Како што и напоменав некоја страна наназад дека најмногу страв ме фаќа со овие кои се борат за опстанок, така и испадна. Претходно овие екипи ги полневме, сега, друга приказна. Но ВБА најмалку треба да ги кривиме. Нашите ептен не заинтересирано пристапија на мечот. Почнувајќи од почетокот, па се до кај 70 минута, а после тоа гледавме доминација на ВБА. Жално но вистинито.
Луиз - со Чех главни кривци за голот. Сезонава на штоперската позција покажува под просечни партии. Во средина со Матич би биле можеби добитен тандем. Ме нервираат неговите дијагонали од едната на другата страна на теренот, без никаква прецизност, мислиш ја шутира топката колку да се оттараси од неа, а често му се дешава тоа на утакмица.
Вилиан - опадната му е формата во последно време, иако трча константно по цела утакмица, но без некаков ефект.
Матич - солидно, освен неколкуте глупи и непотребни фаули кои ги направи, пред нашиот 16ник.
Хазард - под просечно денес.
Оскар - Од кога си замина Мата, се плашам дека мисли дека е незаменлив позади напаѓачот, па не престануваат неговите просечни партии. Можеби ни треба директна замена/резерва за него, барем да почне да размислува дека не е единствен на таа позиција, и не се врти се околу него.
Кејхил - Можеби еден од малкуте денеска кои изиграа на по високо ниво. Одземаше топки, блокираше, пресекуваше. Прерасна во врвен штопер сезониве наназад.
Иванович - не знам кој се му префрли после тоа со линискиот, но вакви испади нај малку му требаат. После тоа му падна концентрацијата.
Рамирес - не знам зошто Мурињо упорно го форсира. Последните утакмици за никаде. Мора да се седне на клупа. Грешка до грешка на секоја утакмица.
Азпи - го спомнувам само ради тоа што би сакал некој ако може да најде гиф од тогаш кога се караше со судијата и некој од ВБА, ептен јаки и смешни движења правеше. Го неаме видено во вакво светло.
Голема среќа е што и Арсенал и Сити не се константни, па се надополнуваме некако на врвот, си ги мениме позициите од коло во коло. Арсенал губат бодови со екипите од врвот, Сити топло - ладно, ние со малите, и се наоѓаме сите таму каде што и сме.