Имаш тренинг, имаш подготвителна сезона, искористи ја шансата.

Не поминале многу славно оние кои немале трпение, а го напуштиле Челзи. Од Соланке па до Луис Бејт лани (гарант не ви текнува ни за кој се работи всушност).
 
Истиот Колвил не прифаќал позајмица туку барал пермаментен трансфер ако потпишале двајца дефанзивци. Не знам дали е глуп или не сфаќа дека неможеш да диктираш позиција во тим, туку едноставно треба да ја заслужиш, секако следна сезона Силва најверојатно ќе си оди, пак ќе има потреба од дефанзивец.
Не знам мене искрено не ми се свиѓа воопшто ова со Колвил, подобро и нека го продадат ако успеат да договорат buy back со некој, неможе со 19 години и без професионален настап во ПЛ да бара гарантирани минути, а очигледно е дека бара, истава ситуација ја имавме со Одои.
Нека се угледа малце на Чалоба, од нигде излезе, играл ДМ во Франција и на крај гризе и се бори за стартна позиција со Кристенсен, е тоа барам.
За Колвил ќе ми биде криво, за Броха апсолутно не, преценет ш и птар, не го сфаќам хајпот околу него, има добра физичка конституција и брзина ама и Мичи Башуаи е исти па ете не бидна играч од него, така да, нека му е со среќа во Вест Хем.
 
Поентата е да ги види евентуално некој Газиантеп или Хадерсфилд и да се залаже. За ѓубрето зборувам.

Броха треба да добие шанса, бидејќи Броха е единствен вистински шпиц и без разлика на нашиот концепт, некогаш ќе е потребен вистински напаѓач.

Не е сериозен? Не беше сериозно уценувањето од Хадсон-Одои? Тоа барем беше експлицитно, ако ова со Колвил не е.
И од каде тоа дека не добиле еднакви шанси? Маунт, Џејмс, Абрахам, Томори, Галагер еве сега? Не добиле шанса? Чалоба од никаде што се наметна?

Од овие истиве новинари што сега ги цитирате, извираа информации дека Колвил бара загарантиран првотимски статус (не подразбира тоа под дифолт стартна 11-ка).
Како можеш да бараш такво нешто? Имаш тренинг, имаш подготвителна сезона, искористи ја шансата.

Не поминале многу славно оние кои немале трпение, а го напуштиле Челзи. Од Соланке па до Луис Бејт лани (гарант не ви текнува ни за кој се работи всушност).
Не верувам некој клуб да купува играч само затоа што виделе дека изиграл добро на два пријателски натпревари. Да беше така, Баркли до Реал ќе стигнеше веќе :D

Да не бидам грешно сфатен, нормално дека барање загарантирано место во тимот е неприфатливо. Ама и јас лично, без било што од новинари, не верувам дека млад играч бара загарантирано место. Ни подокажани играчи не можат да го бараат тоа, а не па дете. Иако, скоро секогаш не доаѓа тоа директно од играчот, туку од луѓето околу него. Тоа што од клубот, на чело со тренерот можат и треба да го направат за овие млади играчи е доколку ги планираат за следна сезона, да седнат и да направат муабет, да им кажат дека гледаат потенцијал, дека имаат шанса за минути во првиот тим и да ги мотивираат да покажат дека ја заслужуваат. Многу често мислам дека тоа не се случува општо во фудбалот. Ете Тухел имал таков муабет со Конор и овој од старт е ептен мотивиран да се покаже, знаејќи дека сигурно ќе биде дел од тимот и дека ќе добие минути доколку заслужува. Се надевам го направил тоа Тухел и со другите на кои смета за сезонава. Значи не да им дава гаранции некакви, туку само да ги осигура дека ги гледа како добри играчи и дека би добиле шанса доколку се покажат добро. Може ќе кажеш па секако се подразбира тоа, нема потреба да оди да збори посебно со секој. Ама за секој млад играч сигурно е ептен значајно директно да слушнеш такво нешто.

Како што реков, секако имам прифатено дека најголемиот дел ќе си оди, и секако најчесто Челзи нема да зажали за тоа. Ама кога има очигледна прилика да пружиш шанса на добри таленти, како Колвил и Броја во случајов, кога може да ти пополнат очигледна дупка и да те спасат од големи инвестиции, ептен глупо изгледа ако не им дадеш вистинска шанса да покажат што знаат. Доколку и после тоа сакаат да си одат, слободно.
 
Проблемот е што ние не знаеме што поточно подразбира младиот фудбалер под дадена шанса.
Доколку е свесен за постепеното влегување во тимот, за кое верувам дека Челзи и на двајцата им го нуди, во ред. Доколку не е тоа случај и подразбира многу повеќе минути инстантно, тогаш доаѓаме до оваа точка на разделба.

Се плашам дека и Броха и Колвил сакаат сега и веднаш. Но, ајде да почекаме, немаме доволно конкретни информации.
На Вест Хем не би им продал магаре, а не па добар проспект како Албанецов. А и цениве не ми се допаѓаат. Па еден Брајтон-Мајтон за ќори играчи со три гола и добар ПР, не сакаат да зборуваат ако не им понудиш барем 45 милиони, ние за ситница се ослободуваме од нив.
 
