Фан Клуб: Челзи

  • Креатор на темата Креатор на темата Вори
  • Време на започнување Време на започнување
Мене не ми е јасно зошто цела сезона се однесуваат како да им е забрането да пуштаат долги топки над одбрана. Многу пати кога топката е кај некој во средина, Тимо или било кој друг во напад ќе крене рака и ќе почне да трча зад одбрана, ама топка никогаш не добиваат. Секогаш завршува на страна кај бекот или назад во одбрана. Треба секој натпревар бар по 5-6 такви топки да добива Вернер.


Во летен трансфер рок, не барам ништо. Еве, баш ништо. Само еден крстен стопер. Еден.
1612736982507.png

:unsure:
 
Последно уредено:
Пирова победа.

Пеколно темпо, нема одмор туку натпревар на 3 дена.
Башка ете Шефилд е колку толку во форма за разлика од Бурнли, Тотенхем и Вулфси.

Приметувам дека најдобро им легна формацијава и играва на оние кои веќе играа со Конте и Сари, на другиве потешко.
Вака ми наликува нешто како Сари што играше со Челзи, кратки пасови и многу додавања. Идеално за Жоржињо и Ковачич.
Имав впечаток дека и Сари има играно со 3 штопера ама грешка сум бил.

По мене нема некој напредок, мотивациски сме подобри ама тоа е кога доаѓа нов менаџер и има одредена желба за докажување кај фудбалерите. Стојам на тоа дека капацитетот на овој тим е толку, значи и денес имавме шанси каде што можевме да постигнеме гол и да го затвориме натпреварот ама наместо да се шутне или да се пушти пас во средина, играчите одлучуваат да проиграт во ширина.



Халанд ми изгледа како гол играч, незнам колку би се снашол во Англија, ама на Челзи му треба таков тип на играч.
Вернер е тоа што беше денес, да трча наоколу ама дека е тип на гол играч не е, сум имал тотално погрешен впечаток.
Формацијава му е идеална, ниту е крило ниту е класичен напаѓач туку полушпиц со обавезно уште еден напаѓач до него.

Околу киксот на Рудигер, мене ми е нормално за него, се работи за крајно трапав штопер, само не ми е јасно како он има догурано до Германска репрезентација. Киксов си оди на душа на тие што одлучија да го остават него а да се даде Ампаду и Томори на позајмица.
Стои дека и Менди е слаб во комуникација ама фудбалско правило е дека никогаш не гледаш во земја кога додаваш поготово не наназад.
 
Од доаѓањево на Тухел највеќе срце ми грее односот негов со Хадсон-Одои.

Првпат во три години да го видам Одои насмеан. Па во интервју пред некој ден зборуваше во суперлативи за Тухел, па вчера после мечот некои прегратки, некои татко-син трзања по глава. Баш фино.
 
Мејсон Маунт и Тимо Вернер стануваат јадрото на оваа екипа. Се надевам дека Одои и Џејмс ќе се приклучат, засега се на добар пат. Тоа што може да сум грешка од првичниот впечаток е тоа дека Вернер може да биде главен напаѓач во екипата, може да треба некој класичен шпиц играч.
Го споменувате Халанд, јас не би се согласил за него. Едно што составот е преполн со многу млади играчи како него и недостасува искуство и лидерство, друго од Борусија Дортмунд не би купувал ништо после Пулишич (нешто е труло во тренинзите таму, како да премногу ги форсираат премлади и потоа играчите влечат хронични повреди). Ако РА е решен за составување топ екипа, да сум на негово место би работел на Хари Кејн или Роберт Левандовски. Убеден сум дека и лондонските кокошки и баварските колбаси имаат цена, овие вториве со радост би ги спржил после гомната кои ги испосраа за Хадсон-Одои, фашисти латентни.

Во оваа прилика да ги споменам Зијеш и Пулишич.
Првиот несомнено има голем талент со топката во нозете но ништо повеќе од тоа за да биде првотимец на сериозна екипа. Од старт бев скептичен дека може да биде стандарден првотимец, сега сум убеден дека нема физички капацитет за такво нешто. Може да биде корисен squad player ако му одговара таквата улога.
Вториот нека продава дресови во УСА и кога е здрав, коректно да покрие за сите претходно споменати да можат да одморат малку.

