Фан Клуб: Челзи

  • Креатор на темата Креатор на темата Вори
  • Време на започнување Време на започнување
Меѓудругото, уште една причина да не се надеваме премногу на него оваа и следната сезона. И причина плус за зајакнување на нападот дополнително.

Сепак, една убава вест и за него и за Челзи:


Обвинувањата за наводно силување се неточни и невистинити.
 
Последно уредено:
Од трансфер битка на Челзи и Баерн Минхен, дечкото е тргнат накај Челзи Резерви или Баерн Минхен II.
 
Никој не по пофали Рудигер потегот со глава на тренинг,срам да ви е :D

Одои не е повеќе истиот после повредата, тие неколку утакмици што гу одигра сезонава ама баш со ништо не ме убеди дека може да се рачуна на него, плус ете го пак влече некоја повреда.
Страв ми е да не биде истото и со Лофтус ми се чини дека тука некаде по број на месеци отсуствуваа...

Кога сме кај повреди има ли нешто за Пулишиќ ќе биде ли фит?
 
Одои не е повеќе истиот после повредата, тие неколку утакмици што гу одигра сезонава ама баш со ништо не ме убеди дека може да се рачуна на него, плус ете го пак влече некоја повреда.
Страв ми е да не биде истото и со Лофтус ми се чини дека тука некаде по број на месеци отсуствуваа...

Кога сме кај повреди има ли нешто за Пулишиќ ќе биде ли фит?
Не се неколку, има играно во 25 натпревари сезонава. Кога се врати зареди асистенции во три натпревари по ред. После почна со бледи изданија, ама самиот си призна дека уште игра со ментален блок од повредата, што е целосно разбирливо. И видливо беше дека почна да се опушта на последните неколку натпревари каде што почна да игра многу подобро. Но после имаше повторно проблем со повреда. Како и да е, нормално е тоа после таква сериозна повреда, а овие тренинг повреди со Џејмс што ги имаа се нормални повреди кои те тргаат од тренинг 2-3 дена. Еве од денес двајцата се вратени на целосен тренинг веќе. Посебно сега кога ќе играат секој трет ден, сигурно ќе ги има многу вакви. Може да почнеме да се грижиме за Одои ако и наредна сезона цело време се мачи со повреди.

Со Лофтус не е исто, неговата повреда беше посериозна. Одои се врати крај на септември, а Лофтус во март... Ништо чудно и он на почеток да не е истиот и да има страв од повторно повредување, како што реков тоа е скроз нормално кај вакви повреди. Ама јас се надевам дека тоа што поминаа веќе три месеци откако е веќе целосно фит, ќе му помогне. Кога го гледав со младите кога се враќаше изгледаше ептен добро. Кај него друг е проблемот, тоа што има хронични болки во грбот. Ептен се надевам дека ќе ги надмине и нема да му ја лимитираат веќе кариерата. Лани им покажа на сите каков играч може да биде.

Пулишич е фит, како и сите други.
 
Изгледа сме го тепале КПР 7:1, Рубен два гола. :love:

Еве и официјална потврда.
 
Лофтус и Били по два :vozbud:

Канте пак играл (y)
 
20200615_165220.jpg

Челзи влегува во трка за крилото на Брентфорд, Саид Бенрахма.
Млад, талентиран, далеку поевтин од други некои опции, дрибла како луд, таман.
Пред некок ден ,,Гардијан" имаа објавено дека Алжирецов е план Б, доколку не се реалзира трансферот на Хаверц.

Останатите пари ќе се вложат за лев бек и стопер, а ако остане нешто фазла, се надевам и на играч од средина (орач некој).
 
Последно уредено:


Би било интересно против Баерн да може да играат Зијех и Вернер. Бар малце шанса за некој резултат :D
 
Излегоа вести дека Педро нема да го продолжи договорот за до крај на сезонава, затоа што се има веќе договорено со Рома. За Вилиан уште не се знае. Зезната ситуација за двете страни во секој случај, и не треба никаква кривица да се бара кај било кој, сосема сфатливо е. Од страната на играчот, ова е последен асален договор во кариера кој ќе го добие и не сака да си ја ризикува кариерата. А и од страна на клубот и тренерот па, дали сакаш да играш некој за кој реалноста е дека свесно или несвесно на некој начин ќе се чува и можеби не би давал се од себе.

Е сега малце зезнато ќе биде што може да останеме само со Пулишич и Одои на крило, ама можат и Маунт и Лофтус да покријат доколку има потреба.


Освен ако излезе некоја повреда деновиве, сите играчи се достапни за во недела против Вила, освен Жоржињо кој има суспензија уште. Ќе биде интересно да се види каков ќе биде првиот тим. Ова беше тимот во последниот натпревар, против Евертон:

Кепа
Азпи - Зума - Рудигер - Алонсо
Баркли - Гилмур - Маунт
Вилиан - Жиру - Педро​
 
Дечконо од Брентфорд за ситниш, стопер и лев бек и да кажеме дека ова е едно од најдобрите трансфер лета на Челзи воопшто.
Ако случајно се најде простор и за еден средњак-разбијач, перфекција.
 

Kajgana Shop

Back
На врв Bottom