Фан Клуб: Челзи

  • Креатор на темата Креатор на темата Вори
  • Време на започнување Време на започнување
Ма сфаќам тоа, ама шо знам, стварно СЛ-во ми уби хајп

Играме ЛШ, нешто што како што тргнало, за 20 години ќе ја има истата важност како и КПК титулата, никој нема ни да знае како функционирало натпреварувањето, само сите ќе знааат постоело и не било на ниво на СЛ

Нема да ја има таа важност, очигледно. Не знам во кое атмоско склониште се наоѓаш деновиве, ама Супер Лигата умре уште на породување. Во иднина, којзнае. Не гледам како ти влијае тоа на овој начин.

Тухел е тазе тренер на Челзи, нема тој да излезе и да плука по она што неговиот матичен клуб го потпиша пред една седмица.
 
Последно уредено:
Истиот состав како против Вест Хем. Очекував Џејмс да се врати како вингбек.
 
Ок старт, ама после зезнавме работа. Ваљда и тешко е на дождов да се игра.


Мора да продолжиме јако у второ, да се даде уште еден гол, можеме, вака ако се задоволни со 1-1... не ми се свиѓа.
Се надевам дека Тухел осети дека може тука до победа да се стигне и ќе проба да притисне.

Нека влезе Тами у второ место Вернер и..па не знам кој би го извадил друг, ама ќе мора освежување тука со некои играчи како Зијех на пример, пошто ипак ептен играат истиве играчи на високо ниво долго време, плус дожд, плус притисок..накај 70 негде нека има освежување со пар играчи
 
Не може човек да не е задоволен од прикажаново, а истовремено да не умира од тага за неискористеното.

Кажувам сега еве јас, доколку Челзи не игра во финале, ќе треба да му се заблагодариме на Вернер.
До 15-та минута 0:2 значи крај на мечот, а можеби и полуфиналето.

Но не е само тоа. Прелесно доаѓаме до шеснаесетникот на змијата и упорно и упорно не знаеме да завршиме.

Капитенот, капитенски. Да добивав по еден денар секогаш кога ќе виде како некој играч го натскокува и лошо се позиционира при прекин, ќе бев ебениот Џеф Безос.
 
Ааа браво, паметно, сепак направи замена на пар играчи (y) Добар тренер е Тухел, само штета што мисли дека Хаверц повеќе ќе помогне од Тами :(

Како и да е..браво (y) (y) Одиме сега!
Автоматски споено мислење:

Не ми се допаѓа што беа задоволни со реми кога можеа да стигнат и до победа.

Реал во реваншот ќе биде уште позезнат.

Ќе биде напето. Добра текма.
 
Последно уредено:
Мајсторска партија, вака се игра полуфинале. Машки. Па и да загинеш, барем нема да ти биде криво.

Резултатот можеше да биде поинаков, но да ни понудеше некој 1:1 од Мадрид, верувам дека сите ќе го прифатевме.

Канте, Маунт, Жоргињо и Пулишиќ одлични, Рудигер јадеше живи луѓе.

Ух, само да знаевме во последната третина од теренот да играме, каде ќе беше крајот
 
Срце ме боли за пропуштените шанси, а по едно ново бело влакно имам со секоја добра акција што ќе ја заебат на крај :place:

Добар резултат сепак, и добро изиграа. Само жал ми е поради тоа што можеше повеќе да се извади од натпреваров и да се искористи феноменалниот старт. Со уште еден ваков перформанс може да се оди во финале.
 
Канте :uzi: заслужува 90 минути одмор против Фулам па ако треба нека игра Гилмор.
За 20 минути Хаверц и Зијах се покажаа супер.
Пули-Хаверц-Зијах за сега се идеалната комбинација во напад дури и со еден пред нив од Вернер/Тами против послабите екипи.
 
Лукаку не се прослави.
Дрогба :cuc:
Торес дупка.
Реми!
Мората дупка.
Мичи дупка.
Анелка ми беше ок, но ништо посебно. Сите ќе го паметат по промашениот пенал.
Коста, солиден.
Вернер, сега за сега, дупка.

Жури и Фалкао нема да ги напишам на листата затоа што дојдоа за да бидат џокери од клупа. Фалкао мислам дека изигра само една сезона. Исто и Демба Ба и Ето по една сезона. Овие ми текнуваат од последниве 15тина години. Може има уште некој.

Многу лошо се приспособуваат напаѓачите. Коста беше единствен кој покажа нешто на терен (покрај Дрогба). Искрено не знам ни дали еден Халанд (како и да се чита) ќе промени нешто. Подобро нека не се нафаќа, само ќе му биде сјебана кариерата.

Одбраната и средината не се проблем. Требаат засилувања во нападот. Мислам дека Тухел ќе најде начин да го реши и тој проблем. Тактички одлично се поставува. Противникот тешко доаѓа до чисти шанси, но тешко се пронаоѓа и противничката мрежа.

И Канте вчера згази. Дефинитивно најдоброто засилување во ерата на Роман без никакви дилеми. Игра во константно одлична форма сезони наназад. Невозможно е да се споредуваат играчи кои играат на различни позиции, но Канте не само што ја поврзува играта, пресекува акции, ја крши играта на противникот, помага во одбраната и брзо повлекува контри. :cuc: Плус не сака да се експонира во јавноста.
 
