Настрана резултатот, го делам мислењето со Донев, ме радува тоа што играчите денес излегоа на терен и се однесуваа како да играат вообичаен натпревар од тековна сезона. Не се забележуваше воопшто некаков посериозен замор, акциите беа прилично течни и нормални, фудбалерите на задоволително ниво, небаре април месец сме.
Стариве, стандардно. Бога во првиот дел ми се чини дека беше премногу импреисиониран, во вториот дел играше навистина добро. Конте ќе задржи еден од Бејкер/Бога/Мусонда, можеби и двајца. Што поради home grown квота, што поради тоа потребата од играчи за ротација. Покрај тоа, младинциве има и што да покажат.
Мичи развали. Човеков секоја добиена шанса ја искористи максимално. Двата гола беа Дрогба esque. Не ми е јасно како некои извлекуваа заклучоци за него, дури и бараа да биде продаден/позајмен, додека човекот чмаеше на клупа. Во моментот кога доби минутажа, веднаш на површина излезе неговиот квалитет. Зборувам во регуларниот дел од сезоната, партијава денес е само надополнување на претходното.
Имено:
Се надевам дека нема да се изглупираат и да го заменат со Љорентовци. Патем, Мората и Мичи се сосема доволни за следна сезона. Со оглед на тоа дека играме во формација со еден шпиц и со оглед на тоа дека и Хазард и Педро можат по потреба да играат истурени во нападот, прашањето за шпиц треба да се затвори. Други позиции се поприоритетни.