Фан Клуб: Челзи

  • Креатор на темата Креатор на темата Вори
  • Време на започнување Време на започнување
Побаксузна сезона надополнета со тотална импотентност на главни играчи кои излегоа недокавани јајца на Мурињо немало и нема да име. Фијаско е мал збор за морониве.
Ако досега се бунев зошто Мурињо не го пушта Баба и се чудев кога вика дека не е за ПЛ адаптиран, сега сфаќам. Немој да го пушташ веќе, купови доста му се.
 
Реми да не го гледам во Челзи Јануари, понеписмен фудбалер нема !!!!
Единствена грешка на Реми беше тоа што го рипна голманот. Да продолжеше ќе имаше двојна корист - пенал и црвен. Иначе изгуби баланс, што не е ништо ненормално, мал простор е, прилично рипна за да го избегне голманот, а рачунај дека на гол линија имаше и двајца одбранбени играчи.
 
Искрено преку кур ми е од правдања, не било ненормално оти изгубил рамнотежа, која плата зимаат, колку саати поминуваат на тренинг и да правиш такви потези треба да си апсолутен морон.
После утакмица додека другиве се поздравуваат и смешкаат(Коста) еден човек ради кој ми е многу жал отиде да ги поздрави навивачите кои дошле од Лондон да гледаат срамови цел скиснат. Е зато не не бива. Умислени гомца бе, уф како би им влегол у соблекувална со безбол палица и special ability на Тревор од ГТА5.
 
Баба е најкрив да. Тоа што Хазард можеше да ја пресече таа топка, да не се однесуваше ноншалантно и што Тери испадна како мало дете, нема врска.

Да, одбраната е лоша. Но нивната игра највеќе се должи на тоа што Челзи НЕМА среден ред. Матиќ и Фабрегас очајни, Оскар, Микел и Рамирес не постојат како играчи. Поради тоа одбраната е постојано изложена на напади.
Стоук со три паса од центар постигна гол. Да имаше среден ред, немаше шанси да се случи такво нешто.
 
Лол, нормално дека не е најкрив Баба, но освен што лесно испадна од игра за голот, уште неколку пати лесно беше поминуван од Шаќири. А дека има криви, има. На Азар не му се лутам што не ја пресекол топката, му се лутам што многу трча залудно затоа што не е конкретен и не знам што му е, не сака да тргне напред.
 
Не, не. Не беше лесно поминуван. Мозокот му го испи, не памтам дуел да победи Баба, го оставаше лево со ненормален простор. Заради истово и Фелипе Луис не играше, премногу простор оставаше за игра на тој што го чува.
 
А кој вели дека не беше лесно поминуван? Читате воопшто?
Не е најголемиот виновник, дури ни за примениот гол.
 
Единствена грешка на Реми беше тоа што го рипна голманот. Да продолжеше ќе имаше двојна корист - пенал и црвен. Иначе изгуби баланс, што не е ништо ненормално, мал простор е, прилично рипна за да го избегне голманот, а рачунај дека на гол линија имаше и двајца одбранбени играчи.
сфаќам шо сакаш да кажиш, ама искусен напаѓач онде паѓа и чао пријатно, или веќе кога не можи на нога да застани или да падни за пенал нека ја врати топката назад ке ја закопа некој а тој од легната позиција шутира, нема врска не го кривам него за ситуацијата туку општо земено Реми е само просек играч кој би играл прва постава само во Евертон, Тотенхем и сл.
 
сфаќам шо сакаш да кажиш, ама искусен напаѓач онде паѓа и чао пријатно, или веќе кога не можи на нога да застани или да падни за пенал нека ја врати топката назад ке ја закопа некој а тој од легната позиција шутира, нема врска не го кривам него за ситуацијата туку општо земено Реми е само просек играч кој би играл прва постава само во Евертон, Тотенхем и сл.
Евертон и Тотенхем имаат напаѓачишта споредено со Реми. :)
 
Прочитана книга е тимот во премиер лига.
Нема никаква креативност, се си се сведува на индивидуални потези. Милион пати го напишав ова сезонава и ништо не се промени.
Нема течност, брзина, квалитетни проигрувања.
Зема Хазард тргнува како камиказа против цела одбрана, зема Вилиан истото, зема Коста исто.
За пофалба се замените што ги направија асистентите на Мурињо, внесоа динамика и живост во играта.
Можеше да дојдеме и до победа, ама нешто поради среќа нешто поради глупавоста на Реми, кој мораше тука да паѓа а не да ми глуми фер плеј играч.

Пред некој ден видиов податок дека сме на 20 место на табелата по број на примени голови од индивидуални грешки.
Пишав пред некој ден, тимот направи невероватен лузерски менталитет, мора секој натпревар да примиме нубовски гол.
Јас си навикнав, предлагам истото и за вас... нема потреба сезонава да губиме нерви, топ 4 нема шанса да избориме останатото е небитна ствар.

Се насочуваме кој лш и Фа купот, овие утакмици ми се без никакви амбиции.

Добивме квалитетен одговор за тоа што го хејтавме Мурињо што не го игра Баба во пл.
Членот што го спомна Фабрегас како еден од главните кривции, не ми е јасно од каде такво мислење бе пријателе...
Па од како влезе тој со Оскар во игра, тимот доби на креативност и динамика.

Хот Ајс Од Рамирес не можеш да очекуваш да ти држи средина како Алонсо или Пирло...
Нема чуство за фудбал, нему само да му дадеш копачки задачи и добар плеј покрај него.
 
Добро дечки ја си го повлекувам хејтот за Мурињо. Еве денска не беше на клупа и пак изгубивме ОЧИГЛЕДНО не е кривицата во него. Од сега навивам Мурињо да остане 5 години во тимов без никаков успех да завршиме негде 15ти. Ете Фергусон пред милион години лошо почна па стана легенда ОЧИГЛЕДНО е со Мурињо да имаме 5 ОЧАЈНИ години па после за 20 години ќе доминираме!

ФОРЦА МУРИЊО! #ЧелзиШампиони2036/2037
 
Ако ова е некаков обид за хумор, ноуп не ти успева. Глеам на Факе му се допаѓа твојот хумор, мада тоа не ме чуди. :D
 

Kajgana Shop

Back
На врв Bottom