Коста беше врв напаѓач. Покољ направи во тие две-три сезони.
Дрогба...не знам дали паметите, но Дрогба првата сезона во Челзи ја одигра многу послабо отколку Вернер.

Недозволиви се онакви промашувања, ама Вернер е број еден асистент и голгетер во тимот во кампањава 2020/21.

Мене ме импресионира тоа што влегува често во шанси (што значи дека има живот во него) и истите ги гори моментално.
Чудно е, ќе речеш ,,еве сега даде со Вест Хем важен гол, менталната блокада ќе ја снема" и оп - од пола метар чист гол промашува.

Цел напад е неефикасен. На сите им треба многу обиди за еден добар потег. Не мора стриктно да се засилуваме на тие позиции, иако сметам дека уште еден напаѓач е неопходен (нека е и крило). Само една пред-сезона на тимов со Тухел и малку одмор.

Инаку, дали забележувате патерн во играта на Челзи во одбрана после нафрлени топки од активна игра? Примивме практично идентични голови од Тареми и Бензема. Дефанзивците се предалеку, како да ги потценуваат можностите на противникот. Не смееш да не си залепен до Бензема, едноставно не смееш да си го дозволиш тој луксуз. Кога примил топка веќе, во ред, примил. Му го скратуваш просторот за маневар, за шут, блокираш со тело, не стоиш два метри позади или пред него.
 
Последно уредено:
Коста имаше гаден карактер, ама беше борец. Тоа не го спорам. Дрогба и Коста се единствените напаѓачи кои покажаа нешто на теренот. Другото од слабо кон ништо. Како аргумент плус е и листата каде за овие 15тина години се фрлени пари за 10тина напаѓачи.

Лично не сум задоволен од Вернер. Бев за да се купи, а бев против Хаверц. Хаверц беше желба на Лампард, прашање беше колку навистина беше потребен, само ме мрзеше да се расправам со сите поединечно. Ама барем Менди, Силва и Чилвел многу добро се приспособија на играта.
 
Коста имаше гаден карактер, ама беше борец. Тоа не го спорам. Дрогба и Коста се единствените напаѓачи кои покажаа нешто на теренот. Другото од слабо кон ништо. Како аргумент плус е и листата каде за овие 15тина години се фрлени пари за 10тина напаѓачи.

Лично не сум задоволен од Вернер. Бев за да се купи, а бев против Хаверц. Хаверц беше желба на Лампард, прашање беше колку навистина беше потребен, само ме мрзеше да се расправам со сите поединечно. Ама барем Менди, Силва и Чилвел многу добро се приспособија на играта.

Претпоставувам дека тоа има врска со тоа колку високо ти се поставени критериумите. Доколку го игра ова Вернер во целосно функционален тим и во континуитет кај тренер неколку сезони, тогаш би се согласил со тебе.

Вака, не се согласувам, но не значи дека сум претерано задоволен и дека не може подобро. Далеку може, а и мора да игра подобро.

Ги заборави Кежман и Креспо претходно. Има нешто со Челзи и напаѓачите, некои подземни води. Можеби и до тоа што Челзи во последните две децении ,,не играл никогаш за шпиц". Е сега, доаѓа еден Шевченко, научен да се игра и за него и да трпа по 30 гола во сезона...проблем.
 
Претпоставувам дека тоа има врска со тоа колку високо ти се поставени критериумите. Доколку го игра ова Вернер во целосно функционален тим и во континуитет кај тренер неколку сезони, тогаш би се согласил со тебе.

Вака, не се согласувам, но не значи дека сум претерано задоволен и дека не може подобро. Далеку може, а и мора да игра подобро.

Ги заборави Кежман и Креспо претходно. Има нешто со Челзи и напаѓачите, некои подземни води. Можеби и до тоа што Челзи во последните две децении ,,не играл никогаш за шпиц". Е сега, доаѓа еден Шевченко, научен да се игра и за него и да трпа по 30 гола во сезона...проблем.
Очекувам по 20 гола во една сезона, што не е тешка задача. Еден Зума има 5-6, а игра во одбрана и не игра ни приближно колку Вернер.

Другиот проблем се промашувањата. Мората беше шампион во промашување на чисти шанси, а сега и Вернер некако го следи. Тоа не го оправдуваат ни промената на средина, лига и тренер.

Клубот може да најде играчи кои играат релативно долго на секоја позиција, сем на позицијата напаѓач! Искрено сметам дека Халанд, кој ќе биде идната најголема ѕвезда, во Челси ќе си ја заебе кариерата. Згора на сѐ и е прегусто во нападот.

Мислам дека Тами, ако стави некое кило на себе, може да се носи со товарот да биде првиот шпиц на Челси. Во Вила газеше, но и во Челси не започна лошо.
 
Добар натпревар, тактички перфектно спремен од Тухел и добро имплементирано од играчите на терен.

Секоја чест како играат пресинг колективно и тоа против една средина на Реал М и Манчестер Сити.
Ни фали реализација, ама тоа е млади и неискусни фудбалери.
Во реваншот имаме позитивен резултат, Реал е тој што треба прв да потегне нога па ќе видиме, битно се виде дека можеме да се носиме против високо технички и уигран тим.
Ќе биде интересно.
 

Kajgana Shop

Back
На врв Bottom