Ни се врати за Барнли и Јунајтед. Сигурно најлошиот натпревар под палка на Тухел. А и еден од полошите во последните две години. Буквално, станав на сред меч да се напијам апче, главата ми чадеше од хоророт на терен.
Отсуствата значително отежнуваа, ама ова не личеше баш на ништо. Подобро игравме кога загубивме 4:0 со црвениот на Бакајоко.
Секоја чест на Менди, Силва по влегувањето, Маунт за голот и асистенцијата и сепак Зијеш. Другото тотално дезориентирано и несинхронизирано. Пулишиќ е waste, џабе, не бива. Хаверц имаше солидни прилики, потег повеќе или помалку.
Се надевам дека Жоргињо и Џејмс, можеби и Канте, ќе бидат подготвени за Вест Хем. И дека напред ќе играат Зијеш, Маунт и Лукаку. Се надевам и дека овие копачи неталентирани ќе бидат во Чемпионшип следната сезона.