Фан Клуб: Челзи

  • Креатор на темата Креатор на темата Вори
  • Време на започнување Време на започнување
Во фанклубов постои еден интересен феномен, за набљудување од стручни лица. Се избацуваат ликови со ,,ви реков јас тогаш и тогаш", а ниту тогаш, ниту сега со тоа некако поентираат. Онака баш ништо не кажале.

Да, Лампард беше очаен во мен-менаџмент. Да, Лампард ги играше играчите на погрешни позиции. Да, Тухел не го прави тоа.
Не, никој нема кажано дека Челзи со овој состав нема шанси за ЛШ. Најмалку јас, бидејќи на мене се однесува.
Да, играчите од Челзи не размислуваат, играат често на инстинкт и напамет. И под палка на Лампард и сега со Тухел. Да, не беше виновен исклучиво Лампард за ситуацијата, ама Лампард во најголема мера на плеќи го износе тоа.

И што побогу ,,ти нешто си кажувал" тогаш, а сега поинаку се зборува во фанклубов, еве умирам да знам.

,,Шефилд, Тотенхем, Њукасл, Барнли, сите ужасни и во лоша форма", кога победува Челзи и Тухел.
Саутемптон, кога Челзи и Тухел не победија на ,,Сент Мерис", најдобриот тим во Премиер Лигата. Пад на првиот посериозен тест.
Малку усул бе.
Автоматски споено мислење:

Атлетико ич не е стабилна екипа моментално.
Пред еден месец бев убедена во пролаз на Атлетико, како одминува времето скептик сум.
Паднати се од форма, Чоло поради повреди и заразени од ковид беше принуден да менува формација со 3 позади што се покажа како колатерална штета, примаме голови како од шала, нема натпревар со празна мрежа.
Е сега напред се поефикасни ама во дуел каде головите во гости се бројат дупло лошо.

Плус имаа презгуснат распоред, башка поради глупите протоколи на Шпанија ќе мора да го играат натпреварот надвор од државата шо е плус за Челзи знаејќи дека на Метрополитано се непоразени оваа сезона Атлетико.
Нејсе интересен меч ќе биди, не е тој Атлетико стариот да се повлечат и да се бранат 90 минути, би требало да гледаме добар натпревар, нека победи подобриот:love:


Челзи после Атлетико игра со Манчестер Јунајтед, па со Ливерпул, пред реваншот. Потоа Лидс на гости. На тема згуснат распоред.
 
Во фанклубов постои еден интересен феномен, за набљудување од стручни лица. Се избацуваат ликови со ,,ви реков јас тогаш и тогаш", а ниту тогаш, ниту сега со тоа некако поентираат. Онака баш ништо не кажале.

Да, Лампард беше очаен во мен-менаџмент. Да, Лампард ги играше играчите на погрешни позиции. Да, Тухел не го прави тоа.
Не, никој нема кажано дека Челзи со овој состав нема шанси за ЛШ. Најмалку јас, бидејќи на мене се однесува.
Да, играчите од Челзи не размислуваат, играат често на инстинкт и напамет. И под палка на Лампард и сега со Тухел. Да, не беше виновен исклучиво Лампард за ситуацијата, ама Лампард во најголема мера на плеќи го износе тоа.

И што побогу ,,ти нешто си кажувал" тогаш, а сега поинаку се зборува во фанклубов, еве умирам да знам.

,,Шефилд, Тотенхем, Њукасл, Барнли, сите ужасни и во лоша форма", кога победува Челзи и Тухел.
Саутемптон, кога Челзи и Тухел не победија на ,,Сент Мерис", најдобриот тим во Премиер Лигата. Пад на првиот посериозен тест.
Малку усул бе.
Автоматски споено мислење:




Челзи после Атлетико игра со Манчестер Јунајтед, па со Ливерпул, пред реваншот. Потоа Лидс на гости. На тема згуснат распоред.
Да ама притисокот врз Челзи не е ист, Атлетико на титула атакува, еве веќе почна разликата да се топи.
 
