Фан Клуб: Челзи

  • Креатор на темата Креатор на темата Вори
  • Време на започнување Време на започнување
Ја никад не го ни сфаќав хајпот околу Кристенсен ама добро. Кога би бирал помеѓу Рудигер и него, подобро Рудигер да остане, лидер е, борец и цел тим го дига додека овој е технички поткован ама нема никакво лидерство во себе, има среќа што игра во систем како на Тухел со тројца во одбрана и не излегуваат негови маани на виделина, иначе..
 
Рудигер е на жолт картон до пропуштање на мечот со Вест Хем. Кога можеше Сар да игра против Брентфорд, тогаш можеше Рудигер да биде на клупа денес. Се надевам дека се свесни.

Ионака тимот е гз преку глава. Азпиликуета и Алонсо по страна, Саул и Рубен во средина, искрено се плашам. Рис Џејмс од минорен удар и присутен на тренинзи вчера и завчера, до надвор од строј целосно.
Од мочка правени сите.
Автоматски споено мислење:

Уште држи ја топката, Лофтус-Чик.

Ужасно полувреме, не можеше поинаку. Со една нога нека влезе Жоргињо, Саул и Лофтус-Чик не знаат за себе. А и Рудигер покрај нив вечерва. Алонсо се посебна приказна.
 
Последно уредено:
Пола тим треба да излезе на полувреме. Ама средината е најкритична, нека го вади Саул пред да добие втор жолт, а ако не може Жоржињо да игра тогаш да влезе Силва па со Чалоба или Кристенсен во средина.
 
Дајте некој линк ако има,сигурниве сите ми се со blackscreen.
 
Ни се врати за Барнли и Јунајтед. Сигурно најлошиот натпревар под палка на Тухел. А и еден од полошите во последните две години. Буквално, станав на сред меч да се напијам апче, главата ми чадеше од хоророт на терен.

Отсуствата значително отежнуваа, ама ова не личеше баш на ништо. Подобро игравме кога загубивме 4:0 со црвениот на Бакајоко.

Секоја чест на Менди, Силва по влегувањето, Маунт за голот и асистенцијата и сепак Зијеш. Другото тотално дезориентирано и несинхронизирано. Пулишиќ е waste, џабе, не бива. Хаверц имаше солидни прилики, потег повеќе или помалку.

Се надевам дека Жоргињо и Џејмс, можеби и Канте, ќе бидат подготвени за Вест Хем. И дека напред ќе играат Зијеш, Маунт и Лукаку. Се надевам и дека овие копачи неталентирани ќе бидат во Чемпионшип следната сезона.
 
Уффффф
Огромни три бода во лош натпревар. Веројатно најлошото полувреме под Тухел беше ова денес. Второ малце подобро, иако пак не сјајно. Никако не успеаа да се справат со пресингот на Вотфорд. Како прв пат да играат.
Саул би го задржал после јануари само ако некако покаже дека како вингбек може да игра на ниво на Чилвел. Два старта, два пати остана во соблекувална на полувреме. Повеќе од срамно. Среќа што е на позајмица.

Повредиве :tapp::tapp::tapp::tapp:
 
Саул би го задржал само во трета лига северозапад Арменија. Каква превара од играч, ни самиот не знае како се наоѓа на фудбалски терен.
 
Не ми се коментираше вчера после натпреварот затоа што паднав во депресија колку лошо игравме и викам утре ќе пишам 2-3 збора за натпреварот.
Сеуште сум во депресија колку лошо изгледаше Челзи на теренот вчера, среќа што освоивме 3 бода. Толку грешни пасови нема ни во кумановска општинска лига, не личеше на ништо вчера. Предна оценка мислам дека освен Менди никој не заслужи.

Се примети вчера колку зависи играта на Челзи од квалитетни вингбекови, многу фалеа Џејмс и Чилвел. Бтв ќе славам кога Алонсо ќе го напушти клубот, неможам да го гледам повеќе.

За сите што го плукаа Жоржињо нека го погледнат натпреварот од вчера и нека видат како изгледа средината на Челзи без негова огранизација и контрола.
 
СКП во февруари. Полуфинале на 9ти, финале 12ти. Натпреварите против Брајтон и Арсенал ќе се одложат.





 
Дечки некој да не знае низ Скопјево каде може да најдам привезок за клуч со лого од Челзи( по можност метален, но не е задолжително)?
 
Канте, Ковачиќ, Чилвел и Чалоба аут, останатите достапни.
Што значи дека утре магично Рис Џејмс ќе добие тровање, а Жоргињо ќе се предозира со хероин.

И да, некое време прдиме овде. Потребен е средњак. Во јануари. Канте е во период кога го стига сиот замор наталожен низ годиниве, Ковачиќ неретко се повредува и остануваме само со Жоргињо. Настрана што во перспектива ги имаме Галагер и Гилмор и што Лофтус-Чик може да врши работа, на Челзи му е потребен средњак, веднаш.
Чуамени во јануари, не знам, било кој.
 
Многу се развлече ова со Ковачич и Канте. Едниот требаше заедно со Лукаку да почне да тренира, другиот само една недела да не тренира. А уште нема никаков апдејт за кога би се вратиле. Се надевам ќе се врати бар еден од следна недела затоа што ептен фалат.

Се надевам ќе го стартува Лукаку веќе, сигурно е спремен. Со него Маунт и Хаверц. Хаверц доста позитивна партија имаше против Вотфорд во поголемиот дел. Еден од малкуте кои играа над просек. И Тухел го издвои после натпреварот. Можно е Зијех место него. И он мене ми беше солиден на последниве два натпревари. Со него работата е што е едноставно играч кој ќе те фрустрира. Играч кој цело време ќе пробува некои амбициозни пасови од прва кои скоро сигурно пола од времето ќе ги утне. Ама па кога ќе ги погоди, погодено е. Кај него уште од минатата сезона ме изненади и движењето без топка. Очекував да е мрзлив играч без топка, ама доста трча.

Уствари го заборавив Одои. И он би можел да стартува.
 
Не знам колку Одои е за прв тим, не покажа ништо досега напротив само е себичен и го кочи тимот, мислам дека лета со главата дека е играчиште.
 

Kajgana Shop

Back
На врв Bottom