Фан Клуб: Челзи

  • Креатор на темата Креатор на темата Вори
  • Време на започнување Време на започнување
Atalanta ja aktiviraa klauzata za kupuvanje na Pasalic - 15 milioni evra. Verojatno ima pogolema vrednost na pazarot, no pretpostavuvam i dvata kluba se zadovolni od ishodot.
 
Чик и Алонсо слабо. Не знам дали приметивте во прво, сите топки што ги прими Алонсо беа доста тешки и високи, на раб на аут. Од друга страна ужасен пласман на корисни топки. Треба да се насочат кон засилување на одбраната, таму е тенко. Вила имаше 3 слободни играчи при голот на 5 метри од голот! Рудигер беше ужасен назад, неколку грешки кои можеа да чинат победа.

Ковачич, Канте и Пулисич беа одлични. Канте мора да остане, ќе остане дупка во средината која не може да ја покрие никој од овие играчи кои можат да играат на таа позиција...во случај да го продадат. Покрива голем дел од теренот и дава доста корисни топки кога игра во напад. Ако мора да се продава, нека се продава вишокот, како Мозес, Бакајоко, Мичи, Дринквотер, па дури и Зума/Кристенсен.
 
20200623_121036.jpg

Денес ќе се знае и дали Педро и Вилиан ќе останат до крај на сезоната.
Што и да се случи, на Педро му посакувам се најдобро во кариерата и животот. Огромен професионалец, никогаш збор нема кажано за ништо, дури и кога бил на клупа заслужено или незаслужено. Секогаш давал 100 проценти и во милион наврати бил ,,клач" играч и ни донел важни победи и трофеи.

Педро, ако читаш батуле, ти се извинувам што понекогаш знаев да те ставам во ист кош со Вилиан, ти апсолутно не си го заслужил тоа.
Ти, цар. Јас, говно.
 
Еден куп имаме за продавање само дали некој ќе сака да ги купи :)
Тоа по позајмици да се продаде па ќе излезат 100 мил.
Башка од првиот тим во средината треба нешто да се продаде ако го доведеме Каи.
Баркли и Жоржињо 50 мил, Мичи 20, Алонзо и Емердон 30 мил.
Лево Чивел би ги играл 80% од натпреварите со тоа што уште еден лев бек би било луксуз, Аспи би требало само како бек ап за недај боже.
Канте е убедливо најдобар како дм плус многу многу подобар од Жоржињо дефанзивно. Маунт, Лофтус, Ковачич и Гилмур се доволни како централни мидфилдери.
Амц мислам дека најдобро би одиграл Маунт, ама ако дојде Каи би ротирале.
Крила веќе пазаривме ете го и Пулишиќ се наметнува, Одои за ротација.

Во Вилиан има уште фудбал, ама подобро би било да менува средина надвор од Англија.
Педро гуд лак :)

Sent from my Redmi Note 5 using Tapatalk
 
Зошто побогу би го продале Жоргињо? Покрај Ковачиќ, нашиот најдобар поединец сезонава. Освен ако самиот не побара да ја смени средината. Од Баркли 50 милиони тешко дека би извадиле, а тешко и дека ќе сакаме да го платиме Чилвел.

Сто милиони од Баркли, Емерсон(јас сум за негово останување на сметка на Алонсо), Бачуаји, Дринквотер, Бакајоко, Алонсо(можно е и двајцата со Емерсон да заминат) и Зума/Кристенсен, има шанса да инкасираме. Плус се ослободува простор од Педро и Вилиан.

А Педро изгледа ќе останува до крај на сезона. Уште еднаш, тој цар, јас говно.
 
Последно уредено:
И покрај тоа што пред неколку денови изгледаше ко да нема да продолжат двајцата, сепак остануваат до крај на сезона. И покрај тоа, се надевам дека нема да треба Лампард да се потпира на нив како први опции туку само ако затребаат.

 
Со оглед на тоа дека Јуве го купи Артур, мислам и дека нема кај да оди. Челси ке биде интересен за гледање наредна сезона, онака, може да блеснат јако. Многу играчи сезонава што прават транзиција кон одлични играчи, неколку надвор од форма, и неколку нови засилувања. Ако се кликне како треба, ке биде многу интересно.
 
Мислев вкупно 50 мил од Баркли и Жоржињо и вкупно 30 мил од Алонсо и Емерсон.
Жоржињо е добар играч ама по мене е спор за премиер лига, поготово за овој фудбал на Френк.
Кога има топка во нозе каде што треба сам да повлече е многу спор, дефанзивно исто.
А игра дм.
Канте е многу подобар од него на таа позиција.
Вториот во средина е Ковачич.
Играч кој може да повлече сам, да изнесе топка од свој 16 наесетник.
Плус по потреба може да покрива и дм позиција
Замена Лофтус.
Се поголема минутажа мора да добива и Гилмур.
Значи 2 позиции вкупно 4 играчи.
Да не го заборавиме и Маунт, кој ако дојде Каи ќе мора да игра нешто поназад.

Значи вкупно имаме 6 играчи во средина, мора некој да си оди.


Sent from my Redmi Note 5 using Tapatalk
 
Жоргињо со тимот што сега го склопува Френки според мене е совршен за таа позиција deep lying playmaker, не може да најдете подобар достапен на маркетов со сигурност.
Многу потценет играч и мислам дека доколку не се изглупираат и го продадат може ептен да придонесе за Челзи да се доближи кон врвот, има супер контрола на игра, одличен пасер, диктира темпо, веќе влегува во третата сезона во ПЛ, не би рекол дека е паметно да се продаде.
 
Јас порано, за да проценам нечие фудбалско знаење, прашував какво мислење има некој за Вилиан. Доколку беше позитивен одговорот, јасно ми беше колку е часот.

Е сега, истото го правам со Жоргињо. Човекот лани дојде од сосема друга лига и за волја на вистината на почетокот малку не беше сигурен, особено дефанзивно. Подоцна почна да го игра фудбалот од Наполи, а продолжи оваа сезона, каде што заедно со Ковачиќ од самиот старт газеа.
Точно е, имаше и период некаде на зима кога беше згуснат распоредот и играше малку послабо, но константното играње и суспензиите со картони влијаеа во добра мера врз неговите изданија.

Освен Баркли, ништо не би чепкал во среден ред. Простор ако има би довел некој опасен копач и толку.
 
Канте,Лофтус,Жорж,Кова,Гилмор,Маунт
Ова се тие играчи за средина и за ротација ако се повреди некој и доволно се.

Sent from my SM-A705FN using Tapatalk
 
По варијанта ако се донесе Каи Хавертц најверојатно ќе се игра 4-2-3-1.
Тие две позиции дм и мц се две, на тие позиции имаме 6 играчи, премногу се.


Sent from my Redmi Note 5 using Tapatalk
 

Kajgana Shop

Back
На врв Bottom