Далеку од тоа дека јас сум стручен, ама како фан на Челзи што го прати години наназад коментирам и знам дека моментално Челзи е пун
со просеци, да не ги набројувам.
Барем 3-4 од тие што требаше да си одат играат во прв тим сега со Тухел и најверојатно ќе ги гледаме и догодина наместо да беа продадени на лето.
Зоки кажа дека не сме зрели за топ 4, ти самиот кажа дека Челзи има фудбалери со ниска интелегенција.
Јас се слажам со тоа, не е виновен Тухел ама не е ниту Лампард ниту Сари едноставно такви се фудбалерите.
Лампард го подмлади тимот, внесе 5 нови играчи од Б погонот, еве кажи ми друг менаџер во Челзи кој има барем 2-јца немора повеќе имплементирано во составот.
Зошто не му се даде шанса на Мекехрен например како што му се даде на Маунт? Не дека овој беше нешто поталентиран или Бертран например?

Јас не знам некој фудбалер што е лошо менаџиран од Лампард или му се нема дадено шанса, барем вака површински што се прикажува на тв. Сосема е оправдано што Алонзо не беше во составот, затоа што ако не е спремен да трпи критика која е заслужена и не е професионалец нема потреба да се смета на негови услуги.
Ајде објасни ми според тебе кој е лошо менаџиран играч од страна на Лампард?


Мој мислење, теза како сакаш наречи ја е дека Лампард не беше крив за оваа ситуација во Челзи туку самите фудбалери поради тоа што толку им беше капацитетот еве ти го тоа и со Тухел. Јас ниеден фудбалер во овие месец дена не гледам дека е подобар, освен Ковачич за кој стојам дека е добар фудбалер ама последниве 2-3 месеци играше лошо. Одои е добар кога игра крилен бек, ама пак он ти е играч што има повремени блесоци ама ајде ќе го ставам во играчи со напредок, ма да треба уште многу он да се докажува за да биде првотимец.
Други нема, тоа и говори дека последниве 2 победи ни се пирови победи, победи без никаква игра.

Тоа со Њукасл и Барнли е одговор на тоа што кога јас напишав дека сме 14 утакмици без пораз, членови тука велеа дека тоа се тимови кои се слаби во лоша форма итн, дека не сме имале посериозен тест. Еве ја истава ситуација ама во обратна улога.
Со тоа што еве прочитај ми ја последнава реченица.

Друго многу многу битен детал во целава работа е тоа што и на Лампард и на Тухел (податок за кој не сум сигурен може слободно да ме демантира некој ако не е точен )му се понудени 18 месеци договор.
Говори за тоа колку уствари бордот дава одврзани раце и верува во самите тренери.
Што според мене не е доволно да се скоцка тим за титула во оваа сегашност, мислам на конкуренција туку 3 сезони, со тоа што плод на целава работа треба да падне во 3 сезона.
 
Со Јунајтед и Ливерпул ќе бидат ептен битни мечеви.

За жал или за среќа тимот е дојден веќе некое време во ситуација кога мора да очекува резултати од други екипи, така да објективно мора да збориме за Ливерпул.

За Челзи да се пласира во топ 4 реков дека ќе треба да чекаме лоши резултати на пар екипи + ние да немаме ептен партии како денеска (што сепак се знаеше дека ќе имаме)

Добро е за нас што Ливерпул е во очајна форма, и од екипа пред нас, дојдоа до тоа да се борат за топ 4 заедно со нас.
Освен Ливерпул, ќе треба уште пар екипи да заостанат, ама добро е тоа што доаѓаме во ситуација каде работите зависат од нас.
Победа против Јунајтед и Ливерпул и на прав пат сме, дури и со израчунати киксови до крај на сезона.
Ептен, ептен битни мечеви ќе бидат тоа, како финале за нас ќе се.

И ете, пред сезона некој да ни кажеше дека ќе имаме три поени повеќе од Ливерпул после 25 кола ќе побаравме статуа на Лампард да му се изгради :D
 
Следи ЛШ. Веќе сум заборавил како беше да стигнеш подалеку од последни 16.

Бар интересно е што не знаеме што може да очекуваме. Челзи моментално не е ништо посебно, а и Атлетико не е ништо посебно последниве недели и е далеку од тоа што беше во првиот дел од сезоната.

Силва за мене е клучниот играч, но не се знае дали ќе игра. Се надевам дека веќе е спремен ама го чуваат намерно за Атлетико. Во напад се надевав дека до сега веќе ќе имавме некоја конкретна игра и ќе функционираат како тим, ама ништо од тоа.

Лошото е што немаме Хазард. Нема играч за кој знаеш дека дури и да не играат најдобро може во секој момент да извади нешто од ракав и сам да го добие натпреварот.

