Фан Клуб: Челзи

  • Креатор на темата Креатор на темата Вори
  • Време на започнување Време на започнување
Ми се свиѓа како изгледа Азар - Вилиан - Квадрадо. Посебно со Фабрегас и Коста кога ќе се вратат, е-бе-ње.
 
Да го пофалиме и Зума, многу сигурна игра. Како што кажа Донев претходно, имаме добра, солидна игра, но ни фали гол.
 
Најдоброто полувреме во последните два месеци. Високо темпо и пресинг. Штета што не го валоризиравме тоа со водство. Ме плаши тоа што играчите после вакви 45 минути се истрошија, па резултатот да не остане ист.

Ивановиќ, абе еден центаршут добар цела сезона нема. Или во играч, или сосема на другата страна од теренот.

Хазард, те молам, те молам биди себичен и не проигрувај по секоја цена. Завршувај ги сам акциите.
И јас секогаш го молам (поточно му се дерам на телевизорот/комјутерот) Азар за да завршува сам акција.
 
Remy го има истото елегантно движење на Анри, феноменално игра, уште да имаше завршница како него :rolleyes:
 
И Евертон одлично игра во одбрана...
Ај да видиме со Фабрегас.
 
Наместо да ги наполниме дома и да се покажеме кој е број 1 на табела тие гол не можат да дадат.
Џабе пресинг и брзо темпо цело прво,кога нема резултат.

Не сум задоволен.
 

Kajgana Shop

Back
На врв Bottom