Прочитана книга е тимот во премиер лига.
Нема никаква креативност, се си се сведува на индивидуални потези. Милион пати го напишав ова сезонава и ништо не се промени.
Нема течност, брзина, квалитетни проигрувања.
Зема Хазард тргнува како камиказа против цела одбрана, зема Вилиан истото, зема Коста исто.
За пофалба се замените што ги направија асистентите на Мурињо, внесоа динамика и живост во играта.
Можеше да дојдеме и до победа, ама нешто поради среќа нешто поради глупавоста на Реми, кој мораше тука да паѓа а не да ми глуми фер плеј играч.
Пред некој ден видиов податок дека сме на 20 место на табелата по број на примени голови од индивидуални грешки.
Пишав пред некој ден, тимот направи невероватен лузерски менталитет, мора секој натпревар да примиме нубовски гол.
Јас си навикнав, предлагам истото и за вас... нема потреба сезонава да губиме нерви, топ 4 нема шанса да избориме останатото е небитна ствар.
Се насочуваме кој лш и Фа купот, овие утакмици ми се без никакви амбиции.
Добивме квалитетен одговор за тоа што го хејтавме Мурињо што не го игра Баба во пл.
Членот што го спомна Фабрегас како еден од главните кривции, не ми е јасно од каде такво мислење бе пријателе...
Па од како влезе тој со Оскар во игра, тимот доби на креативност и динамика.
Хот Ајс Од Рамирес не можеш да очекуваш да ти држи средина како Алонсо или Пирло...
Нема чуство за фудбал, нему само да му дадеш копачки задачи и добар плеј покрај него.