Очекувам тврд натпревар без многу шанси. Само да не се посрамотат и уште во првипт натпревар да се изгубат. Се што сакам е на СБ да се оди со реални шанси за победа.
 
Mozebi celzi vo ovaj moment treba da igra na kontri po zatvoren fudbal oti nekako na posed ne ni odi bas najdobro samo ja vrtime topkata nemam kreativen vezen red jorginho i kovacic ne se za celzi
 
Ова го прават сите во последниве две сезони и тоа без исклучок. Преку ситуацијата со Маунт само да се долови поента.

Немам видено екипа што олку лошо носи одлуки. Хадсон-Одои откако влезе имаше еден куп, затоа и Тухел го извади. Алиби додавања, напамет, ,,ај ќе нафрлам јас со главата долу, па некој може ќе се најде, ќе налета на топката".

 
Силва ќе игра ? Нападот кај Атлетико е таман,во одбрана се многу лоши ( не верував дека ова ќе го кажам некогаш :) )
Атлетико е попара во одбрана ама не верувам Чоло да се залета во ЛШ така, ќе се оди порезервирано.
Хименез е под знак прашалник, ако не игра тој лошо е во одбрана.
Немаат десен бек и цело време се импровизира со 3 играчи позади шо се покажа како колатерална штета.
 
Силва ќе игра ? Нападот кај Атлетико е таман,во одбрана се многу лоши ( не верував дека ова ќе го кажам некогаш :) )
Атлетико е попара во одбрана ама не верувам Чоло да се залета во ЛШ така, ќе се оди порезервирано.
Хименез е под знак прашалник, ако не игра тој лошо е во одбрана.
Немаат десен бек и цело време се импровизира со 3 играчи позади шо се покажа како колатерална штета.

Веројатно. Мислам дека беше фит и за Саутемптон, ама го чуваше свесно Тухел за Атлетико.
Нема гајле, ионака нападот на Челзи не е којзнае колку ефикасен.
 
Ништо од Силва. Тренирал денес сам, ама нема да патува. Каи и Пулишич се со тимот.

1614003449134.png
 
Последно уредено:
Се знае од прилика со каков состав Тухел ќе излези ?
 
Најверојатно со тој што играше поголемиот дел во пл, само може да има измени меѓу Жоржињо и Канте.
Би сакал и Жиру да стартува знае он вака да закачи некој гол со глава или да се најде во гол шанса онака на сила, да искористи меѓупростор помеѓу дефанзивци а и има искуство во вакви натпревари.

Очекувања искрено немам, ќе уживам во фудбал па што биде нека биде, само сакам да дадеме машка борба онака како доликува за ваков меч. Пак ќе кажам многу ќе зависи од тоа дали ќе грешиме позади и како ќе се справиме со Суарез.
 


Интервју на Рио со Тухел. Како и да ја вртиш, оваа генерација германски тренери, плус-минус Клоп, што биле во некаква врска со Ралф Рагник, поседува нешто во себе. Зна знање.
Многу му се радувам на летниот трансфер рок и следната сезона.
И на оваа, добро. Откако ќе ја одучиме Стефи од фудбал.
 
Последно уредено:
Колку гола разлика ќе победиме вечер?
0-3 би бил солиден резултат :)
Очекувам победа, само да не биде некое глупо(ултра-досадно) реми.
 
Многу му се радувам на летниот трансфер рок и следната сезона.
Зошто? :icon_mrgr:

Се најавува еве пак трошење, ама знаеме дека нема да биде тоа според тренерот, туку што си го замислила управата. Купените играчи ќе мора да се играат, дури и да испаднат тешки превари, а Тухел секако може нема ни да го дочека ни крајот на сезоната. Баш вчера си помислив, ако не заврши во топ 4, а Нагелсман е достапен на лето, воопшто не би ме изненадило да го сменат.

(и јас потајно од време на време се залетувам, ама мора вака да си зборам за да држам ги држам нозете на земја :icon_mrgr:)

Колку гола разлика ќе победиме вечер?
0-3 би бил солиден резултат :)
Очекувам победа, само да не биде некое глупо(ултра-досадно) реми.
Најверојатен резултат е 0-0. А и не знам од кај толку оптимизам за победа, посебно после последниов перформанс :D
 

Kajgana Shop

Back
На врв Bottom