Чилвел би го спомнал, за дечкото мислев дека е ок лев бек за денешницава. Далеку поназад од Ешли Кол, но и далеку понапред од Емерсон и слични. Мислам дека има само лош период, дури и како LWB очекувам да се избори пред Алонсо само ќе му треба малку време. Вчера имаше среќа со офсајдот кога фаулираше за пенал, нема никаква потреба од LWB да се бори на таа позиција на теренот.

Во централната дефанзива ќе има проблем, проблем е повредата на Тијаго пошто останува само Аспиликуета како стабилна глава. Се надевам дека Зума има само пад на форма и кондиција и за брзо ќе се врати, и тој е лејка на ветрот ама барем има цврстина за разлика од другите две лејки Кристенсен и Рудигер. Иако Кристенсен мора да се пофали дека игра ок кога е централен од тројца стопери.

Го заборавив Менди. Ако не бил доволно гласен да го предупреди Рудигер да му ја загради топката при примениот гол, и тој сноси дел од вината. Треба да му е јасно досега со какви вртимушки пред него си има работа, мора да е гласен и јасен. Верувам дека Чех знае да му објасни како, треба само да примени.
 
Последно уредено:
Тухел најави промени за утре за да добијат минутажа играчи кои не играа баш до сега. Потврди дека ќе стартува Канте. За Хаверц не го прашаа, ама го немаше на слики од тренинзи па претпоставувам уште е повреден.

Кепа
Џејмс - Кристенсен - Зума
Пулишич - Канте - Гилмур - Емерсон
Зијех - Вернер
Абрахам
Можеби нешто вака :unsure:
Вернер ако сака да го одмори може Одои да игра, ама добра шанса би била за да постигне гол.
 
Вернер во прв тим на вакви натпревари е контраефективно. Обратна психологија и дополнителен товар врз грб.
Излезе поради dead leg со Шефилд, треба да одмори за Њукасл. Нека се р'ва Абрахам со Барнсли.
 
Ако победиме утре онда имаме интересни потенцијални противници во 1/4 финале.

Јунајтед, Сити, Шефилд Јунајтед, Лестер, Евертон и Вулфс/Саутемптон

Сите ќе ги бараат Шефилд, фала богу, ама лично мислам дека со сите имаме подеднакви шанси освен со Сити.
Нема да биде лесно за било која екипа, останaти се стварно ок екипи (освен ако Челзи не изгуби утре), ќе биде интересен купов за гледање

Вака ако треба да погодувам на прва....нас ќе ни се паднат Јунајтед, а Сити со Шефилд..стандард :D
 
Тухел најави промени за утре за да добијат минутажа играчи кои не играа баш до сега. Потврди дека ќе стартува Канте. За Хаверц не го прашаа, ама го немаше на слики од тренинзи па претпоставувам уште е повреден.

Кепа
Џејмс - Кристенсен - Зума
Пулишич - Канте - Гилмур - Емерсон
Зијех - Вернер
Абрахам
Можеби нешто вака :unsure:
Вернер ако сака да го одмори може Одои да игра, ама добра шанса би била за да постигне гол.
И мене ми оди на нешто вакво, со таа разлика што мислам Алонсо би играл наместо Емерсон, и можеби Одои или некој како Жиру наместо Вернер

Иако би преферирал со некоја понормална формација
 
vecer so koj sostav idete?

Со прв не секако, ама коректен ќе биде. Абрахам, Канте, Зијеш, стартери, Емерсон или Чилвел на лев бек, Кепа на гол, веројатно и Хадсон-Одои.

Знам дека ти е за коцка, 1/8 финале е, нема калкулации.
 
vecer so koj sostav idete?
Што планираш да играш? :D
За 1.40 во супер тип мислам дека лежи богами
Ако нешто бркаш комбинации 2 и 3+ и шо знам...
Како сакаш.

Ти кажа РАТМ, со комбиниран состав, Зијеш и Канте речиси 100% ќе играат, ваљда Абрахам ќе стартува исто така.
Тоа е тимот, освен Гилмур не верувам некој ептен рандом лик да игра
 
Што планираш да играш? :D
За 1.40 во супер тип мислам дека лежи богами
Ако нешто бркаш комбинации 2 и 3+ и шо знам...
Како сакаш.

Ти кажа РАТМ, со комбиниран состав, Зијеш и Канте речиси 100% ќе играат, ваљда Абрахам ќе стартува исто така.
Тоа е тимот, освен Гилмур не верувам некој ептен рандом лик да игра
Obicna 2ka, bez golovi samo cista
 

Kajgana Shop

Back
На врв Bottom