West Ham and Chelsea are still in talks on final details of the deal like potential buy back clause or not, add ons. The agreement for Armando Broja is really close and it will be permanent deal. Broja is pushing for the move. - @FabrizioRomano

Среќно. Ако нејќе да се потруди малку повеќе и да оди на уште една позајмица, неможе со една полусезона изиграна да мисли дека е Дрогба. Маунт, Џејмс, Чалоба, сега и Галагер сите имаат по 2-3-4 позајмици пред да добијат шанса.
 
Мора да го искористат ова за да имаат предност и полесни преговори за Рајс. А не две лета по ред да им пуштаат играчи и на крај кога ќе тропнат за Рајс, да нема одговор.
 
Значи, сепак, некој барал гаранции за прв тим.
Нека му е со среќа, вака воопшто не ми е криво.

* пак нема Вест Хем да попушти за Рајс, џабе Бајрам си правиме.

Upravo:

Последно уредено:
Иако се наведува дека ако пристигнат двајца централни, сепак Колвил ќе настојува да напушти.
Во спротивно, нема да има никаков проблем. Верувам дека ќе добие минутажа и ќе биде од голема корист во одредени моменти од сезоната.

Нашиве наводно пуштиле понуда за Кунде и немало да форсираат и по секоја цена да гинат за него. Од Франција велат дека Кимбембе сакал да остане во ПСЖ и јас искрено се надевам дека така и ќе биде.
Името на Јошко Гвардиол повторно влегува во конкуренција.
Гвардиол > Кимбембе, за мене и објективно, во перспектива.
 
Мене ми нема баш логика ова. Гвардиол е едвај година постар од Колвил. Ок, подокажан е ама сепак е млад дефанзивец кој тек треба да се развива, да се подобрува и да учи од грешки. Исто како Колвил. Го немам баш гледано, не знам точно за колкав талент се смета, ама не верувам да е многу поголем од Колвил. Во тој случај стварно не гледам причина да дадеш 40+ милиони за ново дете, наместо да дадеш шанса на тоа што го имаш.

Ок сум ако успеат да земат еден од Кимпембе/Кунде како прв избор со Силва и Кулибали. Плус Чалоба, Колвил, ништо чудно и Ампаду да остане. А не знаеме што ќе се случи и со Азпи и Сар.
 
Поголем значително од Колвил. Ако би дошол Гвардиол, тогаш би имале фантастичен млад двоец во името на Колвил и Јошко.
Ние некако забораваме дека Силва има 37 години. Уште оваа сезона и тоа е тоа. А забораваме дека и Азпиликуета е пред излезни врати. Сар, многу веројатно.

Значи, Гвардиол-Колвил-Чалоба / Силва-Кулибали-Кунде, како и да е. Гужва ќе е сега, од следна година ќе бидеме таман.
Гвардиол може и лево да покрива и тоа во овој систем, би рекол подобро од Алонсо.

Само мислам дека ништо од тоа. А во блиска иднина ќе заврши момчето во Сити или Баерн, ако не во Челзи. Ништо, бидејќи Кунде наводно е многу близу, а потребен е и уште еден играч од напад.

И повеќе од јасно. Вчера читав некој близок од семејството на Колвил, демантираше дека Колвил сакал исклучиво прв тим.
Штом така, одлуката треба да е лесна. И одвај чекам да го видам на терен.
 
Последно уредено:
Изгледа се ептен блиску до договор за Кунде со Севиља. Би требало уште утре завршат со преговори. И Барса се во игра пак, ќе треба да се почека ама за разлика од Рафиња изгледа Кунде нема да притиска и чека за нив. Би требало веќе да имаат договор за лични услови. Со тоа би требало и да му дозволат на Азпи да си оди. Доколку се оствари сето ова:

Кулибали/Колвил - Силва/Ампаду - Кунде/Чалоба

Мислам дека е доволно добро ова и лично би бил задоволен. Силва и Кулибали како лидери. Кунде и Чалоба се иста возраст, со првотимско искуство, млади дефанзивци на кои ќе може Тухел да се потпре. Ампаду и Колвил ќе треба да ја искористат максимално секоја шанса која ќе ја добијат. Ампаду има само 21 година, а веќе долго време игра. Би сакал да остане и ова да му биде одлучувачка сезона. Или ќе успее да се покаже, а има што да покаже, или ќе биде продаден на просечен тим, да си гради кариера. Плус тука е и Сар, ќе видиме со него што ќе се случи.

Ако го донесат Кунде, после очекувам да се намали активноста и да има повеќе фокус на продавање. Според мене потребен е уште еден играч за во напад, дефанзивен играч од средина и замена за Џејмс. Мислам дека нема шанси да се донесат сите. За во напад прво ќе треба да си оди еден од Зијех/Вернер, ако не и двајцата. За во средина исто би очекувал прво да се разреши ситуацијата на Канте и Жоржињо пред да се носи уште еден играч. Нема баш слободни места во тимот моментално, мора да се чисти. За вингбек веројатно солидна опција ќе беше тој Клаус, ама изгледа веќе го земаа.
 
Kajgana Shop

Back
На врв Bottom